Јанев: По пријавата за семејно насилство биле преземени полициски мерки за заштита на Билјана од Богданци
1Јанев: По пријавата за семејно насилство биле преземени полициски мерки за заштита на Билјана од Богданци
3Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот
КултураИзложбата посветена на 400-годишнината на домот на Романови ја посетуваат по 13.000 луѓе на денОрганизаторите забележуваат огромно внимание за изложбата посветена на 400-годишнината од домот на Романови, која се одржува во московскиот Манеж.Тие пренесуваат дека секојдневно дури до 13.000 луѓе ја посетуваат изложбата. „Вниманието за изложбата е неверојатно. По 13.000 луѓе доаѓаат секој ден. Има голем број ученици“, изјави Тихон Шевкунов. Според неговите зборови, изложбата, отворена на 4 ноември, ќе се продолжи до 19 ноември поради големиот интерес на посетителите. Според мислењето на министерот за култура на Русија, Владимир Медински, ползата од оваа изложба не е само просветителска, туку и политичка. „Ползата од оваа изложба, безусловно, не е само просветителска, но и политичка. Таа става на дневен ред многу важни прашања“, изјави тој. /Извор: Руска реч/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АвтомобилизамФиат ја призна грешката- го враќа Пунто и подготвува автомобил за „обични луѓе“ Новиот извршен директор на брендовите Fiat, Abarth и Lancia, Арно Белони, официјално потврди дека легендарниот модел Punto се враќа на пазарот.Новиот извршен директор на брендовите Fiat, Abarth и Lancia, Арно Белони, официјално потврди дека легендарниот модел Пунто се враќа на пазарот, со што италијанската фабрика ќе се обиде да исправи историска грешка и да го врати европскиот пазар за прифатливи градски автомобили. Во интервју за француските медиуми, првиот човек на компанијата отворено призна дека прекинот на овој модел во 2018 година остави огромен празен простор за конкурентите. Според него, напуштањето на сегментот Б доведе до тоа моделот Renault Clio апсолутно да доминира со години и да презема голем број купувачи без никаков отпор, особено по прекинот на моделот Ford Fiesta и недостатокот на сериозно освежување за Volkswagen Polo. Колку Италијанците ги чинеше напуштањето на класичниот хечбек најдобро покажуваат резултатите од продажбата од 2025 година. Листата на десетте најпродавани автомобили во Италија вклучува дури четири модели од оваа класа, при што Dacia Sandero, Citroen C3, Toyota Yaris и претходно споменатиот Renault Clio го земаат лавовскиот дел од колачот, додека Фиат немаше ниту еден претставник во својата некогаш неоспорена категорија. Златното доба кога Punto се продаваше во стотици илјади примероци годишно останува убав спомен за домашните возачи, кои масовно ги купуваа верзиите произведени во Крагуевац поради нивната сигурност и евтино одржување. Белони нагласува дека наследникот нема да игра на картата на ретро носталгија, туку ќе им понуди на клиентите остар и модерен дизајн по исклучително прифатлива цена. Новиот хечбек ќе се продава паралелно со неодамна претставениот кросовер Grande Panda, нудејќи им на возачите по традиционална, пониска и поаеродинамична алтернатива. Иако целиот проект сè уште не добил конечно индустриско одобрение во рамките на чадор-групата „Стелантис“, јасниот план на новиот директор потврдува дека брендот од Торино конечно се враќа на производство на возила што работничката класа всушност може да си ги дозволи.Тагови: Пунто фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанев: По пријавата за семејно насилство биле преземени полициски мерки за заштита на Билјана од БогданциДиректорот на бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, ја презентираше хронологијата на постапувањето на полицијата .Директорот на бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, ја презентираше хронологијата на постапувањето на полицијата во случајот со трагичната смрт на 17-годишната Билјана и нејзиното 21-годишно момче во Богданци. Тој истакна дека МВР соодветно реагирало на пријавата и дека по случајот било постапувано институционално. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзвештајот на Европската комисија пристигна во Владата, Рокас му го врачи на премиерот МицкоскиИ евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди попладнево двајцата дадоа свои оценки.. Годинешниот извештај на Европската Комисија за Македонија е подобар од оној лани - во ниту една област не е забележано уназадување, оценува премиерот Христијан Мицкоски по денешното официјално врачување на Извештајот од страна на евроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас. Мицкоски истакна дека земјава е меѓу најдобрите кандидатки во спроведувањето на реформите, што го потврди и Рокас, меѓутоа, како што посочи евроамбасадорот, потребно е порешителна акција во борбата против корупцијата и обезбедување на независно судство. „Тој е подобар од претходната година, кажав и за недостатоците, дел од тие недостатоци веќе се отклонети, во меѓувреме многу од законите се донесоа а дополнително веќе се подготвени двата клучни закони од владеење на правото – тоа се казнениот закон и законот за кривична постапка. “ „Извештајот покажува дека не е постигнат напредок во спречувањето и борбата со корупција. Ова бара посилни институции, ефективни гонења и истраги како и опипливи резултати во справувањето со корупција на високо ниво. Судската независност мора да биде заштитена, со заштита на судиите и обвинителите од притисоци и обезбедување на соодветни ресурси. // Една година подоцна, да гледаме напредок и тоа е јасно. Ова треба да го гледаме како една годишна вежба и фактот дека земјава веќе достигнала едно добро ниво на подготвеност.“ Рокас подвлече дека ЕУ е подготвена да ги отвори преговорите за земјава штом бидат донесени уставните измени, додека Мицкоски пак порача дека на македонскиот евроинтегративен пат му е потребна предвидливост и јасни правила. „Ние немаме недостиг на реформи, туку преостанати политички услови. Одлуката на претходната влада, кога по пат на политички егзибиционизам влегоа во авантура која што сега е политички критериум за нас за да почнеме со процесот на преговори.“ Тоа што Македонија не доби патоказ како останатите четири земји фаворитки се должи на неотворените преговарачки поглавја поради недонесувањето на уставните измени, а не поради неисполнување на обврските од реформската агенда – поjaсни евроамбасадорот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00