Андоновски: Размена на искуства и нови можности за соработка со Чешка во областа на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста
2Андоновски: Размена на искуства и нови можности за соработка со Чешка во областа на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста
3Манасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока
ФудбалИзвлечена жрепката за Светското клупско првенство во фудбал, Трамп им посака добра забава Извлечена жрепката за Светското клупско првенство во фудбал, Трамп им посака добра забава во Мајами. Во Телемундо центарот во Мајами вечерва се одржа жрепката за групите на Светското клупско првенство на ФИФА, кое ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули 2025 година. Тоа ќе биде 21. издание на Светското клупско првенство, но прво со рекордни 32 клубови од шест конфедерации. „Каква емоција е да се биде овде. Фудбалот го обединува светот, ова е историски ден“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се приклучи на церемонијата на извлекувањето на групите со видеообраќање во кое порача дека неговиот пријател Џани ќе организира одличен турнир и изрази надеж дека и самиот ќе биде дел од него. „Фудбалот навистина ги презема САД. Ова е многу посебно време за фудбалот во САД, заедно со Светското првенство кое ќе го организираат САД, Канада и Мексико во 2026 година“, рече Трамп, посакувајќи им на сите добра забава во Мајами. Ждрепката ја предводеше легендата на италијанскиот фудбал Алесандро Дел Пјеро, а му помагаа Иванка Трамп, италијанската новинарка Дилета Леота, Глорија Естефан, Арсен Венгер, Јури Џоркаеф … Турнирот започнува на 15 јуни, а финалето е на 13 јули во Њу Џерси. Ќе се игра во 11 американски градови (Пасадена, Ист Радерфорд/Њу Џерси, Шарлот, Филаделфија, Нешвил, Синсинати, Вашингтон, Аталанта, Сиетл, Мајами, Орландо) и на вкупно 12 стадиони. Европа има 12 претставници, шест екипи доаѓаат од Јужна Америка, по четири од Азија, Африка и КОНКАКАФ, еден од Океанија, заедно со домаќинот (Интер Мајами). Рекордер е Реал Мадрид со пет титули, Барселона има три, а Баерн Минхен и Коринтијанс по два трофеи. Вкупно 12 клубови низ историјата ја освоија титулата клупски светски шампион, а бранител на титулата е Манчестер Сити. Состав на групите за Светското клупско првенство на ФИФА: ГРУПА А: Палмеирас (Бразил), Порто (Португалија), Ал Ахли (Египет), Интер Мајами (САД) ГРУПА Б: ПСЖ (Франција), Атлетико Мадрид (Шпанија), Ботафого (Бразил), Сиетл (САД) ГРУПА Ц: Баерн Минхен (Германија), Оукленд (Нов Зеланд), Бока Јуниорс (Аргентина), Бенфика (Португалија) ГРУПА Д: Фламенго (Бразил), Есперанса де Тунис (Тунис), Челзи (Англија), Клуб Леон (Аргентина) ГРУПА Е: Ривер Плата (Аргентина), Урава (Јапонија), Монтереј (Мексико), Интер (Италија) ГРУПА Ф: Флуминенсе (Бразил), Борусија Дортмунд (Германија), Улсан (Јужна Кореја), Мамелоди (Јужна Африка) ГРУПА Г: Манчестер Сити (Англија), Видад (Мароко), Ал Аин (ОАЕ), Јувентус (Италија) ГРУПА Х: Реал Мадрид (Шпанија), Ал Хилал (Саудиска Арабија), Пачука (Мексико), Салцбург (Австрија). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСкапото гориво ги принудува Американците да возат помалку и да ги променат своите навикиВозачите бараат начини да заштедат пари. Некои дури се откажуваат и од патувања.Растечките цени на горивата и зголемените трошоци за осигурување ги принудуваат возачите во САД да бараат начини да заштедат пари. Ново истражување на „LendingTree“ покажа дека 20% од Американците возат помалку денес отколку пред една година, а дури 64% од нив ги наведуваат повисоките цени на горивата како главна причина. Просечната цена на галон (3,785 литри) бензин во САД достигна 4,07 долари (околу 3,5 евра), што е за околу 30% повеќе отколку пред една година. Како резултат на тоа, многу возачи ги менуваат своите секојдневни навики. Анкетата покажува дека дури 81% од Американците го прилагодиле своето однесување поради трошоците за транспорт. Најчестите мерки вклучуваат комбинирање на повеќе обврски во едно патување (38%), намалување на вкупната километража (31%) и барање бензински пумпи каде што бензинот е поевтин пред полнење (28%). Некои возачи избегнуваат одредени патувања, додека други ги одложуваат купувањата автомобили или редовното одржување на возилата за да ги намалат трошоците. Од друга страна, 34% од испитаниците изјавиле дека денес возат повеќе отколку минатата година. Ова е предводено од членовите на генерацијата Z и родителите со мали деца. Кога станува збор за месечните трошоци за превоз, 10% од испитаниците трошат повеќе од 1.000 долари месечно, додека речиси една третина трошат помалку од 100 долари. Анкетата, исто така, покажа дека 29% од Американците делат возење со други патници барем еднаш неделно за да ги намалат трошоците. Извор: Б92 Фото: ВИТагови: гориво САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТорнадо направи пустош во Германија- има загинати и повредени (ВИДЕО)Силна бура проследена со торнадо погоди многу делови од Германија преку ноќ, оставајќи пустош зад себе. Бурата уби една жена, повреди неколку лица, сериозно оштети домови и уништи автомобили. Покраините Тирингија, Хесен и Баварија беа особено тешко погодени, додека во Бранденбург торнадо ги проби улиците на Фирстенвалде и предизвика голема материјална штета. Покривитеостанаа безѐ ќерамиди, бројни дрвја беа искорнати, а делови од згради беа расфрлани по улиците. Според локалните медиуми, тинејџер е повреден кога дрво паднало врз автомобилот што го управувал. 18-годишниот возач бил заробен во возилото и морале да го извлечат пожарникарите. Бурата била фатална и во Рајнска област-Пфалц, каде што една жена (58) била убиена од паднато дрво, додека нејзиниот сопатник (47) бил сериозно повреден. Во Хесен, бурата оштетила бројни куќи, некои толку лошо што сега се непогодни за живеење. Само во Вецлар, околу 60 куќи биле погодени, според пожарникарите. Делови од покриви летаа до 100 метри. Во Лаубах, паднато дрво удри во резервоарот за гас на станбена зграда. Поради истекување на гас, област во радиус од 200 метри мораше да биде евакуирана. Во Тирингија, пожарникарите интервенираа 20 пати поради последиците од бурата. Југот на покраината беше најтешко погоден. Die Videos sind nicht von mir und wurden vsl. in Hessen bei Oberndorf bei Siegbach aufgenommen.#unwetter #gewitter #tornado #hessen pic.twitter.com/gwZfLM7jYj — Jonas Sanoj (@JonasHe996) August 19, 2026 Хаос и во Баварија Во Баварија, бројни дрвја паднаа на патишта и автомобили, а паркирана приколка беше погодена. Никој не беше повреден. Панаѓур во баварскиот град Кронах мораше делумно да биде евакуиран. Околу 3.500 гости мораа да го напуштат отворениот простор доцна во среда навечер. За среќа, прославите можеа да продолжат во пивниците. За потсетување, метеоролозите предупредија дека бурите од суперќелии ѝ се закануваат на Европа и би можеле да предизвикаат општ хаос во следните два дена што би можел дури и да влијае на соседството! Се предвидуваат повеќе бранови интензивни бури од суперќелии и суперќелии од источна Шпанија преку Балеарските Острови, јужна Франција, Швајцарија, Австрија и северно-централна Италија, до Словенија и Хрватска. Можни се голем град, силни ветрови, обилни врнежи од дожд што би можеле да предизвикаат ненадејни поплави и торнада.Тагови: Германија Торнадо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Размена на искуства и нови можности за соработка со Чешка во областа на дигиталната трансформација и сајбер-безбедностаРазмената на искуства и добри практики, како и отворањето нови можности за соработка со Чешката Република во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста.Размената на искуства и добри практики, како и отворањето нови можности за соработка со Чешката Република во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста, беа во фокусот на семинарот „Дигитализација на јавната администрација – размена на искуства и добри практики со Чешката Република“, кој се одржа денеска во организација на Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го пречека Н.Е. г. Петр Мацинка, заменик-премиер и министер за надворешни работи на Чешката Република, по што двајцата министри со поздравни обраќања официјално го отворија семинарот. Посакувајќи им добредојде на министерот Мацинка и на чешката делегација, министерот Андоновски истакна дека дигитализацијата не е само технолошки процес, туку суштинска трансформација на начинот на кој функционира државата и на кој граѓаните ги остваруваат своите права и ги користат јавните услуги. „Она што сакаме да го постигнеме е државата да биде поедноставна и поблиска до граѓаните и компаниите, со услуги кои се достапни, брзи и лесни за користење. За нас, дигитализацијата има смисла само доколку носи реално подобрување во секојдневието – помалку административни чекори, помалку чекање и поголема сигурност и предвидливост за секој граѓанин и за секоја компанија“, нагласи Андоновски. Тој посочи дека Министерството работи на развој на дигиталните услуги, подобро поврзување на институциите, унапредување на интероперабилноста и создавање посигурна дигитална инфраструктура. Министерот Андоновски ја нагласи важноста на меѓународната соработка и размената на практични искуства, оценувајќи дека знаењето и конкретните решенија на Чешката Република можат значително да придонесат кон натамошниот развој на дигиталната трансформација во земјава. „Денешниот семинар го гледам како многу повеќе од презентација на две различни искуства. Го гледам како можност да започнеме нова, поконкретна и подлабока соработка меѓу Македонија и Чешката Република во областа на дигиталната трансформација“, истакна Андоновски. Посебен акцент беше ставен и на сајбер-безбедноста како неопходен дел од процесот на дигитализација. „Колку повеќе услуги и процеси се дигитализираат, толку поважно е граѓаните да имаат доверба дека нивните податоци се безбедни и дека системите на државата се отпорни. Затоа, дигитализацијата и сајбер-безбедноста мора да одат рака под рака“, порача министерот. Претставниците на чешката делегација ги презентираа искуствата и успешните практики на Чешката Република во дигитализацијата на јавната администрација. Во рамките на дискусијата беа разгледани можностите за понатамошна соработка, воспоставување партнерства и реализација на заеднички иницијативи и проекти, вклучително и во областа на сајбер-безбедноста. Министерот Андоновски изрази уверување дека семинарот ќе биде почеток на нови иницијативи, партнерства и конкретни проекти меѓу двете земји во областа на дигиталната трансформација. Кабинет на Министер Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook