2Меланија разговарала и со Путин и со Зеленски, Трамп ја испофали: Подобра е од професионалец (ВИДЕО)
2Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветИзвештај на ЕУ за миграцијата: Илегалните преминувања на надворешните граници намалени за 35 отсто Во периодот јули 2024-јуни 2025 година бројот на илегални преминувања на надворешните граници на ЕУ бележи намалување на 35 отсто, се наведува во Првиот годишен извештај за управување со миграцијата што го објави Европската комисија. Извештајот, кој е во рамки на Пактот за миграција и азил, чија целосна имплементација треба да почне во јуни 2026 година, дава сеопфатен преглед на состојбата со азилот и миграцијата во ЕУ и ги идентификува миграциските предизвици со кои се соочуваат земјите членки. Дополнително, со промоцијата на овој документ, Еврокомисијата предложи и создавање на Годишен фонд за солидарност. Со ова, според еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, ЕУ врти нова страница, манифестира контрола и единство и ги поддржува земјите членки кои се соочуваат со најнесразмерни притисоци. - Градиме силен, фер и цврст систем преку намалување на нерегуларните пристигнувања (на мигранти), посилна миграциска дипломатија и стабилен напредок со новите правила, рече Брунер промовирајќи го Годишниот извештај. Според него, клучно за успехот на ЕУ во справувањето со предизвиците со миграцијата и азилот е зачувување на рамнотежата помеѓу солидарноста и одговорноста. - Мора да продолжиме да напредуваме во скринингот и процедурите на границите, во забрзување на постапките за азил и овозможување на ефективни враќања, додаде Брунер, кој попладнево ќе го презентира Извештајот и пред пратениците во Европскиот парламент. Во извештајот се наведува дека во периодот што тој го опфаќа, од јули 2024 до јуни 2025 година, е нотирано континуирано подобрување на миграциската состојба, со намалување на илегалните гранични преминувања за 35 отсто, како резултат на подобрената соработка со земјите партнери на ЕУ. Во документот се нагласува дека и покрај овој напредок, остануваат предизвици поврзани со континуираниот притисок од нерегуларните пристигнувања и движења во рамките на ЕУ, со сместувањето на бегалците од Украина, со злоупотребата на миграцијата од страна на Русија и Белорусија на надворешните граници, како и со соработката во однос на враќањето и реадмисијата на илегалните мигранти. - Земјите членки продолжуваат да напредуваат во спроведувањето на Пактот за миграција и азил и во обезбедувањето нивните национални системи за азил, прием и миграција да бидат подготвени до јуни 2026 година. Сепак, постои општа потреба да се забрза темпото на овие реформи. Постојаниот напредок во спроведувањето на сите компоненти на Пактот, трендот на намалување на нерегуларните пристигнувања и проекцијата за следната година, заедно со охрабрувачките резултати од сеопфатната соработка со земјите партнери, поставуваат солидна основа за ефикасно управување со миграцијата и азилот, заклучува Европската комисија. Во Извештајот се оценува дека Грција, Италија, Кипар и Шпанија се „под миграциски притисок“ како резултат на високото ниво на пристигнувања на мигранти во текот на изминатата година, поради што овие четири земји ќе имаат приоритет во остварувањето на правото на помош од Фондот за солидарност, кој би требало да стане оперативен со стапувањето во сила на Пактот за миграција и азил. Од друга страна, за Белгија, Бугарија, Германија, Естонија, Ирска, Летонија, Литванија, Полска, Финска, Франција, Холандија и Хрватска, Комисијата проценува дека се изложени на „ризик од миграциски притисок“, како поради големиот број пристигнувања на мигранти во текот на претходната година, така и поради актуелната преоптовареност на нивните системи за прием. За Австрија, Бугарија, Естонија, Полска, Хрватска и Чешка, се оценува и дека се соочуваат со „сериозна миграциска ситуација“ поради миграциските притисоци од последните пет години. ЕК најави и дека наскоро ќе објави и тендер вреден 250 милиони евра за поддршка во набавка на дронови и системи за справување со беспилотните летала, со цел за да им помогне на земјите членки кои се соочуваат со хибридни закани и зголемени упади на дронови. Годишниот извештај на ЕУ се базира на информации обезбедени од земјите членки, Европската статистичка служба (Евростат), агенциите на ЕУ и Европската служба за надворешни работи. Комисијата секоја година ќе објавува вакви извештаи за проценка на целокупната миграциска ситуација во ЕУ, со цел да се добие увид дали постојаните механизми нудат соодветен одговор за предизвиците и одговорностите со кои се соочуваат земјите членки.Тагови: мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБиблија, Куран и „Мајн Кампф“ биле пронајдени во станот на терористот од Париз Импровизирана експлозивна направа со гасни боци е пронајдена во станот на 39-годишен осомничен во пукотница во францускиот департман Ивлин во близина на Париз, во која загина едно лице, а петмина беа ранети, соопштија извори блиски до истрагата. Истражителите, исто така, пронајдоа копија од книгата на Адолф Хитлер „Мојата борба“, како и Библија и Куран за време на претресот, објавија BFM TV и дневниот весник Le Monde. Маж пукал во неколку луѓе од автомобил во Ивлин, во западниот париски регион, во петокот, а подоцна бил уапсен во градот Коањер, соопштија француските власти. Пет други лица се ранети во нападот, од кои тројца се тешко повредени. Меѓу нив имало и 12-годишно девојче. Идентитетот на жртвата сè уште не е познат, а француските медиуми известуваат само дека станува збор за 26-годишен маж. Францускиот претседател Емануел Макрон ја опиша пукотницата како „пресвртница“ и го осуди нападот како чин извршен под влијание на расистичка идеологија. Тој ги повика граѓаните да не се повлекуваат од идеите што се сè пораспространети и можат да го оправдаат таквото насилство. Според француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (PNAT), осомничениот Кевин Т. не е регистриран во базата на податоци S, која вклучува лица кои претставуваат потенцијална закана за националната безбедност, но е познат на полицијата по претходни кривични дела. Осомничениот е уапсен во Коињер од страна на припадници на Бригадата за борба против криминалот (BAC).Тагови: Париз терорист Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотБекам започна со бизнис што носи милиони- дневно заработува огромни суми Сер Дејвид Бекам докажа дека може да го пренесе својот успех надвор од фудбалскиот терен во светот на бизнисот. Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед заработува околу 17.250 фунти дневно од своите парфеми, производи за после бричење и други луксузни брендови. Според финансиските извештаи, неговиот бизнис минатата година остварил приход од 6,3 милиони фунти, од кои 5,4 милиони фунти биле профит. Компанијата има 7,9 милиони фунти во готово, додека нејзината актива се проценува на 10,4 милиони фунти. Еден од најпознатите производи од неговата колекција е парфемот „Instinct“, а во понудата се вклучени и „Classic Blue“, „True Instinct“, „Bold Instinct“ и „Classic Homme“. Цените на производите за после бричење се движат од 12 до 50 фунти. - Секој што го запознал Дејвид знае колку добро мириса, па затоа не е изненадувачки што неговите парфеми се толку популарни. Тој почнал да ги произведува во 2000-тите и е многу горд на нив. „Се чини дека неговите обожаватели сакаат да мирисаат како него“, рече еден од неговите пријатели. Парфемите и другите луксузни производи на Бекам се управувани од Seven Global LLP, а неговиот бизнис ја вклучува колекцијата Eyewear by David Beckham. Тој соработувал и со познати брендови како што се Breitling, Armani, Gillette и Biotherm Homme. Во финансискиот извештај се наведува дека неговиот глобален комерцијален и лиценцирачки бизнис генерира значајни резултати и обезбедува долгорочен приход. За разлика од бизнис империјата на Дејвид, модниот бренд на неговата сопруга Викторија Бекам неодамна оствари профит за прв пат по 18 години.Тагови: Дејвид Бекам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СветМеланија разговарала и со Путин и со Зеленски, Трамп ја испофали: Подобра е од професионалец (ВИДЕО)Меланија Трамп навести дека може лично да отпатува во Украина, а воедно му се заблагодари и на папата Лав XIV за неговата поддршка.Меланија Трамп навести дека може лично да отпатува во Украина, а воедно му се заблагодари и на папата Лав XIV за неговата поддршка, во услови на контроверзии околу улогата што ја играше поглаварот на Римокатоличката црква во преговорите за локален прекин на огнот, објавува „Њујорк пост“. „Ќе видиме“, изјави првата дама на САД за „Њујорк пост“ во саботата, кога беше прашана дали би отпатувала во земјата разорена од војна, на што Доналд Трамп додаде: „Тоа може да се случи“. Меланија Трамп за прв пат јавно проговори за прекинот на огнот за кој тврди дека посредувала меѓу Русија и Украина, а кој се однесува на градот Олешки, кој се соочува со глад и хуманитарна катастрофа. Првата дама откри дека разговарала и со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски како дел од нејзините активности. „Разговаравме. Потпишавме договор“, откри таа. Претседателот Трамп, кој се обидува да посредува во долгорочен прекин на огнот меѓу двете земји, рече дека неговата сопруга работи подобро од неговите официјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер. „Таа е поуспешна од нашите професионалци“, рече Трамп, насмевнувајќи се. Тој не ја исклучи можноста да ја испрати да се придружи на разговорите. „Мислам дека таа во моментов работи подобро од професионалците. Таа има прекин на огнот. Станува збор за деца, луѓе и стари лица“, рече американскиот претседател. First Lady Melania Trump said on Saturday that the ceasefire she helped secure between Russia and Ukraine will begin on Tuesday, October 27. The first lady's office announced on Friday that she secured a temporary ceasefire between Russia and Ukraine for the Russian-occupied Ukrainian city of Oleshky for humanitarian reasons. The first lady also said she spoke to both Russia's President Putin and Ukraine's President Zelenskyy. “I think she’s doing better than the professionals right now,” President Trump added. — CBS News (@CBSNews) October 24, 2026 Олешки, во регионот Херсон, е на работ на хуманитарна катастрофа. Градот, на околу пет милји од линијата на фронтот, има околу 2.000 жители, претежно деца и стари лица, кои се принудени да јадат трева за да преживеат. Меланија Трамп ја изненади јавноста во петокот објавувајќи дека посредувала за локален прекин на огнот во градот, за да можат жителите да бидат евакуирани, а хуманитарната помош да може да стигне до оние на кои им е потребна. Нејзиниот ангажман беше дочекан со меѓународни пофалби, но во саботата се појавија прашања за улогата на папата Лав XIV, откако беше објавено дека и тој разговарал со Зеленски и Путин, повикувајќи ги да се согласат на прекин на огнот. Неговите разговори се одржаа неколку дена пред првата дама да објави дека е постигнат договор.Тагови: Доналд Трамп Меланија Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter