МакедонијаИзминатите два дена регистрирани 1.296 сообраќајни прекршоци, 196 за брзо возењеВо првите два дена, на 1-ви и 2-ри овој месец, продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 1.296 платни налози за сторени прекршоци.Во првите два дена, на 1-ви и 2-ри овој месец, продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 1.296 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. -Притоа, заради неправилно паркирање евидентирани беа 393 прекршоци, 196 за возење со брзина поголема од дозволената, потоа изречена е 101 мерка за управување на возило без возачка дозвола и дури 199 санкции за прекршоци што ги сториле пешаци, информираат деенеска од МВР. Покрај ова, детектирани се 72 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас, шест возачи на мотоцикл кои не носеле заштитна кацига, 32 санкции се изречени за користење мобилен телефон при возење, додека пак 16 возачи се отстранети од сообраќај поради возење под дејство на алкохол, а изречени се осум мерки за минување на црвено светло. -По однос пак на Законот за возила од сообраќај се отстранети 38 возила од кои 14 поради техничка неисправност, а 24 затоа што биле не регистрирани, велат од МВР. Најавваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи зголемена безбедност во сообраќајот и придонес за посигурни патишта.Тагови: МВР, сообраќајот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање. Поднесени се над 100 амандмани. Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то. Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook