3Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти
3Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
СветИзраел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа Израел и милитантната палестинска организација Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Трамп на Truth Social.- Ова значи дека сите заложници ќе бидат ослободени многу скоро, а Израел ќе ги повлече своите трупи до договорената линија како прв чекор кон силен, траен и вечен мир, напиша Трамп. - Ова е голем ден за арапскиот и муслиманскиот свет, за Израел, сите соседни нации и за Соединетите Американски Држави. Им благодариме на посредниците од Катар, Египет и Турција, кои работеа со нас за да го направат овој историски и невиден настан возможен, додаде тој. Според израелски извештаи, околу 48 заложници сè уште се држат во Појасот Газа, а 20 од нив се живи. Неколку моменти по објавата на Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огласи на X. - Со Божја помош ќе ги вратиме сите дома, напиша тој. Во втора објава додаде дека „ова е дипломатски успех и национална и морална победа за државата Израел.“ - Од самиот почеток јасно кажав: Нема да се одмориме додека сите наши заложници не се вратат и сите наши цели не бидат постигнати … Преку цврста решителност, силна воена акција и големите напори на нашиот голем пријател и сојузник, претседателот Трамп, стигнавме до оваа критична пресвртница, изјави Нетанјаху. Хамас потврди дека постигнал договор „кој предвидува крај на војната во Газа, повлекување на окупациските сили, влез на хуманитарна помош и размена на затвореници“ се наведува во соопштението на организацијата. - Ги цениме напорите на нашите посредници и браќа од Катар, Египет и Турција. Го цениме и ангажманот на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој се стреми да донесе конечен крај на војната и целосно повлекување на окупацијата од Појасот Газа, стои во текстот. Разговорите меѓу преговарачите од Израел и Хамас се одвиваат веќе неколку дена во египетското летувалиште Шарм ел-Шеик. Мировниот план на Трамп од 20 точки предвидува Израел да ги повлече своите сили во Газа до „иницијална линија на повлекување“ во замена за ослободување на заложниците, кои се држат во заробеништво повеќе од две години. Според планот, Израел би требало да ослободи околу 250 Палестинци осудени на доживотен затвор и уште околу 1.700 лица приведени по терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Конфликтот во Газа почна по терористичките напади на Хамас и други палестински екстремисти врз Израел во октомври 2023 година, кога беа убиени околу 1.200 лица, а повеќе од 250 беа киднапирани. Оттогаш, според податоците на здравствените власти под контрола на Хамас – кои Обединетите нации и меѓународните организации ги сметаат за веродостојни – во војната во Газа се убиени повеќе од 67.000 Палестинци.Тагови: Израел Хамас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, КасисУнапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ. На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаСтојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проектиПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи. Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите. Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%. Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%. Значи споредуваме 2 со 7 години. Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени ! Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“. Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој. Затоа овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура. Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија. Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter