Израелците ги фатија и последните двајца палестински затвореници, кои избегаа како на филм

Израелската војска денеска објави дека ги заробила последните двајца палестински затвореници, од кои шестмина пред две недели избегаа од еден од најстрого чуваните затвори.

Последните двајца бегалци биле уапсени од специјалните сили при претрес во Џенин, северниот дел на Западниот брег.

"Заедно со двајцата терористи, уапсени се и двајца помошници. Четворицата беа проследени на понатамошно испрашување", соопштила војската.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет ги пофали сите што учествувале во акцијата.

„Би сакал да им се заблагодарам на специјалните сили што работеа деноноќно, и за време на празниците и на Шабат, за да го донесат овој случај до крај“, рече премиерот.

Шест затвореници избегаа од затворот со максимална безбедност на Гилбо на 6 септември преку тунел ископан низ подот од бањата, за што им требало една година.

Минатата недела израелската армија пронајде четворица бегалци.

Тоа се претежно затвореници осудени на доживотен затвор за терористички напади врз Израел.

Петмината се членови на исламистичкиот џихад, а шестиот бегалец, Закарија Зубеиди, е висок лидер на бригадата на мачениците Ал Акса, коалиција на палестинските вооружени групи на Западниот брег.


Реваншот меѓу Усик и Фјури закажан за октомври во Саудиска Арабија

Фјури и Усик требаше да се сретнат во рингот на 17 февруари, но борбата беше одложена за 18 мај поради посекотина над десното око што ја претрпе Фјури за време на спаринг.

Саудискиот кралски советник со ранг министер и актуелен претседател на Генералната управа за забава во Саудиска Арабија, Турки Ал-Шеик, изјави дека без оглед на исходот од борбата меѓу шампионот во тешка категорија на ВБА, ИБФ и ВБО, Олександр Усик (21-0) и шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (34-0), нивниот реванш ќе се одржи на 12 или 13 октомври во Ријад, Саудиска Арабија.

Ал Шеик ова го изјави во интервју за „ЕСПН“.

Истовремено, до крајот на годината е одложена борбата меѓу шампионот на ИБФ, ВБЦ и ВБО во полутешка категорија, Артур Бетербиев (20-0) и шампионот на ВБА и ИБО во полутешка категорија, Дмитри Бивол (22-0).

Фјури и Усик требаше да се сретнат во рингот на 17 февруари, но борбата беше одложена за 18 мај поради посекотина над десното око што ја претрпе Фјури за време на спаринг. Двајцата борци се договорија за нов датум, локацијата на борбата останува иста – „Кингдом Арена“ во Ријад, Саудиска Арабија.

Фото: Ким Кардашијан има нов имиџ

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан привлече внимание во Лос Анџелес кога пристигна на кошаркарскиот натпревар на синот Вест.

Многумина забележаа дека провокативната старлета повторно ја обоила косата во сина боја и носи пунџа.

И во оваа прилика Ким сакала да ги избегне папараците со оглед на тоа што во еден момент почнала да го покрива лицето со раката и се криела зад телохранителите.

Инаку, Ким и претходно имаше руса коса, но потоа би се вратила на својата природна боја.

Фото: Се одржа најголемата модна вечер во Њујорк

Мет Гала Менхетен - Одржана најголемата модна вечер.

Оваа Мет Гала е за „Заспаните убавици: повторно разбудување на модата“ (Заспаните убавици - повторно будење на модата).

Првиот понеделник од мај секогаш е посветен на Мет Гала, формално позната како Гала на Институтот за костими или Бенефит на Институтот за костими, годишен гала настан на познати личности за собирање средства за Институтот за костими на Метрополитен музејот на уметност во Менхетен.

Овој настан се смета за најпрестижниот и најгламурозен моден настан и друштвен собир во светот и е познат како „најголемата ноќ на модата“. Секоја година темата е различна, а оваа Мет Гала е за „Заспаните убавици: повторно будење мода“.

Домаќини на Мет Гала 2024 беа Зендаја, Џенифер Лопез, Бад Бани и Крис Хемсворт.

На црвениот тепих прошетаа и светската музичка ѕвезда Шакира, најубавата плус сајз манекенка Ешли Грејем, Аријана Гранде....

притисни ентер