Израел, Данска и Австрија заедно ќе развиваат нова вакцина против корона

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка фондација за истражување, развој и евентуално производство на вакцини против ковид-19.

„Ќе формираме заедничка фондација за истражување и развој и ќе разговараме за можноста за заеднички инвестиции во капацитети за производство на вакцините“, рече Нетанјаху на прес-конференција со данската премиерка и австрискиот канцелар.

Австрија и Данска се расправаат со Европската унија поради доцнењето во набавката на вакцините, а владата исто така е загрижена дека ќе бидат потребни нови вакцини за новите варијанти на коронавирус.

Нетанјаху објави дека 90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина од Pfizer и BioNTech или се опоравиле од вирусот.

Така, неговата земја стана лидер во вакцинацијата во светот, што ќе му користи на израелскиот лидер во кампањата пред парламентарните избори на 23 март, четврти за помалку од две години.

Чешка ги сака вакцините АстраЗенека, што Данска ги укина

По одлуката на Данска целосно да ја прекине употребата на вакцината АстраЗенека, Чешка изрази желба да го преземе вишокот вакцини.

„Подготвени сме да ја купиме вакцината АстраЗенека од Данска“, твитна министерот за внатрешни работи на Чешка, Јан Хамачек.

Вакцината „АстраЗенека“ беше на удар последните неколку недели, бидејќи расте загриженоста дека нејзината употреба може да предизвика смртоносни тромбови. Неколку земји ја ограничија употребата на вакцината, но Данска направи чекор понапред и засега целосно ја прекина нејзината употреба.

Но, понудата на Чешка покажува дека некои земји сепак сакаат да го вакцинираат населението со оваа вакцина. Засега не е јасно дали ваквата продажба меѓу двете земји е дозволена според правилата на ЕУ. Данска не ја исклучила можноста за повторна употреба на оваа вакцина.

Чешката влада е критикувана за бавниот договор за вакцинација. Досега се целосно вакцинирани 768.250 од 10,7 милиони Чеси.

Познато е кога ќе се одржи доделувањето на Оскарите и кои ѕвезди ќе бидат водители

Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд и Рис Витерспун се само некои од славните личности кои ќе учествуваат како домаќини на 93-тата престижна церемонија на Оскарите.

Церемонијата ќе се емитува во недела, 25 април,известува списанието Пипл.

Заедно со нив, на списокот презентери има и некои други големи имиња од актерската и модната сцена - Ангела Басет, Бонг Јун Хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Регина Кинг, Марли Метлин, Рита Морено и Зендаја.

На Пит, минатогодишниот добитник на Оскар во категоријата најдобра споредна машка улога, ќе му се придружат и другите престижни добитници на наградите во 2020 година, Рене Зелвегер, Хоакин Феникс и Лора Дерн.

Организаторите на церемонијата на почетокот на овој месец истакнаа дека сакаат оваа година наградата да изгледа повеќе како филм, а помалку како ТВ-емисија.

Продуцентите годинава испратиле писма до номинираните во кои бараат физички да присуствуваат на церемонијата.

Ова значи дека, за разлика од другите церемонии на доделување на награди, како што се БАФТА и Златниот глобус, на 25 април, нема да ја следиме комуникацијата на актерите и презентерите преку Зум.

За оние кои од која било причина нема да можат да присуствуваат на доделувањето на наградите, Академијата ќе ја преземе наместо наградениот уметник.

Стоилковски: Снемува вакцини, Заев и Филипче се неспособни да обезбедат нови

Снемува вакцини, а Заев и Филипче се уште се неспособни да набават нови за да продолжи имунизацијата во Македонија, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од досега пристигнатите, Заев и Филипче набавија само 3.000 вакцини. Да не беа донациите немаше ниту лекарите и другиот медицински персонал да се вакциниран. Да не беа донациите, и тие ќе требаа да патуваат да се вакцинираат во Србија, или каде и да им отвореа врата, да се смилуваат врз народот оставен на цедило од Заев и од Филипче. Ете тоа е горката вистина, снемува вакцини, Заев и Филипче се неспособни да обезбедат нови, да не беа донациите, и докторите ќе требаше да патуваат да се вакцинираат во Србија!

Не смее да се заборави колку лаги беа кажани за набавка на вакцините, колку лажни изјави беа споделувани дека има договори за вакцини. А, всушност се било лага, се било трка по провизии.

Вакцинацијата во Македонија задоцни цели четири месеци. А, тоа чини животи. Од први јануари до сега има починато над 1.700 луѓе. Над 1.700 жртви поврзани со корона епидемијата и ненавременото справување со неа. Па колкумина од нив можеби ќе беа спасени ако не се мислело на провизии и не смислувале нови лаги за договори за вакцини? И секој нов загубен живот од вирусот оди на совеста на Заев и на Филипче. Да набавеа вакцини, кога тоа го правеа и земјите од регионот, бројот на починати сигурно немаше да биде толку голем.

И денес, четири месеци и 14 дена подоцна Македонија се уште каска зад регионот и зад светот. Полицискиот час кој што е на сила, и најавите за негово продолжување, немаше да бидат потребни, ако се набавеа вакцини на време.

Лакомоста и пред се неспособноста да се набават вакцини на време, донесе урнисана економија, втора година по ред, илјадници уништени животи, загубени членови на семејства, загубени работни места, загуби и трошоци за лекување, цели две години загуби за Македонија. Не постои толкав буџет што може да ги санира овие загуби.

Нема толкав пи-ар тим што може да биде платен од буџетот за ја покрие оваа нечовечност и лакомост во власта. Останува горката вистина дека Заев и на Филипче среде пандемија бркаа провизии! Нема веќе простор за Заев и за Филипче за манипулација со граѓаните. Нема веќе верба дека Заев и Филипче можат да сторат нешто повеќе. После се, за Заев и за Филипче нема ништо друго освен - одговорност!

притисни ентер