Израел го обвини Хамас, а Нетанјаху ја прекина посетата на Вашингтон и вети одговор со сила на терористички чин
Израелската армија почна да испраќа војници на границата со Газа, како и да врши мобилизација на резервисти, најавувајќи дека ќе распореди две дополнителни бригади на југот од земјата.
Во 5,20 утринава за време на нападот биле вклучени сирените за воздушни напади во регионите на шарон и Емек Хефер северно од Тел Авив, соопшти израелската армија, појаснувајќи дека ракетата испукана од појасот Газа, доаѓа само една недела по двете испукани ракети кон Тел Авив, што тогаш беше објаснето како наводна грешка на Хамас.
Постои страв дека насилството ќе се интензивира оваа недела бидејќи Хамас се надева дека викендот ќе привлече стотици илјади демонстранти на оградата, за да ја одбележи годината на т.н. Протести марш за враќање, кои почнаа на 30 март 2018 година.
Овој напад врз Мишмерет, кој се наоѓа на 80 километри од појасот газа, е ракетен напад со најдолг досег од енклавата од почетокот на војната во газа во 2014 година, за време на која проектилите стигнуваа и северно од градот Хаифа.