СветИзраел ги повика цивилите итно да го напуштат јужниот и централниот дел на Газа„ИДФ ќе преземе акција против терористичките организации во областа“, се наведува во објавата.Израелските вооружени сили денеска ги повикаа цивилите во јужниот и централниот дел на Газа итно да ги напуштат областите, бидејќи престои нова воена операција, а во меѓувреме американскиот амбасадор во Израел рече дека е „згрозен“ откако Палестинец беше убиен од непријателски израелски доселеници на Западниот Брег, јави ДПА. „Терористичката организација Хамас воспостави терористичка инфраструктура во област означена како хуманитарна зона“, објавија израелските одбранбени сили (ИДФ) на Телеграм. Се наведува дека палестинската вооружена група Хамас вчера истрелала ракети врз Израел од градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа. „ИДФ ќе преземе акција против терористичките организации во областа“, се наведува во објавата. Преку летоци, СМС пораки, телефонски повици и извештаи на медиумите на арапски јазик, ИДФ им нареди на цивилите да се преселат во хуманитарна зона чии граници беа променети. Меѓу погодените области се северните делови на Кан Јунис и источно од градот Деир ал Балах. ИДФ соопшти дека однапред ги предупредува цивилите „за да бидат ограничени штетите за цивилното население и да му се даде можност да се оддалечи од зоната на борбените дејствија“./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во сосВо вторник (10.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Браќа Нуне.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. пилешко филе 150 гр. свежи печурки 100 мл. павлака за готвење 100 мл. масло 50 гр. путер 1 лажица путер од кикиритки сол, бибер и сув зачин Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Тони Менкиноски и Јован ДеспотовскиВечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Тони Менкиноски и Јован ДеспотовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
ЖивотУбава, но и опасна фризура која доведува до опаѓање на косатаСобраната коса во цврсто опавче или пунџа е чест избор на многу жени. Ваквото минималистичко обликување на косата одговара на многу модни комбинации, но стручните лица предупредуваат на што да се внимава за да не изгубите дел од косата. Залижаната коса наназад, т.н. slick back, е редовен избор на припадничките од поубавиот пол. Овие фризури се практични, уредни и ги нагласуваат цртите на лицето. За измазнување на фризурата, најчесто се користат гелови, креми за стилизирање и четки со густи влакна, кои помагаат да се измазни и зацврсти непослушната коса. Но, експертите за нега на коса предупредуваат дека честото практикување на ваков тип фризура може да доведе до проретчување на косата долж линијата на челото. „Ризикот кај цврсто зачешланата коса е тракциска алопеција, односно губење на косата долж линијата на челото и на слепоочниците предизвикано од постојано влечење на фоликулите“, објаснува експертот за нега на коса Тина Муи за „Њујорк пост“. Губењето на косата не се случува преку ноќ, туку е резултат на често и постојано врзување на косата наназад. Според експертите, ваквите фризури можат да придонесат до ќелавост, но тие обично не се главната причина. Во последните години, забележан е пораст на губењето на косата кај жените од сите возрасти. Хормонската или нутритивната нерамнотежа, стресното секојдневие, болест, губење на тежината (вклучително и она предизвикано од лекови) или хроничен недостаток на сон, исто така можат да го нарушат циклусот на раст на косата и да доведат до нејзино засилено опаѓање. Фризурите кај кои косата е зачешлана наназад – доколку се носат премногу често, или премногу затегнато, можат да предизвикаат кршење на влакната, губење на густината или постепено повлекување на линијата на косата наназад. Затоа, експертите советуваат да се намали затегнувањето при собирање на косата. „Олабавете ја фризурата, не го влечете коренот и бидете нежни при чешлањето или стилизирањето. Ако чувствувате болка, пецкање или иритација на скалпот, пуштете ја косата“, советува Шаина Рејнфорд, сопственичка на бренд за нега на коса. Токму пронаоѓањето рамнотежа помеѓу посакуваниот изглед и здравјето на косата е клучно во одржување на нејзиниот квалитет и густина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00