3Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?
3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаИзмените на Кривичниот законик поминаа во СобраниетоСо 76 гласа за и 1 против, Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик со што меѓу другото се модифицираат и казните за Злоупотреба на службената положба и овластување како и несовесно работење во службата.Според власта, новите законски решенија превенираат висока корупција, ја зајакнуваат надлежноста на ОЈО ГОКК и се во согласност со забелешките на ЕК, додека пак за опозицијата новите одредби всушност ги намалуваат казните и амнестираат од одговорност. -Со овој закон се исправува една сериозна неправда направена со измените на Кривичниот законик од септември 2023 година, донесени од претходната власт, со кои беа ублажени казните за корупција, беа избришани клучни одредби за злоупотреби во јавните набавки и беа создадени услови за застарување на предмети од висок профил,- - Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката Јована Мојсоска од Левица, законските измени ги нарече шминкерско решение наместо ригорозни санкции за криминал и корупција од високи функционери, додека лидерот на СДСМ, Венко Филипче е на ставот дека со нив актуелни функционери би избегнале одговорност. -Ова е обид да се прикаже нешто како реформски закон, а на мала врата се дозволуваат амнестии на актуелни функционери,- -Венко Филипче, претседател на СДСМ. -Со ваквото законско решение ние најпрво имаме намалување на казните за злоупотреба на службата како и во делата за злоупотреба на јавни набавки. Второ, се декриминализираат голем дел од делата при злоупотреба на јавни набавки. Сега, за злоупотреба на службена должност, максималната затворска казна е 8 години што во превод значи дека ќе имаме застарување на милионските криминали на функционерите за 16 години. За прв пат воведуваме условна казна за злоупотреба на с.д,- -Јована Мојсоска пратеничка од Левица. Според доставеното образложение во Собранието, измените се направени согласно негативните забелешки на ЕК за борбата против корупцијата како и решението на Уставниот суд да се ревидираат слабостите создадени од претходните измени од 2023та кои предизвикаа застарување на голем број предмети од областа на високата корупција и го намалија опсегот на дејствија вброени во злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата. Во новите законски измени се воведува и службено гонење на семејно насилство како и ново кривично дело за заштита од родовото насилство. Освен тоа се направи и доусогласување со законите потребни за функционирање на Сејф сити. Во меѓувреме целосно новиот Кривичен законик се уште е во подготовка во Министерството за правда и нема информации кога би бил финализиран. -Злоупотреба на службената положба и овластување Затвор од 6 месеци до 3 години : пречекорување на службените овластувања и неизвршување на службената должност со намера да се прибави за себе или за друг некаква имотна корист Затвор од 1 до 5 години: незаконско зголемување на имотот на службено лице Затвор од 1 до 4 години: незаконско прибавување на поголема имотна корист Затвор од 1 до 5 години: незаконско прибавување на значителна имотна корист -Несовесно работење во службата Затвор од 3 месеци до 3 години: несовесно постапување во вршењето на своите службени овластувања и должности Затвор од 6 месеци до 5 години: значителна имотна корист или значителна штета како резултат на несовесно работење Затвор од 6 месеци до 3 години и парична казна: незаконско прибавување на некаква корист како резултат на повреда на законските прописи за спроведување на управна постапка, пропуштање на должен надзор Затвор од 6 месеци до 2 години и парична казна: за дела од небрежност а според неа, комплетно новиот КЗ 7 години се чува во фиока, без намера воопшто да биде донесен. Тагови: кривичен законик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНовак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст. Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами. Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула... View this post on Instagram A post shared by Aman (@aman) Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаЃорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава. - Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаксим Димитриевски во „Само Интервју”Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите? ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња? Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард? Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook