Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
СветИзвештај на ЕП за проширувањето: Билатералните прашања не смеат да се користат за блокирање на пристапувањето во ЕУПроширувањето е една од најсилните алатки на ЕУ во надворешната политика и геополитиката и останува клучен двигател на долгорочната безбедност, мир, стабилност и просперитет во Европа врз основа на заеднички демократски вредности.Нерешените билатерални прашања меѓу членките од ЕУ и земјите кои не се членки на Унијата треба да се решаваат билатерално и тие не смеат да се користат како лост за блокирање на процесот на пристапување на земјите кандидати за членство, се наведува во Предлог-извештајот за Стратегијата на ЕУ за проширувањето на Европскиот парламент, во кој се потенцира дека некои од државите кои се стремат да се приклучат кон блокот веќе со години имаат статус на кандидати за членство. - Проширувањето е една од најсилните алатки на ЕУ во надворешната политика и геополитиката и останува клучен двигател на долгорочната безбедност, мир, стабилност и просперитет во Европа врз основа на заеднички демократски вредности и претставува историска можност со значајни социо-економски, политички и безбедносни предности и за ЕУ и за земјите опфатени со процесот на проширување, се нагласува во Извештајот. При денешната презентацијата на документот пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент, известувачот, литванскиот европратеник Петрас Ауштевичиус изјави дека ЕУ мора да има стратегија за проширувањето, а не само еднократен план, и дека не смее да дозволи тој процес да биде држен во заложништво од која било земја членка, бидејќи се работи за обединување на Европа и зближување на Европејците. - На европеизацијата гледам како на неизбежна платформа за која европските земји можат да дадат придонес, да имаат корист од неа и да живеат заедно на долг рок, рече Ауштевичиус. Според него, проширувањето е особено важно во услови на руската агресија врз Украина и обидите на Русија да предизвика поделби во Европа и да оствари влијание врз одредени европски земји, со што ги прави послаби и „зависни од Руската империја“. Ауштевичиус истакна дека земјите кандидати за членство на својот пат кон ЕУ минуваат низ процес на трансформација, адаптација и сеопфатни реформи и напредокот на секоја од нив треба да се оценува според индивидуални заслуги. Од друга страна, според литванскиот либерален европратеник, ЕУ мора да ја одржи функционалноста на пристапниот процес, па затоа мора да премине кон носење одлуки со квалификувано мнозинство и тоа мора да го направи навремено и на најтранспарентен начин. - Земјите опфатени со проширувањето не се тампон зона на ЕУ, тие се идни членки на нашата заедничка Унија и потребна им е практична прилагодливост, индивидуална интеграција и структурна финансиска поддршка. Цврсто верувам дека секоја земја кандидат посветена на членството, преку реформи и наша поддршка може да ја постигне својата цел и да стане полноправен член на нашата заедница, додаде Ауштевичиус. Во Предлог-извештајот се потенцира дека проширувањето е процес базиран на заслуги и секоја земја кандидат мора да биде оценета според сопствените заслуги во спроведувањето на Копенхашките критериуми, усогласеноста со законодавството на ЕУ и исполнувањето на сите дополнителни услови утврдени во рамката за проширување. - Владеењето на правото, демократските реформи, слободата на медиумите и почитувањето на основните права, вклучително и правата на малцинствата, мора да останат водилки на процесот на проширување, при што независноста на судството, борбата против корупцијата и вклучувањето и поддршката на граѓанското општество се клучни предуслови за напредок на патот кон членство во ЕУ, особено во време на растечки авторитарни тенденции, се вели во Извештајот. Во него се посочува дека проширувањето е од најголема стратешка важност за ЕУ во услови на руската воена агресија врз Украина и други заеднички геополитички предизвици, што бара долгорочна политичка демократска визија и храбри одлуки. - Проширувањето е добитна опција и за сегашните и за идните земји членки и политичка итност од демонстрирање на посветеноста на ЕУ кон процесот на проширување. Проширувањето на ЕУ ќе ја зајакне европската безбедност. Иднината на Западниот Балкан, Украина и Молдавија е во рамките на ЕУ, се нагласува во извештајот. Според документот, пристапувањето има и суштинско значење во поттикнувањето на регионалното помирување и стабилност, зголемување на отпорноста и заштита на земјите кандидати од штетно надворешно мешање. - Одржувањето и зајакнувањето на политиката на проширување е неопходно за влијанието на ЕУ во регионот и пошироко, особено во време на зголемена геополитичка нестабилност, се додава во Предлог-извештајот. Од таму во него се охрабруваат земјите кандидати да продолжат решително да ги спроведуваат потребните реформи и да се усогласуваат со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како суштински индикатор за нивната посветеност на основните вредности и принципи на Унијата и на подготвеност за идно членство. Во извештајот се посочува дека „процесот на подготовка за проширувањето“ треба да се одвива паралелно и во ЕУ и во земјите кандидати и се повикуваат европските институции да ги преземат потребните реформи за да се осигура дека нивното неспроведување нема да го одложи пристапувањето на новите земји членки. - (ЕП ) го повторува својот повик за подобрување на капацитетот на ЕУ за одлучување преку воведување на гласање со квалификувано мнозинство во областите релевантни за процесот на пристапување, се вели во документот, при што се додава дека одлучувањето со консензус треба да се користи само за почеток на процесот на преговори, како и за отворањето и затворањето на поединечните преговарачки кластери и поглавја. Во документот се изразува жалење што прекумерната употреба на консензусот постојано го забавува проширувањето на ЕУ и се потсетува дека член 49 од Договорот за ЕУ овозможува премин кон одлучување со квалификувано мнозинство без негови измени. - Се признава важноста на широката примена на постепената интеграција во заедничките политики на ЕУ, како што е единствениот пазар, на земјите кандидатки кои постигнуваат значителен напредок во реформите поврзани со ЕУ. Иако постепената интеграција на земјите кандидатки може да им помогне да го спроведат законодавството на ЕУ и со тоа да ја направат транзицијата кон членство полесна, таа не може да го замени полноправното членство во Европската Унија. (ЕП) го повторува својот предлог дека процесот на проширување треба да биде поддржан со рано вклучување на земјите кандидатки во функционирањето на институциите на ЕУ, на пример преку статус на набљудувач во надлежните тела и институции, вклучително и во Парламентот, се додава во документот. Останатите европратеници учесници во дебата што уследи по презентацијата на Извештајот, изразија поддршка на процесот на проширување преку почитување на принципот на индивидуални заслуги на секоја од земјите кандидати и на поставените критериуми за членство. Дел од пратениците, ја нагласија и потребата од промена на начинот на одлучување со премин од консензус кон квалификувано мнозинство во меѓу фазите од преговорите, со цел да се оневозможи блокирање на одредени земји и одолговлекување на преговарачкиот процес. Како што најави претседателот на АФЕТ, Дејвид Мекалисер на крајот од дебатата сега европратениците имаат рок до 2 декември да поднесат амандмани на Предлог-извештајот, по што тој најверојатно ќе биде ставен на гласање на седницата на Комитетот предвидена за 15 јануари следната година, и доколку се оди според планот, како што рече, документот би можел да биде усвоен на февруарската пленарна сесија на Европарламентот. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 24. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 24. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја прифатите реалноста и ќе ја градите својата врска најдобро што можете. Сега дури гледате колку ве сака партнерот. Кариера Додека ја работите секојдневната работа, вие се повеќе во главата го вртите филмот за некои нови идеи со кои би се унапредила работата. Здравје и совет Добро е што размислувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска лесно ќе влегувате како во својата така и во туѓата потсвест , па бргу и вешто ќе го прочитате партнерот. Кариера Ќе ја затворите вратата за неиздржани мисли и дела , па ќе се концентрирате на она што може да се исполни. Здравје и совет Можен е незаборавен сон. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Не сте сигурни дали да попуштите пред некои барања на партнерот. Добро ќе размислувате , зашто нема да знаете што да направите. Кариера денеска во работењето максимално ќе ја користите интуицијата. Ќе има и такви кои ќе ги анализираат своите соништа во разговор со колегите. Здравје и совет Внимавајте на настинки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска е одличен ден за романтична вечера со свеќи. Ќе бидете нежни , а вашите кулинарски способности ќе излезат на виделина. Кариера Во услужните дејности денеска ќе дојде до остварување на еден долго подготвуван проект. Здравје и совет Некои се решија да стават крај на лошите навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден полн со инспирација за заљубување,можности за пријатни средби , дружења за кои долго сте сонувале. Кариера Ќе бидете енергични и подготвени да ги решавате и најголемите проблеми. Ништо нема да ви биде тешко , а на уморот ќе одговарате со хумор. Здравје и совет Подобрување. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашето слободно време денеска ќе биде окупирано од пријателите. Може да им ги доверите своите љубовни грижи. Кариера Некои ќе се затекнат во ситуација да бидат протежирани или ќе добијат понуда што ќе им го направи денот убав. Здравје и совет Бидете професионални. Бик 21.4- 20.5. Љубов И денеска ќе бидете поврзани со друштвото и пријателите повеќе отколку со саканата личност. Во врската моментално сте на дистанца. Кариера Немојте да се залажувате дека сте го постигнале максимумот , зашто не сте ни блиску до него. Треба уште многу труд и вложување во себе. Здравје и совет Бидете реални. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои бараат сродна душа , нека обрнат внимание на личностите што ги среќаваат на работното место . Има таму некој што го привлекувате. Кариера Некои колеги денеска ќе се чувствуваат лошо и запоставено, па можеби вие ќе им дадетеутеха. Здравје и совет Подобро сте од повеќето , па помогнете им. Рак 22.6-22.7. Љубов Продолжува вашиот пријатен љубовен период. Границата се единствено вашите зборови , кои овој пат не би биле најдобро избрани. Молчете и сакајте. Кариера Поголемиот дел од работното време ќе поминете во механичко одработување на она што треба да го сработите. Здравје и совет Уживајте во убавиот ден. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе чувствувате вистинска плима од емоции зашто ќе бидете почувствителни од обично. Насекаде ќе барате љубов. Кариера Тешко ќе се концентрирате на работата, зашто ќе бидете склони се да земате при срце. Треба да ги разделите работата и емоциите. Здравје и совет Не се грижете ако имате мали отоци.Ќе поминат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе ги свртите низ главата малите грижи.Битно е да не се внесете во нив. Минатото е минато и тука не може ништо да направите. Кариера На повеќето денеска нема да им се работи, но ако веќе мора, набрзина ќе го сработите неопходното и ќе настојувате да избегате дома. Здравје и совет Искористете го вашиот хумор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е надворешни влијанија да ве оттргнат од вашите сништа и фантазии. Ќе треба работите реално да ги согледате. Кариера Со почитување на другите, денеска ќе постигнете добри резултати. Со наметнување на своите ставови може само да си наштетите. Здравје и совет Одберете здрав живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook