Изработката на првите банкноти се одвивала рачно - Канал 5

Изработката на првите банкноти се одвивала рачно

Изработката на првите банкноти се одвивала рачно, симболите го отсликуваат нашето културно-историско минато.

Изработката на првите банкноти се одвивала рачно

Секој симбол на македонската банкнота си има свое посебно значење и ја отсликува нашата историја со која можеме да се гордееме. За изработката на првите бонови беше потребно многу време. Имав многу непроспиени ноќи, но и голема одговорност, вели дизајнерот на првите македонски пари Борче Тодороски за МИА.

Вредносните бонови беа воведени како платежно средство во државата во 1992 година кога престанаа да важат југословенските книжни пари, а кованите пари од 1,2 и 5 денари остана да важат уште една година.

На 7 февруари 1992 година во трезорите на НБРМ беа депонирани 27.858.696 парчиња вредносни бонови. Тие беа издадени во апоенска вредност од 10, 25, 50, 100, 500 и од 1 000 единици и имаа унифициран дизајн, но различна боја. На нив не го пишуваше името на новата национална валута. На предната страна, основниот мотив беше Македониумот, а на задната тутуноберачите.

Тодороски за МИА раскажува дека изработката на боновите се одвивала рачно – цртал со перца, на питографи.

– За изработката на првите бонови беше потребно повеќе време отколку што мислев. Сè се одвиваше рачно – цртав со перца, на питографи. Имав голема инспирација, но и страв и грижа дали ќе успеам. Првите вредносни бонови ги изработував рачно, без некои компјутерски помагала. Менував тушеви во боја на секој половина час, за да постигнам одредена боја и ми беше прилично мачно. Но, други можности и немаше во тоа време, а целата работа требаше да заврши во многу кратко време, објаснува Тодороски за МИА.

Секој симбол на банкнотата ја отсликува нашата историја

Во 1993 година беше пуштена првата серија на банкноти во вредност од 10, 20, 50, 100 и 500 денари. На парите беа претставени нашите најпознати знаменитости, како што се „Свети Софија“ во Охрид, „Свети Јован Канео“, „Самоиловата тврдина“, споменикот „Илинден“ во Крушево, Даут-пашин Амам, Саат кулата на Битпазар, Поглед кон зградата на Народна Банка

Секој симбол на македонските пари, според Тодороски, си има свое посебно значење и ја отсликува нашата историја, со која можеме да се гордееме. Мотивот за изработката, како што вели, е нашето културно историско минато.

За изработката на боновите биле потребни повеќе денови, а отежнителна околност било тоа што немало многу искуство во изработката на парите. Сепак, на крајот, како што вели Тодороски, целиот процес завршил успешно.

-На крајот сè се заврши успешно, во доменот на можностите. Едно нешто кое сакам да го нагласам е големата поддршка која ја имав во тоа време од гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Борко Станоески и тогашниот мој директор во печатницата, Сашо Зафироски, вели Тодороски.

За разлика од боновите, за изработката на македонските денари имало многу повеќе време, а се користела и компјутерска техника.

– После вредносните бонови, при изработката на денарите користевме и помош од компјутерска техника за микротекстови и мрежички, кои пак се обработуваа рачно со разни комбинации. Сепак, и таа помош беше добредојдена за разлика од изработката за боновите, појаснува Тодороски.

За изработката на македонските денари, како што посочува Тодороски, потребни се повеќе елементи – цртеж, гравура, микротекстови, мрежици, заштитни елементи кои не се гледаат со голо око, припрема за печатење…

За Тодороски, најголема инспирација при изработката на парите била довербата што ја имал од државата.

-Постои ли поголема инспирација кога ќе добиете доверба и шанса од државата да бидете дел од екипата која работи на нешто што по првпат се случуваше во нашето постоење? Самостојна држава, со свои пари – тоа тешко се опишува, може само да се доживее. На крајот, успеавме. Можеби ќе можевме и подобро, доколку имавме посовремени средства за работа. Но за жал, немавме, па со тоа што имавме работевме како знаеме и умееме. Благодарен сум на сите кои ми овозможија да бидам мал дел од тие тогашни историски случувања, појаснува Тодороски за МИА.

Изложба по повод 30 години македонската монетарна самостојност

Историјата на денарот како национално платежно средство може да се погледне во Музејот на Народната банка каде е отворена изложбата „В/редности и вредности“ со која се одбележува 30-годишнината на монетарната самостојност. Изложбата беше свечено отворена на 8 јули и е достапна за посетителите во следните шест месеци.

Поставката, преку осум микроцелини, секоја посветена на засебната банкнота, го опишува и толкува културно-историското наследство употребено како предлошка за создавање на нивниот дизајн.

Изложбата е поддржана од седум македонски музеи, коишто обезбедувајќи пристап до артефактите, овозможија да бидат претставени пред пошироката јавност како обележја на македонските пари.

Музејот на Народната банка се наоѓа во зградата на Народната банка на Република Северна Македонија и е отворен за јавноста секој работен ден од 9 до 15 часот. Дозволени се и групни посети, со претходна најава, а влезот е бесплатен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст

Жан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, истакна дека истиот е изготвен во услови на сложено и неизвесно меѓународно економско.

Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст

Жан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, истакна дека истиот е изготвен во услови на сложено и неизвесно меѓународно економско опкружување пропратено со бројни надворешни ризици, геополитички предизвици, нестабилност на енергетските пазари како и неизвесност во глобалните економски текови, додека целта на Владата, во вакви услови, е да обезбеди стабилност, да ги заштити интересите на граѓаните истовремено создавајќи услови и за економски развој на државата.

„Суштинска работа за овој буџет е тоа што е проектиран во насока на одржување на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, зајакнување на фискалната одржливост со јасна определба за фискална консолидација и одговорно управување со јавните финансии“, рече Дрвошанов и додаде:

„Фискалната политика за 2027 година е поставена во согласност со донесената фискална стратегија на Република Македонија за периодот од 2027 до 2031 година. Останува проектираниот буџетски дефицит од 3,5% од БДП и тоа се, во услови на неповолна надворешна клима и висока економска непредвидливост на глобално ниво. Планираниот буџетски дефицит претставува рамка во која ќе се реализираат планираните активности со истовремено водење сметка за динамиката на јавниот долг, одржлива стабилна економија која ќе создаде услови за одржлив релативно висок раст на БДП, а со тоа и подобрување на животниот стандард на граѓаните“.

Дрвошанов истакна дека ваквата проекција на буџетскиот дефицит упатува на негово постепено намалување со намера да се зајакне фискалната дисциплина и да се стабилизира динамиката на јавниот долг.

„Буџетскиот дефицит е предвиден на 45 милијарди денари или 3,5% од БДП. Овие показатели испраќаат важна порака дека државата се движи кон постепено намалување на буџетскиот дефицит со намера да ја зајакне фискалната дисциплина, да ја стабилизира динамиката на јавниот долг. Особено е важно што фискалната консолидација не се спроведува преку запирање на развојните процеси и преку кратење на неопходните средства за граѓаните, туку преку поголема рационалност, подобро планирање и поефикасно користење на јавните ресурси“.

Пратеникот Дрвошанов истакна дека една од побитните улоги на буџетот е обезбедувањето на социјалната сигурност и стабилност на граѓаните и посочи дека за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, за социјална заштита за најранливите категории 14,3 милијарди денари, додека за активните политики и мерки за вработување се предвидени 2,9 милијарди денари, при што ваквиот начин на креирање на социјалната политика освен финансиска помош, како што вели Дрвошанов, треба да создаде и можности за вработување и економска независност на граѓаните во општеството.

„Една од најважните улоги на буџетот е исто така да се обезбеди социјална сигурност и стабилност на граѓаните. Во оваа насока за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари што претставува зголемување за 4,1%. Од овие средства 123,8 милијарди денари се наменети за исплата на пензии или 4,8% повеќе од минатата година. Нашата обврска е да создадеме услови за достоинствен живот на повозрасните граѓани, но истовремено да обезбедиме и долгорочна одржливост на пензискиот систем“, кажа Дрвошанов и додаде:

„За социјална заштита за најранливите категории се планирани 14,3 милијарди денари, за активните политики и мерки за вработување се предвидени 2,9 милијарди денари, додека за исплата на паричен надомест во случај на невработеност планирани се средства во износ од 1,5 милијарди денари. Ова се средства кои треба да обезбедат поддршка за семејствата со ниски приходи, лицата во социјален ризик и оние на кои им е потребна помош од институциите, но социјалната политика не треба да се сведува само на финансиска помош, таа треба да создаде можност за вработување и економска независност и активно учество на граѓаните во општеството“, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан се пофали со гардероберот од 743 квадрати- поголем од многу американски куќи (ВИДЕО)

Ким Кардашијан предизвика бура од реакции на социјалните мрежи откако ги откри импресивните димензии на нејзиниот иден гардеробер. 

Ким Кардашијан се пофали со гардероберот од 743 квадрати- поголем од многу американски куќи (ВИДЕО)

Риалити ѕвездата има простор од приближно 743 квадратни метри, наменет исклучиво за складирање облека и модни додатоци, а снимките од овој простор предизвикаа бројни критики, објави Јаху.

Многу обожаватели ја обвинија дека целосно го изгубила контактот со реалноста на обичните луѓе, оценувајќи дека покажувањето на такво богатство е несоодветно во време кога многумина се соочуваат со финансиски тешкотии.

Ким Кардашијан гради гардеробер од 743 квадратни метри

Оваа тема повторно беше дискутирана во реалното шоу „Кардашијан“, кога Кајли Џенер и Кортни Кардашијан разговараа за реновирање на своите домови. Разговорот набрзо се сврте кон проектот на Ким Кардашијан, откако Кајли ги спомена неверојатните димензии на идната гардероба на нејзината сестра.

„Кортни, ова е всушност најлудата работа што некогаш сум ја видел“, рече Кајли, зборувајќи за просторот наменет за облеката на Ким.

Кога ја прашаа дали мисли дека проектот е претерување, Кајли призна дека го сметала за „малку навредлив“, објаснувајќи дека нејзината сестра има толку многу работи од кои не сака да се откаже.

На снимката прикажана во шоуто на Ким Кардашијан, таа им ја покажа на гледачите работата во нејзината куќа и откри дека целата соба, со површина од приближно 743 квадратни метри, ќе стане нејзин гардеробер.

„Целата оваа соба е мојот гардеробер“, објасни ѕвездата, додавајќи дека ќе има и дополнителен простор за складирање под земја.

Дури и Ким призна дека можеби претерала со своите планови.

„Реков на мајка ми дека мислев дека малку претерав“, призна таа.

Обожавателите ја обвинуваат дека изгубила контакт со реалноста

Откако беше објавена снимката, многу корисници на социјалните мрежи ја критикуваа големината на гардероберот, доведувајќи во прашање потребата од толку многу простор. Некои веруваат дека ова прикажување на луксуз е нечувствително кон луѓето што се соочуваат со финансиски тешкотии.

„Луѓето низ целиот свет страдаат, особено во моментов. Јас го сметам ова за невкусно и одвратно“, напиша еден корисник на Reddit, додека друг додаде:

„Таа е целосно без контакт со реалноста“.

Друг корисник го истакна растечкиот јаз помеѓу екстремно богатите и оние кои работат напорно за да сврзат крај со крај. Тој го критикуваше она што го опиша како раскошно прикажување на богатство и недостаток на социјална свест.

Некои признаа дека ваквите сцени ги натерале да престанат да го гледаат реалното шоу на семејството Кардашијан. Тие рекоа дека шоуто станало постојан приказ на луксуз, а не на забава.

Ким Кардашијан има колекција од околу 30.000 предмети

Гардероберот од 743 квадратни метри на ријалити ѕвездата не е единствениот импресивен простор посветен на нејзината облека.

Во 2022 година, Ким Кардашијан покажа огромен магацин каде што ја чува својата модна архива, која вклучува приближно 30.000 предмети облека и додатоци собрани низ годините.

Другите сестри не ги избегнаа коментарите од корисниците на интернет.

YouTube video

Некои се потсетија на теретаната на Клое Кардашијан, за која се тврдеше дека има околу 929 квадратни метри, како и обемната работа во куќата на Кортни, која вклучува бројни камини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во туристички рај: Десетина мртви и повредени во пожар во Пукет (ВИДЕО)

Единаесет лица загинаа, а 16 други се повредени во пожар што зафати бензинска пумпа на тајландскиот остров Пукет, познат како туристички рај, соопштија официјални лица.

Трагедија во туристички рај: Десетина мртви и повредени во пожар во Пукет (ВИДЕО)

Пожарот на патот Фангмуанг Саи Кор избувна околу 3:15 часот наутро кога трансформатор експлодираше покрај патот, зафаќајќи бензинска пумпа на монети пред продавница за изнајмување мотоцикли, објави „Бангкок пост“.

Пожарот прво зафати една продавница, а потоа се прошири на четири соседни продавници во четирикатна зграда. На пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го стават пожарот под контрола.

Канцеларијата за односи со јавноста во Пукет соопшти дека бензин и мазива се складирани и во продавницата за мотоцикли и дека работниците живеат на горните катови од зградата. Осум жени и тројца мажи загинаа во пожарот, додека четири мажи и 12 жени беа повредени.

Командантот на полицијата во Пукет, генерал-мајор Сурачаи Суксаи, рече дека полицијата има снимки од надзор и сведоци и веќе ја исклучила можноста за палење.

Гувернерот на Пукет, Чотенарин Кердсом, рече дека првичната истрага утврдила дека веројатно се случил краток спој на столб на трафостаница пред продавница за мотоцикли за време на бурата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер