Извештајот за Македонија во ЕП изгласан, но без „македонски јазик и идентитет“ - Канал 5

Извештајот за Македонија во ЕП изгласан, но без „македонски јазик и идентитет“

Европскиот парламент не даде зелено светло за македонскиот јазик и идентитет во извештајот за напредокот на Македонија на Томас Вајц. 

Извештајот за Македонија во ЕП изгласан, но без „македонски јазик и идентитет“

Трите клучни амандмани на трите најголеми политички сили поминаа во Стразбур. 453-ца, наспрема 120 против и 109-мина воздржани, кренаа рака да се избрише делот од нацрт верзијата со кој недвосмислено се признава македонскиот јазик и идентитет како составен дел од наследството и уставниот поредок на нацијата и уште на две места во текстот. Речиси сите амандмани на бугарскиот европратеник Валчев беа одбиени, а барањето за вметнување на понижувачката придавка „современ“ не се стави на дневен ред, со оглед дека референците за јазик и идентитет целостно изостанаа во текстот. На крајот, извештајот беше изгласан со 461 глас „за“, 121 против и 107 воздржани. Известувачот Томас Вајц со олеснување и насмевка го прими исходот од гласањето, но потоа преку писмена изјава оцени дека иако неуморно работел за избалансиран извештај, за жал некои бугарски европратеници го киднапирале извештајот за домашни цели. На прес-конференцијата упати поумерени пораки.

-За да се прифати јазик и идентитет на една земја кандидатка, тоа треба да биде природно и непроблематично. Амандманите дојдоа од четири политички групи и мислам дека тоа не беше грешка. Преку демократски постапка се одлучи овој извештај да не се занимаваме со тоа и ова е демократски донесена одлука. , изјави Томас Вајц, известувач за Македонија во ЕП.

На денешното гласање, синоќа во истата сала му претходеше жестока дебата, исполнета со емотивен набој и анти македонски ставови од една и проевропски и умерени тонови од друга страна. Половина од 20-те говорници беа бугарски и грчки пратеници, кои не штедеа зборови да го релативизират или целосно оспорат постоењето на македонската нација.

-Сакам да му се обратам на македонското општество. Мицкоски не ви ја кажува вистината. Вметнувањето на Бугарите во сите релевантни делови од Уставот почитување на Договорот со Бугарија од 2017 и преговарачката рамка нема да ја нарушат вашиот идентитет., изјави Ивајло Валчев, еврпратеник од Бугарија.

-Во Македонија и Бугарија живее еден народ, кој живее еден јазик, бугарски. , изјави Станислав Стојанов, европратеник од Бугарија.

-Стигнавме до точка каде честа на вистинските Македонци во Грција е бранета од Бугарите чија реакција е коректна бидејќи знаат дека моменталниот јазик во Скопје е бугарски дијалект, а нивната националност е бугарска. , изјави Афродити Латинопули - Патриоти за Европа (Грција).

Македонскиот глас сепак одекна во Стразбур, преку словенечката европратеничка од македонското потекло, Ирена Јовева, која директно им се обрати на бугарските колеги.

-За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас, за да го признаете тоа, ви треба чесност, интегритет и храброст. , изјави Ирена Јовева, европратеничка од Словенија

Апсурурдноста на бугарската блокада сликовито се обиде да ја објасни и хрватски европратеник, кој направи паралела со некогашниот спор меѓу Загреб и Љубљана и словенечкото вето.

-Еве, комесарката Кос е од Словенија, јас сум од Хрватска. Мислам дека можеме да одиме на некој безалкохален пијалок и добро да се насмееме на таа ситуација. Она што изгледаше непремостливо, прашањето за границата, по неколку години стана целосно бесмислено. Да нема забуни, прашањето не се реши. Можеби комесарката Кос мисли дека линијата е на една страна од заливот, а јас на другата. , изјави Гордан Босанац, европратеник од Хрватска.

-Ги осудувам обидите да се понижи македонската нација. Колеги, ако вие велите Македонија е грчка, Македонија е бугарска, тоа не е веродостојно, ниту за мене, ниту на многумина други. Сакам да ве предупредам на ерупцијата од национализам. , вели Бранислав Ондруш, европратеник од Словачка.

Свое обраќање имаше и Кос, која повтори дека уставните измени се клучни за Македонија и дека земјата има историска можност да направи решавачки чекор кон ЕУ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.

Борците во рингот,браќата Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилничкото однесување во елитен хотел во Абу даби. 

Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.

Грузискиот УФЦ-борец и шампион, Мераб Двалишвили, бил физички нападнат од браќата Нурмагомедов, Усман и Умар.

Тој тврди дека напаѓачите го изненадиле од зад грб додека тој и еден негов пријател извршувале медиумски обврски пред меч. Како што подоцна беше објавено, едно од лицата било осудено на шест месеци затвор поради тепачка во хотелско лоби во Абу Даби, во која учествувале непоразениот ПФЛ-шампион Усман Нурмагомедов и ММА-борецот Мераб Двалишвили.

Властите во Абу Даби потврдија дека казната за осумтемина обвинети е променета – тие нема да издржуваат затворска казна, туку ќе треба да платат парична казна од 150.000 дирхами, односно 41.000 долари.

Според информациите објавени во ММА медиумите и од извори блиски до случувањата, дошло до помирување меѓу грузиските и руските борци, бидејќи Мераб Двалишвили и неговиот пријател Саба Лазишвили не побарале кривично гонење на семејството Нурмагомедов.

Целиот случај се одрази врз спортските планови на Умар Нурмагомедов, кој требаше да се бори против живата легенда на УФЦ, Јураја Фејбер.

Неговиот настап беше откажан, а на негово место настапи Лазишвили. Браќата Нурмагомедов сега се на слобода, а останува да се види какви ќе бидат понатамошните последици од овој инцидент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење

500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари.

Уапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење

500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари за издавање на потребното мислење. Ангелов вели дека веднаш го упатил лицето случајот да го пријави во МВР. По пријавата следувала полициска акција и апсење на вработениот, кој сега е осомничен за кривично дело примање поткуп.

-Пред неколку дена добив повик од граѓанин кој ми се пожали дека од страна на лице вработено во ДЗС како Советник за урбанистичко планирање му биле побарани 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засегнатото лице го упатив случајот веднаш да го пријави во Одделот за организиран криминал на МВР. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на безмалку сите вработени во ДЗС кои чесно, совесно и пожртвувано ги извршуваат своите работни обврски,- – Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Од МВР информираат дека лицето било лишено од слобода во координација со Обвинителството. По целосно документирање на случајот најавија соодветна кривична пријава. Од ОЈО велат дека јавнообвинителска одлука ќе биде донесена утре.

-Се постапува за обезбедување докази. Лицето е задржано по насоки на јавен обвинител, а во текот на утрешниот ден ќе биде донесена јавнообвинителска одлука,- – ОЈО Скопје.

Ангелов ја поздрави акцијата и ги повика граѓаните кои се соочуваат со незаконско постапување од страна на вработени во Дирекцијата, случаите веднаш да ги пријават во надлежните институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Мегапопуларната српска актерка Лидија Вукичевиќ пред да влезе во Собранието на Србија е полеана со јогурт.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Една од идните пратенички од листата собрана околу СНС, Лидија Вукиќевиќ, е полиена со јогурт на скалите пред Собранието на Србија.

Лидија Вукичевиќ утрово беше полиена со јогурт од страна на Марија Радовановиќ, поранешна секретарка на Медицинскиот факултет во Белград, во моментот кога пристигнала пред Собранието на Србија.

Пратеничката од редовите на СНС дојде на конститутивната седница на Собранието на Србија во црно-бела комбинација, а носеше и капут со интересен крзнен детаљ околу вратот.

Посебно внимание привлече нејзиниот избор на модни додатоци – таа се одлучи за чанта и очила од брендот „Гучи“.

Станува збор за црн кожен часовник во „винтиџ“ стил, чија цена изнесува околу 3.000 евра, додека очилата од истиот бренд чинат околу 800 долари.

Откако беше полиена и влезе во Собранието, видно вознемирената актерка им се обрати на присутните медиуми, веднаш по лидерот на СНС, Александар Вучиќ. Актерката одлучи да не ги извади очилата, а бидејќи гласот ѝ трепереше, се претпоставува дека таа се расплакала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер