Измамник завршил во затвор, но не ја дава лозинката за 50 милиони евра вредни биткоини - Канал 5

Измамник завршил во затвор, но не ја дава лозинката за 50 милиони евра вредни биткоини

Германските обвинители заплениле биткоини вредни повеќе од 50 милиони евра од еден измамник.

Измамник завршил во затвор, но не ја дава лозинката за 50 милиони евра вредни биткоини

Но тие сега имаат проблем , зашто не можат да ги „отклучат“ парите затоа што осуденикот не сакал да им ја даде лозинката за пристап.

Обвинителот во баварскиот град Кемптен, Себастијан Мурер, го потврдил случајот со човекот осуден за измама , кој не сакал да го открие кодот за пристап до парите,што полицијата постојано се обидува да го разбие и да пристапи до повеќе од 1.700 биткоини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пред Европскиот Совет предлогот за квалификувано мнозинство

Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот Совет. 

Пред Европскиот Совет предлогот за квалификувано мнозинство

И покрај евидентата поделеност околу прашањето кое треба во иднина драстично да го ограничи ветото, европските лидери во Брисел имаат два дена да ги доближат ставовите. Основната цел, како што најави шефицата на европската дипломатија е билатералните прашања да останат на страна.

-Ќе дискутираме и за процесот на проширување. Навистина е важно да не го билатерализираме процесот на проширување. Ако го гледаме процесот на проширување како таков, Европа е многу мал континент. Всушност, треба да бидеме посилни заедно со оние земји што се во Европа. , изјави Каја Калас, висока претставничка за европска и безбедносна политика.

Но, билатералните прашања во Брисел не останаа на страна. Хрватскиот премиер Пленковиќ излезе со список од осум услови за Црна Гора, кои Подгорица треба да ги исполни пред да стане полноправна членка, а се поврзани со хрватските бранители, со имотно-правниот статус на Хрватите во Црна гора и со процесуирање на воени злосторства. Пленковиќ вели досега Хрватска ja имала толеранцијата, што на пример, ја немале Грција и Бугарија кон Македонија.

-Го имате примерот со Македонија, која во времето на Самитот во Загреб во 2000 година беше пред Хрватска од институционалниот аспект, пред Хрватска. Тие се уште не ги отвориле преговорите. Постојат две држави, кои од 2005-та до 2026-та ѝ зедоа 21 година иституционално приближување на Македонија во ЕУ. Хрватска не зазеде таков пристап. , изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.

Црна Гора и денеска во Брисел беше посочена за најнапредна меѓу земјите – кандидатки, а по неа Албанија, Украина и Молдавија, кои наскоро ќе треба да добијат таканаречени патокази за забрзано членство. Унгарскиот премиер Маѓар порача Украина да не се става на брза лента.

-Не постои таков датум (за Украина). Ако го погледнеме Западен Балкан, каде што земји чекаат по 15 години да ѝ се придужат на Унијата, така што, таа не е многу блиску до приклучување. Не веруваме во послаби или посилни членства, во пасивни или паралелни членства. Веруваме само во вистинско членство, кое (за Украина) може да потрае 15 или 20 години. , изјави Петер Маѓар, премиер на Унгарија.

Еврокомесарката Марта Кос, која неодамна го презентираше предлогот за ограничување на ветото, пред два дена призна дека предлогот не е прифатен подеднакво од сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

До крајот на годината нема опасност за недостиг на дизел, можно е и реактивирање на ОКТА, најави Мицкоски

Реактивирање на рафинеријата ОКТА е една од можностите што ја разгледува Владата во услови на глобални стравувања од недостиг на дизел.

До крајот на годината нема опасност за недостиг на дизел, можно е и реактивирање на ОКТА, најави Мицкоски

Рафинеријата не работи од 2012 година, а премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на одржан состанок со најголемите трговци со нафтени деривати и горива, од раководството на ОКТА било побарано да ја разгледа можноста за нејзино повторно активирањее.во очекување на одговорот од ОКТА Мицкоски уверува дека снабдувањето со горива во земјава е стабилно и дека до крајот на годинава не постои опасност од недостиг на дизел.

-Дадовме задача да се преразгледа можноста да се рестартира производниот процес на рафинеријата ОКТА, имајќи предвид дека продуктоводот сега е во функција, односно рафинеријата е физички поврзана со солунското пристаниште, така што може да се носи во иднина сурова нафта и во рафинеријата да се преработува и да се користи за дизел гориво. Инаку, од она кое што го имам од трговците како информација повратна е дека до крајот на годината ние немаме воопшто стравување за било какви недостатоци, напротив. Исто така, неофицијално во приватни разговори од нив ми беше потврдено дека немаат проблеми и за следната година,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Оваа изјава Мицкоски ја даде по најавата за нов инвестициски проект на германската компанија „Кромберт и Шуберт“, која во следните четири години најавУВА нови 2000 работни места во Битола. Во фабриката во индустриската зона Жабени, ќе се произведуваат делови за нов модел на „Ауди“. Со реализацијата на проектот компанијата очекува да достигне околу 10.000 вработени во Македонија, а идната година извозот од производните капацитети кај нас да надмине 400 милиони евра. Комерцијалниот директор Тренковски најави воедување на нови современи технологии, како и поголемо вклучување на домашни инженери во процесот.

-Очекуваме дека ќе ги контактираме сите расположиви инженери, оператори, невработени лица коишто можеби сакаат да ја сменат работата. Доколку не можеме да ги пополниме сите работни места, во право сте дека се зголеми квотата за странци, внимателно ќе одиме и во таа насока. Значи, ние проектот веќе е одлуката падната, ќе биде во Македонија, ќе ги имаме тие работни места,- Ѓорѓи Тренковски – комерцијален директор на „Кромберт и Шуберт“.

Според премиерот Мицкоски не се точни наводите дека во првите шест месеци од годинава имало намалување на странските инвестиции во споредба со истиот период лани. Повикувајки се на податоци од Народната Банка, посочува дека напротив тие се повисоки за над 50 милиони евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Скопје ќе добие современ Луна парк, кој ќе ја врати детската смеа и ќе создаде ново место за забава и заеднички семејни моменти. 

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

По една деценија без еден од омилените простори на најмладите, Град Скопје останува посветен на реализацијата на проектот во рокот предвиден во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски – до крајот на 2027 година.

Новиот Луна парк е замислен како модерен забавен комплекс со разновидни содржини за различни возрасти. Покрај класичните забавни реквизити, предвидени се ролеркостер, панорамско тркало, водени атракции, интерактивни игри и зони за виртуелна реалност, кои ќе понудат целосно ново доживување за посетителите.

Во однос на постапките за набавка и спогодбеното раскинување на договорот склучен по новиот тендер, Град Скопје ја информира јавноста дека станува збор за одлука со која се избегнува двојна набавка на исти реквизити и се обезбедува одговорно трошење на јавните средства.

Имено, по раскинувањето на претходниот договор за набавка на реквизити, склучен во времето на градоначалникот Коце Трајановски, фирмата повела судска постапка против Град Скопје. Судската одлука во корист на фирмата, со која Градот има обврска да ги плати реквизитите, била донесена откако веќе бил склучен договорот по новиот тендер.

Бидејќи новата набавка опфаќала и реквизити предвидени со претходниот договор, било решено новиот договор да се раскине спогодбено. Со тоа се спречува непотребно дуплирање на опремата и дополнително оптоварување на градскиот буџет.

Оваа одлука не го менува рокот за изградба на новиот Луна парк. За еден месец ќе започне монтирањето на седумте реквизити набавени со претходниот договор, паралелно со уредувањето на просторот, за да се создадат услови овој дел од паркот да започне со работа.

Со новиот тендер што дополнително ќе биде објавен ќе се набават дополнителни реквизити, меѓу кои ролеркостер и панорамско тркало, со кои ќе се заокружи понудата на забавни содржини. На овој начин, вредноста на новиот договор ќе биде помала од 10 милиони евра.

Луна паркот ќе се простира на поголема површина од некогашниот, проширувајќи се и на просторот во Градскиот парк каде што се наоѓаа летните дискотеки, отстранети пред шест месеци. Ова ќе овозможи повеќе простор за нови атракции, подобра организација на содржините и попријатен престој за посетителите.

Со реализацијата на овој проект, Скопје ќе добие современо место за забава, а децата простор во кој играта, радоста и фантазијата ќе бидат во центарот на вниманието. Простор за безгрижни детски доживувања, нови пријателства и спомени што ќе се прераскажуваат со години.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер