Израел тврди дека ги нападнал јеменските пристаништа контролирани од Хутите - Канал 5

Израел тврди дека ги нападнал јеменските пристаништа контролирани од Хутите

 Израел денеска објави дека нападнал и сериозно оштетил пристаништа во Јемен контролирани од Хутите. 

Израел тврди дека ги нападнал јеменските пристаништа контролирани од Хутите

Во исто време, министерот за одбрана Израел Кац вети дека ќе го пронајде и убие лидерот на јеменските бунтовници Абдул Малик ал-Хути.

Според телевизијата „Ал-Масира“, контролирана од Хутите, Израел ги нападна јеменските пристаништа Ходеида и Салиф на брегот на Црвеното Море.

Хутите продолжуваат да испукуваат ракети кон Израел во знак на солидарност со Палестинците во Газа, и покрај тоа што се согласија да ги запрат нападите врз американските бродови.

Израелската војска, која изврши повеќекратни одмазднички напади врз цели на Хутите, вчера пресретна ракета истрелана од групата.

Порано оваа недела, Израел издаде наредби за евакуација од пристаништата Рас Иса, Ходеида и Салиф, велејќи дека ги користат јеменските бунтовници Хути, кои се сојузници на Иран.

Мизрахи од Виница: Наследивме девастирана држава, економијата ни е во фокусот

Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на нашата татковина.

Мизрахи од Виница: Наследивме девастирана држава, економијата ни е во фокусот

Пред нешто повеќе од една година, наследивме девастирана држава, пеплосана, оставена во безредие и наше е да градиме, и да градиме се од почеток.

Економијата остана главна во фокусот на нашето внимание, меѓутоа не помалку и инфраструктурните решенија, зголемување на пензиите, зголемување на одредени плати, исплаќање на застарените субвенции, заостанатите долгови, меѓутоа исто така и редовни исплаќања на новите субвенции.

Во општината се добиени околу 150 милиони денари за инфраструктурни решенија од различен тип, за различни типови на градење. Продолжуваме и понатаму така, за Македонија! , рече Рашела Мизрахи, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Драма на Косово: Маж испука рафал од калашников по кавга за паркинг среде Пеќ (ВИДЕО)

Драматична сцена е снимена во Пеќ кога маж отворил оган со АК-47 пред приватна компанија!

Драма на Косово: Маж испука рафал од калашников по кавга за паркинг среде Пеќ (ВИДЕО)

Инцидентот, кој се случил на паркингот на компанијата во среда наутро, бил снимен од надзорна камера. Локалните медиуми јавуваат дека драмата започнала кога вработените го замолиле мажот повторно да го паркира автомобилот. Мажот си заминал, но подоцна се вратил со квадбајк со калашников од која пукал во воздух. Потоа избегал, но полицијата го пронашла еден ден подоцна и го привела. Осомничениот бил испрашуван по наредба на надлежниот обвинител.

YouTube video

На местото на инцидентот се пронајдени многу докази.

Компанијата пред која се случил инцидентот сè уште не дала коментар, објави Телеграф.

Во Кочани се одржа петнаесетиот „Марш на ангелите“

Родителите, семејствата и пријателите на младите кои ги загубија животите во пожарот во клубот „Пулс“ повторно излегоа на Марш на ангелите низ улиците на Кочани.

Во Кочани се одржа петнаесетиот „Марш на ангелите“

Маршот и оваа сабота започна во осумнаесет часот и пет минути...

Време кое како што порачаа порисутните симболично ја претставува доцната и за жал, фатална институционална реакција....

Од пред зградата на Општина Кочани каде имаше и обраќања, упатија критики кон локалната и централната власт, како и кон политичките партии од власта и опозицијата

YouTube video
.

притисни ентер