Извештај на ОН: Македонија со најголем раст на инвестициите во Западен Балкан

Македонија забележа најголем раст на инвестициите на Западниот Балкан, нотира „Извештајот за инвестициите во светот за 2019 година" на Конференцијата на ОН за трговија и развој (UNCTAD's World Investment Report 2019). 

Во извештајот се вели дека приливот на странски директни инвестиции во земјава е зголемен за 260 проценти, односно од 205 милиони долари во 2017 година, инвестициите годинава се зголемени за три пати и изнесуваат рекордни 737 милиони долари.

-Ова успешно рангирање според овој светски извештај за инвестиции е резултат на новите економски политики на Владата на Македонија во изминатите две години, кога првпат после долг временски период се создаде поволна атмосфера и реални услови земјата да се позиционира како предвидлива и стабилна бизнис дестинација. Во најголем дел придонес има цврстата определба на Владата за интензивирање на ЕУ и НАТО интеграциите, а со тоа и позиционирање на земјата како стабилна бизнис дестинација која овозможува правна и економска сигурност за инвеститорите, изјави директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските зони ТИРЗ, Александар Младеновски.

Заокружувањето на реформските процеси како и реализацијата на новите економски политики на Владата, додаде, ја позиционираат земјата како една од најатрактивните инвестициски дестинации во Европа.

Според Младеновски, во изминатиот период интересот за инвестирање во ТИРЗ е зголемен, како од домашни, така и од реномирани странски компании. Се работи на тоа да се пополнат празните парцели во постојните ТИРЗ и да се отворат нови работни места. Постојано се одржува контакт со потенцијалните инвеститори заинтересирани за инвестициски проекти со кои Владата заедно со ДТИРЗ се во различни фази на преговори.

Светскиот Извештајот за инвестиции за 2019 година ги поддржува креаторите на политиките преку следење на глобалните и регионалните трендови на директните странски инвестиции и документирање на развојот на националните и меѓународните инвестициски политики. Според UNCTAD, инклузивниот одржлив развој зависи од глобалната политичка средина што е погодна за преку-гранични инвестиции.

Овој Извештај за светските инвестиции дава преглед на глобалниот пејзаж на посебните економски зони (SEZ) и нуди совети за тоа како да одговорат на фундаменталните предизвици за зоните поставени од императивот за одржлив развој, новата индустриска револуција и промените на моделот на меѓународно производство.

Меѓу најважните инструменти за привлекување инвестиции се посебните економски зони. Бројот на зони низ светот брзо растеше оваа деценија на повеќе од 5.000, со многу повеќе планирани, покажува извештајот на UNCTAD.

Според извештајот на ОН, минатата година глобалните текови на странски директни инвестиции се намалија за 13 отсто, на 1,3 трилиони долари. Ова претставува најниско ниво од глобалната финансиска криза и го нагласува недостатокот на раст во меѓународните инвестиции оваа деценија. Протокот на инвестиции во транзициските економии продолжи да се намалува во 2018 година, а транзициските економии се потпираат на посебни економски зони за инвестирање.

-Приливот на странските директни инвестиции (СДИ),во економиите во транзиција во Југоисточна Европа, Комонвелтот на независни држави (ЗНД) и Грузија се намалија за 28 проценти, односно на 34 милијарди долари во 2018 година. Сепак, Југоисточна Европа триумфираше, победувајќи го општиот надолен тренд, при што СДИ се зголемија за 34 проценти на 7,4 милијарди долари, особено во Северна Македонија. Приливите во Северна Македонија се зголемија за повеќе од трипати, до рекордни 737 милиони долари, главно за инвестиции во автомобилската индустрија во своите технолошки индустриски развојни зони. Во еден од најзначајните договори, слободната економска зона, ТИРЗ Скопје 2, го привлече производителот на автомобилски делови од САД, Дура . Приливите кон Северна Македонија сигнализираа две работи: првично, поволната меѓународна побарувачка на странски фирми лоцирани во зоните (извозно ориентирани) и второ, позитивните политички случувања во врска со името на земјата. Ова ја олеснува соработката на Северна Македонија со ЕУ, главниот извозен пазар во земјата, стои во Извештајот на ОН.

Инвестициите во капиталот, се додава, пораснаа два и пол пати, а заемите внатре во компаниите станаа позитивни откако беа негативни во 2017 година. Покрај традиционално силниот автомобилски кластер, нови инвестиции беа забележани и во други дејности.

Извештајот на ОН констатира дека приливите на странски директни инвестиции – СДИ се зголемија во сите земји од овој регион, освен во Црна Гора. Одливите останаа непроменети на 38 милијарди долари, со што регионот беше нето-извозник на капитал за СДИ во 2018 година.

-Меѓу економиите во транзиција, Северна Македонија се рангираше во првите пет економии во две категории, и во Трговскиот раст (економии рангирани според просечната годишна стапка на раст на трговските стоки, интеграцијата на CAGR 2007-2017) и според ГВЦ (глобален вредносен синџир) – Економиите рангирани според странските додадена вредност, 2017, нотира Извештајот.

Промоцијата на посебните економски зони (СЕЗ) стана важна алатка на инвестициска политика на економиите во транзиција. Посебните економски зони може исто така да станат главен двигател на идниот раст на СДИ, вели извештајот на UNCTAD.

-Помалите економии кои превземаат значајни извозни активности, како што е Македонија исто така има слободни економски зони (15 ф). Сепак, постојат очекувања да придонесат за одредени развојни цели. Во Македонија, Законот за технолошки индустриски развојни зони бара од корисниците на зоната да ги исполнат следниве критериуми: создавање работни места, усогласеност со високи еколошки стандарди, производство базирано на нови технологии и висока енергетска ефикасност, се нагласува во Извештајот на ОН.

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

притисни ентер