СветХезболах ги отфрла разговорите со Израел додека нападите продолжуваатРазговорите со Израел додека нападите се во тек би биле еднакви на наметнато предавање и ја повика либанската влада да ја укине забраната за воените активности на движењето, изјави лидерот на Хезболах.Лидерот на либанското милитантно движење Хезболах, Наим Касем, денеска изјави дека разговорите со Израел додека нападите се во тек би биле еднакви на наметнато предавање и ја повика либанската влада да ја укине забраната за воените активности на движењето. Во писмена изјава прочитана во негово име од телевизиска станица поврзана со Хезболах, Касем рече дека борците на Хезболах, поддржани од Иран, се подготвени да продолжат да се борат „без ограничувања“. Тој ја отфрли иницијативата на либанскиот претседател Џозеф Аун за започнување директни разговори со Израел. Израел започна напади врз локации поврзани со Хезболах во јужен Либан и јужните предградија на Бејрут на 2 март, неколку часа откако Хезболах започна со ракетни и беспилотни напади врз Израел за прв пат од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах во ноември 2024 година. Хезболах претходно соопшти дека започнал напади врз Израел во поддршка на Иран, кој САД и Израел го нападнаа на 28 февруари откако разговорите за нуклеарната програма на Иран не доведоа до договор. Тагови: Хезболах Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЃорчевска ја дозна противничката во првото коло на ВимблдонДетскиот сон стана „јаве“ – Лина Ѓорческа е првата македонка во историјата која ќе истрча на „Светиот тревник“ и тоа, ниту помалку, ниту повеќе – на теренот број 1. на најстариот и најпрестижен светски тениски турнир, Гренд Слемот – Вимблдон.„Ниту е лесно, ниту има поддршка, но горда сум што, иако доаѓам од мала земја, сум единствената во историјата“ – порача македонската тенисерка по квалификациската победа над италијанката Луција Бронзети со 6-1, односно 6-2 во сетови... -За мене, лично, навистина сум горда што сум, иако доаѓам од мала земја, горда сум што сум единствената во историјата, мислам и на жените и мажите, ова навистина е остварување на сонот за мене. Но, како што кажавте, доаѓајќи од мала земја, мора да се справите со многу работи, не е лесно. Првенствено за тренинг, за терени, и за пари исто така, нели? Мораш се да направиш сам, како што јас правам се сама. Значи, не е лесно, но кога ќе стигнете тука, навистина е 100% повеќе. - Лина Ѓорческа – Тенисерка „Овој успех е најголемиот во тениската историја на Македонија, а знам колку време Лина го чекаше овој момент“ – порача поранешниот АТП – тенисер Предраг Русески. До Гренд Слем е вели е тешко да се стигне, особено поради несоодветната инфраструктура и финансиска поддршка во Македонија, па се надева дека овој успех ќе ги разбуди институциите. Но, вели овој подвиг сега носи нов моментум, па на оние деца, кои сонуваат со рекетот во рака, Ѓорческа им покажа дека соништата можат да си ги остварат. -Таа логистика, таа неинфраструктура во Македонија, финансиите се секогаш главен проблем и многу е поголемо чувството на успех и поголемо задоволство кога ќе се направи ваков резултат од една мала земја.Треба да се дочека можноста, вредно да се работи, да се верува на тренерот, да се верува на својата игра, поддршката од родителите и најблиските е секако таа која те следи и те носи низ целата кариера, и верувам дека ако си констатен и веруваш во својот успех, кога – тогаш, Господ ќе ти ја даде таа среќа. Многу сум среќен за Лина, и за Лабуд, нејзиниот тренер, знам дека вредно и долго работат заедно. - Предраг Русески – Поранешен АТП тенисер Министерот за Спорт – Борко Ристовски за Канал 5 вели дека подвигот на Ѓорческа е важен за македонскиот спорт и особено ќе влијае врз младите. Што се однесува до финансиската поддршка, вели најголемиот дел од средствата во тениската федерација се слеваат од државата. Тенисот е скап, индивидуален спорт за кој има поддршка, но не и финансирање. Ѓорчевска на Вимблдон, единствениот турнир со митски статус и природна трева ќе истрча во понеделник, а противничка ќе и биде минатогодишната финалистика на Вимболдон, американката Аманда Анисимова која е шеста на АТП листата и важи за голме фаворит и годинава. времето на почетокот мечот, допрва ќе прецизира, во зависност и од останатите натпревари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНад 120 македонски уметници ќе настапат во 15 градови за 35 години независностПовеќе од 120 домашни уметници ќе бидат дел од голем музичко-сценски спектакл со кој ќе се одбележат 35 години од независноста на Македонија.Перформансот ќе се изведува на отворено во 14 до 15 градови низ земјата во август и септември. Проектот е замислен како уметничко патување низ најзначајните моменти од изминатите три и пол децении, а не како класично хронолошко претставување на политичките и општествените настани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Аларм од народниот правобранител: Пациенти со тешки кривични дела лесно бегаат од Демир ХисарВо вондреден надзор во психијатриската болница Демир Хисар е посебно забележано дека лицата кои покрај психолошкото нарушување имаат и тешки кривични дека, не се под посебен надзор и често бегаат од болницата.Проблемот со обезбдувањето на лицата со психичи заболувања кои се сметстни во судските одделенија во психијатриските болници се најдоа и во извештајот на народниот правобранител во делот на местата за лишуање од слобода, полициските станици, казнено поправните домови и психијтриските установи. Во вондреден надзор во психијатриската болница Демир Хисар е посебно забележано дека лицата кои покрај психолошкото нарушување имаат и тешки кривични дека, не се под посебен надзор и често бегаат од болницата. Канал 5 во серија прилози ја работи оваа тема каде што вработени од болниците велат дека и покрај малиот број на вработени за лекување не можат да бидат и полицијаци и да ги контролираат. Александар Пандов првиот човек на упрвата за извршување на санкции потври дека со новите измени на законот ќе биде ставено да има во овие установи затворска полиција. Исто од канцеларијата на народниот правобранител објанија дека има пренатрупаност во затвоите и многу често притворите и оние кои се во затвор се заедно. Во полициските станици е потврдено дека нема доволно униформирани полицајци и во поголем дел од станиците нема посебни простории за сослушување на деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter