Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари
1Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари
СветИзраел идентификуваше тело на заложник, уште две тела ќе бидат предадени во ГазаИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел го идентификувал телото на заложникот Дрор Ор. Палестинските милитанти вчера го предадоа телото на Ор.Уште две тела на заложници остануваат во Појасот Газа, додека првата фаза од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас се ближи кон завршување. Според договорот за прекин на огнот во Газа, Израел предава тела на 15 Палестинци за секое вратено тело на заложник. Израелската војска соопшти дека Дрор Ор бил убиен од милитанти на Исламски џихад, кои упаднале во неговиот дом во кибуцот Бери на 7 октомври 2023 година. Неговата сопруга, Јонат Ор, исто така била убиена во нападот. Две од децата на Ор, Алма и Ноам, беа киднапирани од милитанти на 7 октомври и ослободени во ноември 2023 година. Тој ден, палестинските милитанти убиле околу 1.200 луѓе и киднапирале 251 лице низ јужен Израел. Киднапираните биле однесени во Појасот Газа. Палестинското Министерство за здравство тврди дека повеќе од 69.700 Палестинци се убиени во израелската офанзива, додека 170.800 се повредени. Бројот на жртви се зголеми за време на прекинот на огнот, како поради новите израелски напади, така и поради пронаоѓањето и идентификацијата на телата на луѓето убиени претходно во војната. Министерството не прави разлика помеѓу цивили и борци во своите бројки. Се вели дека жените и децата го сочинуваат мнозинството од убиените. Министерството води детална евиденција за смртните случаи и повредите во Газа, која независните експерти ја сметаат за генерално веродостојна.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денариСо вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари, социјалните и здравствените обврски имаат приоритет.Денес не расправаме само за уште една измена на буџетските табели. Не расправаме за тоа каде има плус, а каде има минус. Расправаме за тоа како една држава носи одлуки кога економските околности се менуваат, кога меѓународните пазари се неизвесни и кога обврските кон граѓаните мора да се исполнуваат секој ден. Вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година има една јасна суштина: да ги усогласиме приходите и расходите, да го задржиме веќе планираниот дефицит и да обезбедиме средства таму каде што обврската на државата е непосредна — кај пензионерите, семејствата, социјално ранливите граѓани и здравствената заштита. Истовремено, да ја продолжиме работата на инфраструктурата и да не трошиме средства само за да покажеме висок процент на хартија. Да почнеме од прашањето што секој граѓанин би можел да си го постави: зошто втор ребаланс за една година? Кога беше подготвуван претходниот ребаланс, меѓународните движења изгледаа поинаку. Геополитичката неизвесност, конфликтите и цените на енергенсите дополнително го усложнија економското опкружување. Државата реагираше со мерки за намалување на акцизното оптоварување на бензините и дизелот, со цел да го ублажи ценовниот удар врз домаќинствата и стопанството. Таа одлука има своја цена во буџетската каса. Но има и своја цел: граѓанинот и компанијата да не го понесат целиот товар од меѓународниот шок. Ова е важно и да се каже поради една едноставна вистина: Македонија не може да ја одредува светската цена на нафтата, но може да одлучи како ќе реагира кога таа цена ќе го погоди секое семејство. Пониската акциза не е бесплатна мерка за државниот Буџет. Таа го намалува просторот за другите расходи. Токму затоа мора да биде придружена со реална приходна проекција и внимателен избор на приоритетите. Државата не може да го укине надворешниот ризик, но може да не го префрли целиот товар без реакција врз своите граѓани. Одговорната политика не значи да се правиме дека ништо не се сменило. Одговорната политика значи навреме да ја смениме пресметката, без да ја изгубиме насоката. Буџетот не е догма. Буџетот е инструмент за управување со реалноста. Сега малку бројки. Вкупните приходи се проектираат на 374,2 милијарди денари, односно околу 5,3 милијарди денари помалку од претходниот ребаланс. За ист износ се намалуваат и планираните расходи, на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари односно 4,1 процент од проектираниот БДП. Да бидеме прецизни. Велиме дека дефицитот не се зголемува во однос на јулскиот ребаланс. Тој е повисок од првично планираниот со Буџетот за 2026 година и тоа не го криеме. Но со овој, втор ребаланс, и покрај надолната корекција на приходите, не додаваме ново зголемување на веќе утврдениот дефицит. Токму тука се гледа логиката на приспособувањето. Некој можеби ќе праша: ако се намалува приходниот план, дали тоа значи дека економијата запира? Не. Ајде да ја видиме реализацијата, настрана од политичките впечатоци. За првите девет месеци од годината остварени се 261,1 милијарда денари приходи и 300,8 милијарди денари расходи. Даночните приходи изнесуваат 150,2 милијарди денари. Од ДДВ се наплатени 67,5 милијарди; од данок на личен доход 26,7 милијарди; од данок на добивка 20,1 милијарда денари – без исклучок скоро секаде наплатата е двоцифрена бројка повисока од претходната година. Социјалните придонеси достигнуваат 89,7 милијарди денари, со годишен раст од 8,4 проценти. Ова укажува дека има економска активност и дека постои соодветно добро квалитетна наплата. Но има и категории, како акцизите, кај кои што годишната проекција мора да биде намалена. Акцизните приходи во новиот план се коригираат од 34,2 милијарди денари на 30,4 милијарди денари. Тоа е разлика од 3,8 милијарди и причината се интервентните мерки кај горивата. Истовремено се коригираат и неданочните приходи и донациите. Одговорно е да се признае и да се вгради во Буџетот, наместо да се брани бројка за која повеќе можеби и нема доволна основа. Важен е и податокот за септември. Според деветмесечната реализација, дефицитот изнесува 39,7 милијарди денари. И една многу клучна информација, во однос на состојбата до август, тоа е дополнително зголемување од околу 1,5 милијарди во септември — многу помалку од просечниот месечен дефицит во првите осум месеци. Тоа е охрабрувачки сигнал за месечната динамика, но и обврска внимателно да се управува до крајот на годината. Почитувани, Ниту еден ребаланс не може сериозно да се оцени ако ја игнорираме економијата којашто стои зад него. Во првиот квартал реалниот БДП растеше 3,1 процент. Во вториот — 4,3 проценти. За целото прво полугодие растот изнесува 3,7 проценти што е над годишната проекција од 3,5 проценти. Градежништвото во првото полугодие бележи раст од 15,1 процент, а нискоградбата дури 34,7 проценти. Бруто-инвестициите растат за 9,3 проценти. Услугите растат 3 проценти, индустријата просек 1,6 проценти. Тоа не значи дека сите сектори растат подеднакво, но значи дека економијата има реална активност, особено таму каде што се гради и се инвестира. Просечната нето-плата во периодот јануари–јули бележи номинален раст од 7,5 проценти. Во вториот квартал бројот на вработени е поголем за над седум илјади споредено со истиот квартал претходната година. Просечната инфлација за деветте месеци е 3,6 проценти, а годишната проекција е ревидирана надолу за 3,8 проценти. Не велам дека ценовните притисоци исчезнале. Велам дека политиките мора да одговорат на нив со конкретни и одмерени одлуки. Дополнителен показател се и странските директни инвестиции. Во првото полугодие, според детална анализа, тие изнесуваат 279,1 милион евра и бележат раст од 52,3 проценти споредено со овој период минатата година. Не смееме да ја мешаме моменталната економска динамика со автоматската гаранција за идниот раст. Затоа Буџетот мора да биде и социјално одговорен, но и развојно ориентиран. А сега доаѓаме до прашањето што е за мене најважно: што добиваат граѓаните од оваа прераспределба односно од овој ребаланс? Социјалните трансфери се зголемуваат за околу 3,65 милијарди денари и достигнуваат 212 милијарди денари. Од тоа, за социјални надоместоци се обезбедуваат дополнителни 1,44 милијарди, за пензии дополнителни 1,34 милијарди денари, а за здравствена заштита приближно 887 милиони денари. Тоа не се апстрактни ставки. Зад нив стојат луѓе, семејства и обврски коишто не може да чекаат подобра година или понормална, би кажал, во овие услови економија. Пензијата не е милостина. Таа е право. Здравствената заштита не е ставка што може да се остави за утре. Таа е потреба што постои денес и токму затоа социјалните и здравствените обврски имаат приоритет. Буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади се зголемува за околу две милијарди денари. Во материјалите и во средствата коишто се издвојуваат постојат дополнителни средства за ранливите категории, за социјалната помош, народните кујни и социјалните услуги. Ова се конкретните потреби на луѓето, а не декоративни формулации во образложение на еден закон. И тука сакам да нагласам: социјалната политика не се мери само по висината на средствата. Таа се мери и дали помошта стигнува до оние на коишто им е најпотребна, дали услугите се достапни, дали исплатите се навремени. Ако на едно семејство му доцни надоместокот, ништо не му значи колку убава е табелата. Затоа се обидуваме и затоа до сега никој издаток или никоја обврска на државата не е задоцнета и континуирано ги зголемуваме. И токму затоа и толку се бориме и толку работиме на подобрувањето на условите за животот на граѓаните. За земјоделците се предвидува дополнителна поддршка, вклучително и 150 милиони денари во Интервентниот фонд за производителите на ориз. За производителите на јаболка се предвидува поддршка од постојните средства. И тука пораката треба да биде јасна: поддршката мора да стигне навреме, затоа што земјоделцитте и земјоделскиот циклус не ги чекаат нашите седници. Почитувани колеги, Знам кое ќе биде следното прашање во дискусијата- капиталните инвестиции. Ајде да зборуваме отворено и за нив. Со овој предлог капиталните расходи се намалуваат за околу 5,7 милијарди денари во однос на претходниот ребаланс и се планираат на 40,12 милијарди денари. Тоа е факт. Но исто така е факт дека новата рамка е практично на нивото на првично усвоениот Буџет за 2026 година и е значително повисока од првичниот капитален план за 2025 година односно рекордно ниво на одвоени средства за реализација на капитални инвестиции. Што е уште поважно, до септември капиталните расходи достигнуваат 25,3 милијарди денари, што е за 23,9 проценти повеќе од истиот период претходната година. За Коридорите 8 и 10-д се издвоени 6,3 милијарди денари, а за инфраструктурните проекти во општините 3,6 милијарди, и ова е реализација, не е само најава. До крајот на годината, за целосната реализација на новиот капитален план, преостануваат уште 14,8 милијарди денари. Тоа не е мала задача за последните три месеци, затоа оваа бројка треба да се операционализира. И фер е, и коректно е да објасниме зошто и од каде се кратат тие 5,7 милијарди денари. Кога ќе видите таму имате проекти коишто или се во фаза на реализација или заради неуспешната тендерска постапка којашто не може да се стигне до крајот на годината тие средства се трансферирани за наредната година. Таму кадешто ќе видите кратење од Министерството за енергетика, треба да знаете дека тие не се средства коишто се кратат од реализација на проект туку се средства од коишто оваа Влада со преговори успеала да издејствува дека нема да го плати гасот што нема да го троши односно ќе го плати само она коешто ќе го потроши наместо она коешто претходно било договорено дека ќе го плати и тоа коешто нема да го потроши. Затоа овие средства се кратат и мислам дека треба реални да бидеме. Патните проекти на Коридорите 8 и 10-д, автопатот Скопје–Блаце и локалната патна инфраструктура остануваат дел од развојните приоритети. Продолжува финансирањето на железничката инфраструктура, меѓу другото и на источниот дел од Коридорот 8, пругата кон Бугарија. За железничка развојна потпрограма, и покрај прераспределбата помеѓу изворите, се планира нето-зголемување од 281 милион денари. Ќе завршат со реализацијата, како што и ќе почнат да се градат нови водоводи, канализации, пречистителни станици, регионални системи за управување со отпад, училишта, студентски домови, детски градинки, здравствена и земјоделска инфраструктура. Тие проекти имаат различна динамика и не треба да ги претставуваме како веќе завршени. Нашата должност е секој од нив да има јасен рок, одговорна институција и видлив резултат. Да не заборавиме нешто и што директно го чувствуваат општините: тековните дотации кон локалната самоуправа остануваат на околу 35,8 милијарди денари. Во септември се трансферирани средствата за блок-дотациите и наменските дотации, како и средствата коишто се одвојуваат од општините по Законот за ДДВ. Ова е предвидливост за локалните услуги, додека капиталните проекти продолжуваат според својата динамика, којашто може да се види и е видливо на терен. Некој ќе рече дека социјалните расходи се зголемуваат, а капиталните се намалуваат, можеби и тоа е точно. Тоа е структурата на овој ребаланс. Но економската политика не е натпревар на тоа кој ќе ја изговори најголемата капитална бројка. Економската политика е умешност во конкретен момент на ваква криза да ги усогласиш потребите, можностите и роковите. Подобро е реална планираност со јасна одговорност отколку висока ставка која ќе остане неискористена — под услов проектот да не се заборави и одложувањето да има јасно објаснување. Граѓаните знаат и веруваат во нас дека ќе го оствариме секое ветување. Не постои педа во Македонија каде што во моментов нема започнат некој проект. Па ние сме држава во којашто во еден момент, каде како што никаде во Европа не е случај, се градат однеднаш шест нови автопати. Сакам да бидам јасен и за јавниот долг. Планираните годишни одливи за сервисирање и други финансиски обврски изнесуваат околу 76,6 милијарди денари. До септември, според доставениот деветмесечен просек, се исплатени околу 64,6 милијарди денари главница. Обврските на државата мора да се исполнуваат навреме. Иако сите долгови досега, коишто ние ги враќаме, се земени во некое друго, претходно време. Истовремено, долгот и дефицитот бараат дисциплина, не смееме да ја замениме одговорноста со купен мир, кој секогаш ќе биде наплатен- кога тогаш. Како што ние го плаќаме денеска, за некое друго, претходно време. Тука доаѓаме и до поширокото прашање: што значи фискалната дисциплина? Не значи да кажеш дека сите расходи се совршени. Не значи да ги затвориш очите пред реализацијата. Фискална дисциплина значи да ги покажеш промените, да ги корегираш проекциите, да ги финансираш обврските и да објасниш зошто си избрал една ставка пред друга. Фискалниот совет, според анализата што ја имаме, предупредува на ограничен простор, висок дефицит и потреба од подобра капитална реализација и таквите забелешки на крајот од денот, и треба да се слушнат. Сериозна економска политика не се плаши од проверка. Таа одговара со податоци, рокови и резултати. Токму затоа ќе биде важно внимателно да ја следиме реализацијата до 31 декември. Нормално е во оваа сала да има различни политички оценки. Нормално е да се поставуваат прашања за капиталните кратења, јавниот долг и за дефицитот. Но сериозна опозиција и уште посериозно мнозинство имаат една заедничка обврска: да користат исти споредбени основи. Ако се споредува вториот ребаланс со јулскиот, тоа мора да се каже. Ако се споредува со првичниот Буџет, и тоа мора да се каже. Не може денес да се цитира една бројка, а утре да се цитира друга бројка, а од двете да се создава заклучок којшто не произлегува од фактите. Граѓаните заслужуваат многу повеќе од таква расправа. Почитувани, Овој втор ребаланс не треба да го оценуваме со речникот на првиот. Тогаш зборувавме за зголемување на капиталната рамка. Денес зборуваме за нејзиното усогласување со изведбата, за задржување на дефицитот и за дополнителни социјални обврски. Околностите се многу различни. Но принципот мора да биде ист: јавните пари да бидат планирани реално и користени во интерес на граѓаните. Што, на крајот, добиваат граѓаните е крунското прашање. Поголема сигурност за исплатите коишто ги очекуваат. Дополнителни средства за здравствена заштита. Поддршка за ранливите семејства, продолжување на патните, железничките и комуналните проекти. И обврска институциите појасно да одговараат за роковите и реализацијата. Не ветуваме дека со еден ребаланс ќе исчезнат сите економски проблеми. Не тврдиме дека секоја ставка е идеална. Но веруваме дека кога условите се менуваат, најлош одговор е да останеме заробени во старата пресметка. Подобриот одговор е да ја приспособиме, да ги заштитиме најважните обврски и да ја задржиме контролата врз јавните финансии. Затоа мојот, а и ставот на моите колеги од мнозинството е јасен. Ние ќе го поддржиме вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Не само заради тоа што само по себе бројките се политичка победа. Туку затоа што зад нив стои определба државата да реагира навреме, обврските кон граѓаните да не застанат и развојните проекти да продолжат со реални, проверливи рокови. Но и заради тоа што сакаме да покажеме благодарност кон еден тим на луѓе којшто е предводен од министерката Кочоска, дека може со екстра напор дури и во вакви никакви услови да се вади максимум и ниту еден граѓанин да не почувствува дека е оштетен. Нашата задача не е да победиме во расправата со најгласна реченица. Нашата задача е да испорачаме резултат, прво за граѓаните, второ за економијата, и на крај за Република Македонија, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСинот на Арнолд Шварценегер ослабна 113 килограми, татко му се гордее (ФОТО)Нови фотографии од Кристофер Шварценегер, 29-годишниот син на Арнолд Шварценегер, ја откриваат неговата неверојатна физичка трансформација. Тој е фотографиран на 18 октомври во Лос Анџелес за време на прошетка со неговата мајка Марија Шрајвер и неговата девојка, а неговиот мускулест и забележително потенок изглед привлече големо внимание. Кристофер веќе некое време има нова линија и тешко е да се препознае на неодамнешните фотографии. Долготрајна борба со килограмите Борбата на Кристофер со вишокот килограми датира од неговите средношколски денови, кога пробувал разни диети без долгорочен успех. Тој признал дека се чувствувал непријатно носејќи посебни оброци во училиште. Пресвртот се случил во 2019 година, кога сфатил колку неговата тежина го ограничува во неговите секојдневни активности. „Само видов дека мојата тежина ме спречува да правам секојдневни работи“, се присети тој на Самитот за среќно и здраво „Бичер Виталити“ во 2025 година. „Помислив: „Не можам да скокам со падобран“, додаде тој. За да ослабе, пробал различни пристапи кон исхраната и вежбањето, а неговата програма вклучувала кревање тегови, бокс и планинарење. За време на Великиот пост, како посветен католик, тој го отстранил лебот од менито, што, според неговите зборови, предизвикало да изгуби речиси 14 килограми. Според Page Six, од почетокот на неговата трансформација во 2019 година, тој изгубил околу 113 килограми. „Тоа не е нешто што се случува преку ноќ, потребни се многу обиди и грешки“, сподели Кристофер, истакнувајќи дека сè уште не смета дека неговото патување е завршено. „Не чувствувам дека сè уште сум завршил“, додаде тој. Гордиот татко и поддршка од семејството Неговиот познат татко Арнолд Шварценегер зборуваше со гордост за успехот на својот син и рече дека оди во теретана секој ден. Во претходно интервју за The Times, Арнолд објасни дека никогаш директно не се спротивставил на тежината на својот син. „Никогаш не можев да одам кај него и да му кажам: „Имаш прекумерна тежина“. Ние само му нудевме здрава храна. Секогаш го запознававме со теретана и сите тие работи. И потоа, од никаде, тој одлучи дека сака да биде слаб. И сега е“, рече Арнолд. „Секако, фантастично е таа самодисциплина и самомотивација. Секогаш чувствував дека еден ден мора да дојде од него - и така и беше.“ Неговата сестра Кетрин Шварценегер исто така јавно го поддржа, која сподели семејни фотографии на кои се гледа новата фигура на Кристофер за Денот на благодарноста 2025 година. „Толку многу за што треба да се биде благодарен“, напиша таа во тоа време. View this post on Instagram A post shared by Katherine Schwarzenegger (@katherineschwarzenegger) Во сенка на познатото семејство Арнолд Шварценегер и неговата поранешна сопруга Марија Шрајвер имаат четири деца: ќерките Кетрин и Кристина и синовите Патрик и Кристофер. Арнолд има и син, Џозеф Баена, кого го добил во вонбрачна врска со поранешната домаќинка Милдред Баена. Џозеф не знаел кој му е татко сè додека не наполнил 13 години. Марија Шрајвер поднела барање за развод во 2011 година по 25 години брак. За разлика од некои членови на неговото семејство, Кристофер најчесто го држи својот приватен живот подалеку од јавноста. Дипломирал на Универзитетот во Мичиген во 2020 година. Иако неговиот татко е икона на бодибилдингот, Кристофер го пронашол патот кон поздрави навики со свое темпо, а неговата трансформација покажува колку упорноста и доследноста му го промениле животот. Многумина исто така коментираат како сега тој сè повеќе личи на својот полубрат Џозеф, кој ги следел стапките на својот татко и се посветил на бодибилдингот.Тагови: Арнолд Шварценегер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕУ го награди Меѓународниот кривичен суд- Трамп му воведе санкции (ВИДЕО)Европскиот парламент ја додели наградата Сахаров за слобода на мислата за оваа година на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Одлуката е јасен одговор на американските санкции кои ја поткопуваат работата на судот. Наградата се доделува на поединци и организации кои ги бранат човековите права и основните слободи, а претходните добитници се јужноафриканскиот лидер Нелсон Мандела и рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави „Еуроњуз“. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави санкции против МКС на 9 октомври. Овој потег дојде како одговор на судската наредба за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и истрага за однесувањето на американските трупи во Авганистан. The International Criminal Court and its officials have been awarded the European Parliament's 2026 Sakharov Prize for Freedom of Thought. Learn more about the laureate here ➡️ https://t.co/zst2LyCbu1 https://t.co/iE0UKp1bp0 — European Parliament (@Europarl_EN) October 22, 2026 „Ова е порака на надеж и отпор до Доналд Трамп. Ние не се откажуваме од владеењето на правото и меѓународната правда. Ќе стоиме зад МКС колку што е потребно“, рече француската европратеничка Клое Ридел, која го номинираше судот. Изборот на победник Лидерите на парламентарните групи го избраа МКС пред двајца други финалисти: танзаниската адвокатка Тунду Лису, која се соочува со политички прогон, и иранските сестри Таране и Ромина Рахими, номинирани во име на сите жртви на прогон од страна на иранските власти. Номинацијата на МКС и неговите службеници беше предложена од клубот на социјалисти и демократи (S&D), а на крајот беше поддржана од другите клубови. Одлуката ги изненади некои аналитичари, кои очекуваа Лиса да ја добие наградата. Just announced 🚨 The Sakharov Prize 2026 has been awarded by the European Parliament to the @IntlCrimCourt and its officials ⚖️ Download our illustrations of the International Criminal Court headquarters: https://t.co/QB4IlvaL4U https://t.co/M5REE4nynQ — European Parliament Audiovisual Service (@europarlAV) October 22, 2026 Притисок врз Европската комисија Минатата недела, претставници од неколку клубови ја повикаа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да го заштити судот, чие седиште е во Холандија, од американските санкции. Тие побараа примена на „сите инструменти што ни се на располагање“, а особено го истакнаа Европскиот закон за блокирање. Овој механизам ги штити компаниите и поединците од ЕУ од ефектите на одредени странски санкции. На 9 октомври, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека заканата со санкции против МКС е „неприфатлива“ и ја потврди посветеноста на Унијата на меѓународното право. И покрај ова, Европската Унија сè уште не презела конкретни чекори.Тагови: Меѓународниот кривичен суд санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00