Шоу бизИзраел вечерва настапува на Евросонг, а веќе на пробата имало проблеми(ВИДЕО)Вечерва, на втората полуфинална вечер на Евровизискиот натпревар за песна 2025 во Базел, ќе настапи Израел.Нивна претставничка е Јувал Рафаел, а нејзиниот настап доаѓа во време кога учеството на Израел е под лупа поради војната во Газа и повиците за бојкот на натпреварувањето. Јувал настапува како 14-та. Која е Јувал Рафаел? Јувал Рафаел е 24-годишна пејачка која го преживеа нападот на музичкиот фестивал Нова во октомври 2023 година. За време на нападот, таа се скрила под телата на другите жртви во засолниште, а фрагмент од шрапнел сè уште ѝ е во ногата. Нејзината песна носи силен личен контекст што дополнително ја подели публиката. За време на пробите во Базел, таа беше пречекана со аплауз, но искуствата од претходните години сугерираат дека вечервашниот настап би можел да предизвика мешани реакции. Минатата година, еден израелски претставник се соочи со исвиркувања и закани на Евросонг поради воените дејствија на Израел. Со оглед на моменталниот контекст, слични реакции не се исклучени и вечерва. Веќе на пробите, некои успеаја да донесат палестински знамиња и да ги развиорат за време на нејзиниот настап. Протести и безбедносни мерки Протести против учеството на Израел на Евровизискиот натпревар веќе се одржаа во Базел, а дополнителни демонстрации се очекуваат вечерва. Организаторите ги засилија безбедносните мерки, вклучително и забрана за внесување политички транспаренти и симболи во салата. На израелските навивачи им е советувано да не носат религиозни симболи од безбедносни причини. Ангажирани се околу 1.300 полицајци. Дополнителни сили беа повикани од швајцарските вооружени сили, Федералната полиција и соседните земји Германија и Франција. View this post on Instagram A post shared by יובל רפאל | yuval raphael (@yuvalraphael) Контроверзност околу учеството на Израел Пред почетокот на Евровизискиот натпревар за песна во 2025 година, повеќе од 70 поранешни учесници на Евровизија - вклучувајќи ги и победниците - потпишаа отворено писмо до Европската радиодифузна унија (ЕБУ) барајќи Израел да биде исклучен од натпреварот. Многу фанови, исто така, повикаа на нов бојкот на натпреварувањето, по минатогодишниот бојкот во 2024 година. Податоците објавени еден ден по финалето покажаа дека Евросонг го гледале 25% помалку гледачи во Велика Британија таа година отколку во 2023 година. Организаторите на натпреварот постојано ја нагласуваат важноста на политичката неутралност. Сепак, минатите одлуки, како онаа за исклучување на Русија, ја доведоа во прашање оваа неутралност. И покрај притисоците, ЕБУ ја поддржува израелската јавна телевизија и нејзиното право да учествува. Без оглед на контроверзноста, Израел се смета за еден од фаворитите за пласман во финалето.Тагови: Евросонг Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКога обврските ја потиснуваат романтиката – Како повторно да внесете блискост во односотСтресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост. Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот. Зошто стресот влијае на желбата за интимност? Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот. Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти. Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација. Како повторно да се разбуди блискоста? Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат. Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг. Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето. Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот. Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос. Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter