3Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје
ЖивотИзраел им забрани на граѓаните да ја напуштат земјата со авионИзраел им забрани на своите граѓани да ја напуштат земјата со авион, наведувајќи безбедносни причини по ескалацијата на непријателствата со Иран, објавија медиумите од Блискиот Исток.Според израелскиот весник „Хаарец“, владата им наредила на домашните авиокомпании да не им дозволуваат на израелските граѓани да се качуваат на појдовни летови, бидејќи расте стравот од можни ирански одмазднички напади врз израелските аеродроми. Аеродромот „Бен Гурион“, главниот меѓународен аеродром во Израел, е затворен „до понатамошно известување“. Според „Мидл Ист Монитор“, одлуката наводно е донесена поради загриженоста на безбедносните службеници за ризикот од пренатрупаност и можни масовни жртви во случај на ирански напад врз аеродромите. Израелската министерка за транспорт Мири Регев ја објави мерката, велејќи: „Во оваа фаза нема да дозволиме Израелците да патуваат во странство“. Таа објасни дека само странски државјани - како што се дипломати и туристи - моментално смеат да ја напуштат земјата. Регев, исто така, потврди дека владата подготвува операција за репатријација на повеќе од 100.000 израелски граѓани кои моментално се во странство, ветувајќи дека процесот ќе се спроведува „постепено и на планиран начин“. Сепак, одлуката предизвика критики. Бени Ганц, лидер на израелската Партија за национално единство и член на воениот кабинет, ги осуди изјавите на Регев, пишувајќи на платформата „X“ дека не е работа на министерот да суди. Ограничувањата за патување доаѓаат по израелскиот напад врз аеродромот Машхад во Иран, што предизвика стравувања дека аеродромите сега би можеле да се сметаат за легитимни цели. Тагови: авиолинии Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео- Фото: Дурант го направи најскапиот селфи на Светското првенство: Меси, Ѓоковиќ, Брејди... Мајкл Рубин, американски бизнисмен чие богатство се проценува на 12 милијарди долари, објави селфи на кое е во друштво на голем број ѕвезди од светот на спортот и шоу-бизнисот.Фотографијата, која веднаш привлече светско внимание по објавувањето, е направена за време на фестивалот Фанатикс, глобалната дигитална спортска платформа на Рубин. За селфи да ја опфати оваа поголема група, потребен беше некој со долги раце... Изборот беше лесен: Кевин Дурант, еден од најголемите кошаркари на НБА во последната деценија, со телефонот во рака (стапчето за селфи беше излишно), го овековечи овој навистина незаборавен момент. Дурант се „улови“ себеси, најтрофејниот свтески тенисер Новак Ѓоковиќ, капитенот на Шпанија Родри, легендата на американскиот фудбал Том Брејди, аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, раперот Тревис Скот, екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација Рио Фердинанд, волшебникот со буба мара Лионел Меси, Рубин и комичарот Кевин Харт. На втората фотографија, која е направена од друг агол и го прикажува моментот на правење на селфито, во кадарот се и селекторите на Аргентина и Шпанија, Лионел Скалони и Луис де ла Фуенте. 🇦🇷🇪🇸 El saludo de Scaloni con Luis de la Fuente y Rodri tras el cara a cara previo a la final #DAZNMundial pic.twitter.com/BfM3iPyl1r — DAZN Fútbol (@DAZNFutbol) July 17, 2026 Тагови: Кевин Дурант Лионел Меси Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен кошаркарот на Србија, Урош Плавшиќ ! Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, српскиот репрезенативец Урош Плавшиќ, е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград под сомнение за напад врз обезбедувач на Военомедицинската академија (ВМА).Како што пренесува „Спортињо“, инцидентот се случил во текот на ноќта меѓу 16 и 17 јули, кога Плавшиќ наводно ја прескокнал оградата на ВМА и стигнал до шалтерот за прием бр. 2, каде што физички нападнал воено лице кое било на должност. Обезбедувањето успеало да го совлада напаѓачот и веднаш ја известило Воената полиција за инцидентот. Потоа, припадниците на Воената полиција го предале Плавшиќ на патрола на Министерството за внатрешни работи. Во инцидентот, припадникот на обезбедувањето се здобил со полесни повреди на главата и раката. На Плавшиќ му е одреден притвор во траење до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело напад врз воено лице при вршење воена служба, а за понатамошните чекори ќе одлучи надлежното обвинителство. Инаку, како штпо пренесуваат дел од српските медиуми само неколку часа пред апсењето, Плавшиќ и неговата сопруга, инфлуенсерката Јована Томиќ, организирале голема црковна венчавка и прослава за семејството и пријателите. Двојката претходно стапила во граѓански брак пред една година, на интимна церемонија. Плавшиќ неодамна стана играч на романскиот клуб Клуж.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСилен земјотрес регистриран во источниот дел на ТурцијаЗемјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди источниот дел на Турција. Потресите беа почувствувани во неколку провинции, а засега нема извештаи за жртви или материјална штета. Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната турска провинција Малатија рано утринава, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случи во 6:20 часот по локално време, со епицентар во областа Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД. A 5.0-magnitude earthquake strikes southeastern Turkey. pic.twitter.com/UC9pmvkK3o — Beirut Wire (@beirutwire) July 18, 2026 Потресот се почувствувал и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа. АФАД соопшти дека засега нема извештаи за материјална штета или жртви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30