Израелската војска сакала да елиминира припадник на Хезболах- убиле погрешни луѓе - Канал 5

Израелската војска сакала да елиминира припадник на Хезболах- убиле погрешни луѓе

Во обид за атентат врз член на Хезболах во Либан убиен е политички функционер кој остро се спротивставувал на групата.

Израелската војска сакала да елиминира припадник на Хезболах- убиле погрешни луѓе

Израелската војска (ИДФ) призна за Би-Би-Си дека целта на нападот не била погодена и изрази жалење за цивилните жртви.

Убиен е функционер на христијанската партија

Либанската партија Либански сили, претежно христијанска политичка група, соопшти дека нивниот висок функционер Пјер Муавад и неговата сопруга Флавија се убиени во напад врз станбена зграда во градот Аин Сааде, источно од Бејрут.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во нападот се убиени еден маж и две жени.

Според локалниот градоначалник, жртвите биле на катот под станот што бил цел.

ИДФ: Жалиме за цивилните жртви

Израелската војска вели дека целта бил член на Хезболах, но дека операцијата не резултирала со негова елиминација.

„Жалиме за штетата предизвикана на цивилите“, соопшти ИДФ, додавајќи дека истражува извештаи дека во нападот се убиени неколку лица кои не биле вклучени во конфликтот.

Партијата Либански сили соопшти дека Муавад „не бил борец ниту воена цел“ и дека го поминал Велигден дома со своето семејство пред нападот.

Хезболах обвинет за нападот

Партијата го осуди Хезболах, велејќи дека трагедијата е резултат на воените судири што се прелеале во станбени области.

Нападот дополнително ги зголеми тензиите во Либан, каде што судирите меѓу Израел и Хезболах повремено се прелеваат во цивилни области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

фенербахче на чекор од големо засиливање

Нова „бомба“ одекна на Босфор, турскиот фудбалски великан Фенербахче заврши спектакуларна работа. .

фенербахче на чекор од големо засиливање

Фенербахче сериозно покажа интерес за Ромелу Лукаку, белгискиот напаѓач веќе ги договорил условите, а се чека конечниот договор меѓу клубовите.

На повидок е голем трансфер во турското фудбалско првенство!

Капитенот на Белгија, Ромелу Лукаку е пред преселба од Наполи во Фенербахче!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, вклучително и „Скај Италија“, Лукаку веќе дал зелено светло за преселба во Истанбул и ги договорил личните услови со Фенербахче.

Сега преостанува двата клуба да се договорат за висината на обештетувањето. Фенербахче веќе испрати понуда до Наполи, но таа била одбиена, па преговорите продолжуваат.

Италијанскиот клуб бара околу 10 милиони евра за трансферот, додека во медиумите се појавија различни информации за тоа колку Фенербахче е подготвен да плати.

Сепак, сите страни веруваат дека договорот може да се постигне многу брзо. Според најновите информации, Наполи, Фенербахче и самиот Лукаку очекуваат преговорите да завршат во наредните неколку дена.

За Фенербахче, доаѓањето на Лукаку би претставувало спектакуларно засилување. Белгиецот со години е едно од најпознатите имиња во европскиот фудбал, а во текот на кариерата настапувал за Андерлехт, Вест Бромвич Албион, Евертон, Манчестер Јунајтед, Интер, Челзи и Рома.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Кој ќе сноси одговорност за промашеното знаме и понижувањето на државниот симбол?

Почитувани граѓани на денешен ден или во 1992 година, Македонија го усвои своето знаме и Македонија ја усвои својата химна.

Жерновски: Кој ќе сноси одговорност за промашеното знаме и понижувањето на државниот симбол?

Ете точно кога Владата на Мицкоски го направи скандал, овој дебакл со нашето македонско знаме.

На нивната официјална организирана прослава по 35 години од независноста на државата, платена со милиони евра народни пари, Мицкоски и неговата Влада ги понижаа државата и ги понижија граѓаните.

И наместо да кажат кој е одговорен, наместо да објаснат колку пари чини ова понижување, и наместо да што е најважно да им се извинат на граѓаните што ги понижија нивните чувства, вчера се обидоа со едно таргикомично објаснување да се оправдаат дека всушност тоа што го видовме со така нареченото македонско знаме било, верувале или не, „уметничка инсталација“.

Значи за Мицкоски, за ВМРО, за Владата, државното знаме не е свет државен симбол, туку е цитирам „уметничка инсталација“.

И сега повторно, како рефлекс, се вратија на омилена тема - на народот, на СДСМ, односно на талогот. Кога ќе направат грешка, виновен е СДСМ, виновен е народот. Кога ќе понижат државата и државен симбол, повторно виновни се граѓаните и талогот. Кога немаат резултати, повторно некој друг им е виновен.

Тендер патриотите не знаат како изгледа знамето на државата, но многу добро знаат како изгледаат бугарските пасоши и како се прават фирми во Бугарија.

Тие многу добро знаат што е патриотизам, кога патриотското крадење на патриотските пари, преку патриотските тендери, си го организират перфектно.

Меѓутоа, она што сакаме денеска да го истакнеме на прес-конференцијата е следно. Додека Мицкоски една екскурзија се одвива едно срамно обележување на независноста на нашата држава, недостасуваат клучни факти.

Недостасува членството во НАТО, недостасува членството во ОН, недостасува кандидатскиот статус во Европската Унија.

Значи се прави ревизија на клучните историски факти, што е многу важно да го напоменеме. Зошто се прави оваа ревизија? Затоа што всушност ВМРО го нема во ниту еден од државните успеси кои што ги постигнала Македонија.

Напротив, токму СДСМ ги има направено сите најважни државнички чекори. И ова што беше објавено како спот и целиот тој проект е потврда за тоа што денеска го кажуваме.

Каде денес ќе беше Македонија, каде денес ќе беше нашата држава, ако ВМРО беше цело време на власт? Немаше да имаме држава. Да потсетиме дека токму тие го газеа македонското знаме на Мечкин Камен.

Значи, ова не е прв инцидент. Наназад се случува од патриотите да имаме такви инциденти. Или газење, или понижување на македонското знаме.

Она што сакаме денес кај исто така да го соопштиме и да го отвориме како тема е дека за ова мора да има последици. За срамната прослава со понижување на македонските државни симболи за знамето, законот јасно предвидува санкција.

Според член 4 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната, исто така јасно е наведено како може да се употребува државното знаме.

Има и казнени одредби, тоа е член 30, од овој закон за прекршочна одговорност доколку организаторот на јавен настан по грешка или незнање, истакне погрешно знаме.

Денеска бараме Владата да го прекине молкот и конечно да излезе пред граѓаните. Да каже, која фирма го направи погрешното знаме?

Кој беше задолжен за визуелниот перформанс?

Колку народни пари чини оваа прослава и кој ќе сноси одговорност за ова понижување на Македонија, на нејзините државни символи и на нејзините граѓани?

Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во напуштен рудник: Најмалку 14 загинати и десетици повредени рудари

Најмалку 14 рудари се пронајдени мртви, а десетици се повредени во напуштен рудник во близина на Рустенбург, Јужна Африка. 

Трагедија во напуштен рудник: Најмалку 14 загинати и десетици повредени рудари

Причината за инцидентот засега е непозната.

Полицијата денеска соопшти дека најмалку 14 рудари се пронајдени мртви, а десетици се повредени во напуштен рудник во близина на градот Рустенбург во Јужна Африка.

Телата на рударите се пронајдени во напуштен рудник во близина на Рустенбург, на околу 130 километри северозападно од Јоханесбург, пренесе АП. Засега, полицијата не соопшти повеќе детали за околностите на нивната смрт или за причината за инцидентот.

Во Јужна Африка, десетици илјади рудари работат нелегално во напуштени рудници за злато и платина што рударските компании престанале да ги користат.

Ваквите рудари често работат без соодветна заштитна опрема и во многу опасни услови. Рустенбург е еден од главните центри на индустријата за платина во Јужна Африка. Јужна Африка ги поседува најголемите познати резерви на платина во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер