Израелскиот министер за одбрана си поднесе оставка

По прекинот на огнот со Палестинците во појасот Газа , израелскиот министер за одбрана , Авигдор Либерман си поднесе оставка.

,,Ова е капитулација пред тероризмот” , наведе Либерман во оставката што му ја врачи на премиерот Бенјамин Нетанјаху , откако вчеравечер беше објавен прекин на огнот меѓу Израел и палестинската организација Хамас во појасот Газа. Ултрадесничарскиот министер пред новинарите го критикуваше прекинот на огнот и повика на предвремени парламентарни избори .

Редовните избори се закажани за јануари 2019 , со што ја разниша владата на Нетанјаху , избрана во 2015 и која се смета за надесничарска во историјата.

Тој во жестокиот одговор на прес конференцијата реча дека со примирјето бил даден непотполн, неприкладен и неприфатлив одговор на испалените 500 ракети од палестинските територии кон Израел.

„Гответе со Дракче“ - Баци пинџур

Во вторник (07.05.2024) во емисијата гостин ни беше Благица Павловска

Состојки за денешниот рецепт:

9 пиперки

4 црвени домати

1 врзопче младо лукче

3 чешниња лук

сол по вкус

маслиново масло

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатната линија 0800 54321

Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право кај народниот правобранител на бесплатната  линија 0800 54321

Денеска како што информираа од Јавното обвинителство граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на електронска адреса .

Граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право кај Народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0800 54321, како и лично во канцелариите на омбудсманот.

Граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на [email protected]

Под 5 проценти е излезноста до 09:00 часот во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица до 09:00 часот од вкупно 6652 гласачи за вториот круг од претседателските избори гласале 332 избирачи.

Како што информираа од тамошната ОИК, бројката е слична и за парламентарните избори на кои своето право на глас, од 6641 граѓани гласале 331 лице.

- Во проценти до 09:00 часот бројката за вториот круг од претседателски избори изнесува 4,99 проценти, додека таа бројка за парламентарни избори изнесува 4,98 проценти, појаснија од ОИК.

Во оваа општина избирачките места, како што информираат од ОИК, биле отворени навреме, а гласањето се одвива во најдобар ред.

притисни ентер