Израел повлече драстичен потег против Палестинците, ги игнорираа предупредувањата на САД - Канал 5

Израел повлече драстичен потег против Палестинците, ги игнорираа предупредувањата на САД

Парламентот на Израел гласаше за забрана на агенцијата на Обединетите нации стара речиси осум децении, која обезбедува услуги за палестинските бегалци, што може да има катастрофални последици за милионите Палестинци кои живеат под израелска окупација.

Израел повлече драстичен потег против Палестинците, ги игнорираа предупредувањата на САД

Кнесетот вечерва донесе два закони; Едниот ѝ забранува на UNRWA да дејствува внатре во Израел, а другиот им забранува на израелските власти да имаат каков било контакт со UNRWA - поништувајќи го договорот од 1967 година што му дозволува на UNRWA да обезбедува услуги за палестинските бегалци во областите под израелска контрола, објави Си-Ен-Ен.

Се стравува дека овој потег сериозно ќе ја ограничи Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) во нејзините активности во областите под израелска окупација.

По усвојувањето на првиот закон, членот на Ликуд и изготвувач Боаз Бизмут изјави: „Секој што се однесува како терорист нема никакви права во Израел... UNRWA е еднаква на Хамас, точка“.

Одлуката е донесена и покрај силното противење на арапските членови на Кнесетот и силниот меѓународен притисок од западните земји.

Неколку земји, вклучително и САД, изразија длабока загриженост поради контроверзната забрана, која може да влијае на образованието, исхраната, здравствената заштита и егзистенцијата на милиони Палестинци кои зависат од Агенцијата.

Пред гласањето, Стејт департментот го повика Израел да не го усвојува законот, нагласувајќи дека агенцијата во моментов има „незаменлива улога во Газа“. Државниот секретар Антони Блинкен претходно го предупреди Израел дека усвојувањето на законот може „да има последици според американскиот закон и американската политика“.

Израел долго време се обидува да го укине телото на ОН, тврдејќи дека некои од неговите вработени се поврзани со Хамас и дека училиштата на Агенцијата промовираат омраза кон Израел. УНРВА постојано ги отфрла тие обвинувања наведувајќи дека „нема апсолутно никаква основа за генерализацијата дека „институцијата е целосно инфилтрирана“.

UNRWA беше основана од Обединетите нации една година по формирањето на Израел во 1948 година, што доведе до раселување на стотици илјади Палестинци од нивните домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајка

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди.

Златан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајка

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди, сепак, како што често се истакнува, тој никогаш не го заборави своето тешко детство, ниту семејството кое се соочи со бројни животни предизвици.

Неговата мајка, Јурка Гравиќ, зазема посебно место во неговиот живот. Според медиумските извештаи, Златан ѝ подарил нешто навистина извонредно на својата мајка – ѝ купил црква во Шведска, чија вредност изнесува 9,24 милиони евра.

Покрај црквата, тој ѝ купил стан на мајка си во Новаља, а обезбедил и луксузен имот за својата сестра, Санела.

Овие гестови често се наведуваат како доказ за неговата посветеност кон семејството, кое – и покрај неговата светска слава и успех – останало негов најголем приоритет.

Зад животот што го води Златан денес, стои тешка семејна историја. Неговата мајка, Јурка – која потекнува од селото Пркос во околината на Задар во Хрватска – заминала за Германија на само 17-годишна возраст, во потрага по подобар живот. Како што своевремено раскажа нејзиниот брат, Гојко Гравиќ, таа токму таму ги добила ќерките Моника и Виолета, со својот прв сопруг.

Откако тој брак завршил, таа се омажила за таткото на Златан, Шефик Ибрахимовиќ – познат како „Кинко“ – фолк-пејач од Бијелина. Тие добиле две деца, Златан и Санела, но семејството подоцна се соочило со бројни тешкотии.

По вториот развод, Јурка живеела со своите деца во Малме, каде што животот бил сè, само не лесен. Златан во неколку наврати зборувал за своето растење во сиромаштија, истакнувајќи дека токму тие искуства го научиле да го цени она што го има денес. „Растев во сиромаштија, но тоа ме научи да го ценам она што го имам денес. Семејството за мене отсекогаш било на прво место“, изјавил фудбалерот.

Денес, Ибрахимовиќ поседува бројни недвижнини, вклучително и вила во Калифорнија – проценета на околу 1,5 милиони евра – која располага со тениски терен и базен. Во приватниот живот, тој ужива во времето поминато со својата сопруга Хелена, која е 11 години постара од него. Исто така, не е многу познато дека неговиот татко, Шефик Ибрахимовиќ, бил фолк-пејач кој настапувал низ цела поранешна Југославија. Тој дури му посветил и песна на својот син, насловена „Злато, Златане“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер