Израелскиот претседател, Исак Херцог, го посети местото на нападот на плажата Бондај во Сиднеј и се сретна со семејствата на жртвите - Канал 5

Израелскиот претседател, Исак Херцог, го посети местото на нападот на плажата Бондај во Сиднеј и се сретна со семејствата на жртвите

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска ја започна државната посета на Австралија и положи венец на местото на антисемитскиот напад во Сиднеј во кој загинаа 15 лица.

Израелскиот претседател, Исак Херцог, го посети местото на нападот на плажата Бондај во Сиднеј и се сретна со семејствата на жртвите

Херцог се сретна со семејствата на жртвите и преживеаните од нападот за време на еврејскиот фестивал на плажата Бондај на 14 декември минатата година.

Претседателот на Израел положи венец и два камена што ги донесе од Ерусалим на местото на нападот.

Херцог рече дека двата камена ќе останат во спомен на жртвите, но и како потсетник дека добрите луѓе од сите вери и нации ќе бидат „силни во лицето на теророт, насилството и омразата“.

„Тука сум да изразам солидарност, пријателство и љубов“, им рече Херцог на новинарите, додавајќи дека посетата е можност за подобрување на односите меѓу Израел и Австралија.

Во нападот врз семејствата што ја слават Ханука, 15 лица беа убиени, а 40 беа ранети. Само еден од двајцата напаѓачи ја преживеа конфронтацијата со полицијата.

Херцог ќе ги посети Мелбурн и главниот град Канбера пред да се врати во Израел во четврток.

За денеска во Сиднеј се планирани протести поради начинот на кој Израел ја водеше својата војна во Појасот Газа и се однесуваше кон цивилното население на палестинската територија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Гласот на секое населено место е важен!

Продолжуваме со средбите во населените места на општина Кавадарци.

Јанчев: Гласот на секое населено место е важен!

Вечерва во фокусот беа Глишиќ, Марена и Сопот, каде остваривме директни средби со жителите и разговаравме за нивните потреби, предлози и идеи за идниот развој на населените места.

Размената на мислења и конкретните иницијативи се важен дел од подготовката на Програмата за работа за 2027 година, со цел да се утврдат приоритетите и активностите што ќе одговорат на барањата на граѓаните.

Гласот на секое населено место е важен!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Кога пријавата не спасува живот, кој ја презема одговорноста?

Убиството на 17-годишната девојка во Богданци не е „трагична несреќа“, ниту пак „уште една страшна вест“. 

ДОМ: Кога пријавата не спасува живот, кој ја презема одговорноста?

Ова е суров потсетник на институционалниот неуспех и на колапсот на системот што треба да ги штити граѓаните. До кога жртвите ќе ја бараат заштитата низ бирократски лавиринти, додека надлежните институции ги третираат пријавите како обична статистика?

Девојката претходно пријавила насилство. Побарала помош. Институциите имале сознанија за претходните случаи на насилство, а сепак таа не добила ефикасна заштита. Нејзиниот живот заврши во опожарено возило.

Која е смислата на законите, мерките за заштита и службите што постојат само на хартија, ако насилството може да ескалира до ваков исход? Институциите не смеат да се кријат зад фразата дека „постапувале според протокол“. Кога жена или девојка пријавува насилство, а потоа е убиена, тоа не може да се третира како обичен административен пропуст!

ДОМ бара итно, бескомпромисно и транспарентно утврдување на целата институционална одговорност:

• Кој конкретно во полицијата, обвинителството и центарот за социјална работа постапувал во овој случај? Како бил проценет ризикот, дали биле спроведени и контролирани мерките за заштита и зошто тие не го спречиле трагичниот исход?

• Истрагата мора да ги испита сите околности и евентуалните пропусти во постапувањето на институциите. Смртта на осомничениот не смее да значи и крај на утврдувањето на одговорноста на службените лица. Мора да има последици за секој за кого ќе се докаже дека со своето несовесно постапување придонел за овој трагичен исход.

Доста е од празни соопштенија, ветувања и експресни осуди што се повторуваат по секој нов фемицид. Секое следно убиство на жена или девојка е ново обвинение против државата, која декларативно зборува за родова еднаквост, а во пракса не успева да им обезбеди основна заштита на оние што бараат помош.

ДОМ бара одговорност! Бараме итна ревизија на сите активни пријави за семејно и родово базирано насилство, утврдување индивидуална одговорност и конкретни мерки за отстранување на институционалните пропусти. Не утре, кога ќе има нова жртва, туку сега – за да се спаси нечиј живот, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мечка со пиштол убила човек во Албанија?- шокантни изјави на осомничените мајка и син

Разјаснети се околностите околу смртта на маж во селото Годви, во регионот Булќиза во Албанија, каде што полицијата уапси 57-годишна жена и нејзиниот 33-годишен син под сомнение дека го убиле нивниот сопруг и татко, 53-годишниот Урим Фику.

Мечка со пиштол убила човек во Албанија?- шокантни изјави на осомничените мајка и син

Разјаснети се околностите околу смртта на маж во селото Годви, во регионот Булќиза во Албанија, каде што полицијата уапси 57-годишна жена и нејзиниот 33-годишен син под сомнение дека го убиле нивниот сопруг и татко, 53-годишниот Урим Фику, со огнено оружје и остри предмети, објавува Top-channel.tv.

Членовите на семејството првично пријавиле дека мажот починал откако бил нападнат од диво животно, за кое се сомнева дека е мечка. Сепак, истрагата и обдукцијата открија различни околности и потврдија дека жртвата е убиена со огнено оружје.

По интензивна истрага, спроведена од Одделот за истраги на сериозни кривични дела во рамките на Регионалната полициска управа во Дибер, во соработка со обвинителството, беше разјаснето кривичното дело извршено на 3 ноември 2026 година.

Потоа полицијата ги уапси Садете Фику, сопругата на починатиот, и нивниот син Газмир Фику. Тие се осомничени дека заедно учествувале во убиството.

Во текот на истрагата, полицијата запленила пиштол модел 54, муниција и една чаура, кои биле пронајдени во дворот на семејната куќа.

Делот е препратен до Обвинителството во Дибар поради сомнение за кривични дела „убиство во семејни односи“ и „неовластено држење оружје и муниција“, сторени како соизвршители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер