Максим Димитриевски:
На крај на месецот ќе имаме сондажи што сакаат граѓаните во однос на моето и на политичкото делување на ЗНАМ.
На претходните избори ЗНАМ покажа дека е позициониран во 50 општини ширум државата.
Покажавме дека не сме приврзок на власта, имаме несогласувања но ги решаваме во рамки на коалицијата.
И Груби доколку беше невин требаше да се појави пред лицето на правдата.
Гледам разногласите во вреди, во политиката не може да седите на две столчиња.
Секој еден кој што има отворена или затворена комуникација со ДУИ, за нас е неприфатливо како партија да биде дел од владејачкото мнозинство.
Лидерската беше форма а не суштина, тој што бил составен дел од проблемите не може да биде дел од решението.
Задоволен сум од работата на Филков.
Градоначалникот на Кочани Папазов покажа морална одговорност, но директна кривична одговорност - верувајте сите обвивиненија кои што ќе бидат поднесени во судска постапка ќе паднат.
Одговорноста за кочанската трагедија е против предизвикувачот и оној што овозможил тоа да се случува.
Пред очите на Брисел се потврдија намерите на Бугарија.
Вардарскиот капацитет е важен за нашата земја, инвестиции во коридорите се од големо значење.