Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
1Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЖивотИзумре еден од најголемите видови риби на светот, не е видена веќе 17 години Научниците ја потврдија информацијата дека една од најголемите слатководни риби на светот, кинеската сабјарка (Psephurus gladius), исчезна, и тие се плашат од истребување на некои други загрозени видови што живеат во реката Јангце.Поранешниот жител на реката Јангце достигнувала до седум метри во должина и и тежина од околу 250 кг, а последен пат е забележана во 2003 година. Се верува дека исчезнала меѓу 2005 и 2010 година. Овој вид риба беше една од двете постојни членови на видот што датира од пред 75 милиони години. Во Кина, многу луѓе ја нарекуваат кинеска сабјарка поради нејзината долга муцка. Јангце е најдолга река во Азија и трета најдолга во светот, но поради разните негативни околности, како што се брани, преголем риболов, како и пристаништа и загадување, пастрмката е веќе трет вид што изумрел во реката последниве години. Според кинеските, чешките и британските научници кои објавиле напис за кинеската сабјарка во списанието Science of the Total Environment, исчезнувањето на овој вид е скоро исклучиво предизвикано од човечките активности, односно изградба на брани и неконтролиран риболов. Меѓународната унија за зачувување на природата и природните ресурси (IUCN) ја прогласи кинеската сабјарка за „критично загрозена“ во 1996 година, а видот се смета за „функционално изумрен“ од 1993 година, кога веќе немаше доволно парови за размножување. Исчезнувањето на оваа слатководна риба е уште еден удар за екосистемот на реката долга 6300 километри, дом на повеќе од 4.000 водни видови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИталија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, изјави италијанскиот министер за образование, пренесува Ројтерс.Оваа безбедносна тревога доаѓа во време на растечка загриженост во Европа поради заканите од таканаречената „хибридна војна“, која неодамна беше насочена кон супермаркети, центри за трансфузија на крв, авиосообраќај и телевизиски куќи. Министерот за образование Џузепе Валдитара за телевизискиот канал „Ла7“ изјави дека се верува оти заканите се лажни, додавајќи дека се очекува бројот на погодени училишта дополнително да се зголеми. Several schools in Rome were evacuated on Wednesday following emailed bomb threats. Primary schools and nurseries in the Appio-Tuscolano area were among those affected. Security checks were underway. #Rome #Italy #BreakingNews #SchoolEvacuation https://t.co/a4hKQpjjBM — ChinaLensOnEurope (@CHNLensOnEurope) November 11, 2026 Пораки до родителите и необичен потпис „Поради тревогата за поставени бомби низ целата земја, ве известуваме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, соопшти едно училиште во Рим до родителите преку апликација за пораки. Фактот што толку голем број училишта биле цел „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“, нагласи министерот Валдитара. Заканувачката електронска порака била потпишана со името „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“, се наведува во копијата од пораката до која дојде Ројтерс. Истиот потпис се појавил и во претходни закани. Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби, кои во петокот преку електронска пошта беа испратени до медиуми во Ирска и Бугарија. Италијанската полиција го истражува целиот случај, потврди портпарол на полицијата во Рим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубреГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат. - Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот КавадарциДенеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот. По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач. Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен. Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16