Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
КултураИзложба за 150 години македонска железница По повод одбележувањето 150 години македонска железница, во Музејот на Град Скопје вечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Добредојде во Скопје“.-Изложбата ја следи историјата на железниците од нивната појава во светот, развојот на железниците во Македонија, со посебен акцент на железниците во Скопје, почнувајќи од 1873 година сè до денес, соопшти Музеј на Град Скопје. Изложбата е збогатена со предмети од фондот на Музејот. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАлбин Курти е гаѓан со јајца во косовското собрание (ВИДЕО)Претседателот на движењето Самоопределување и вршител на должноста премиер, Албин Курти, беше гаѓан со јајца за време на денешното продолжение на прекинатата конститутивна седница на собранието на Косово. Кога Курти повторно побара дополнително време за консултации, пратеничката на Алијансата Тиме Кадријај го гаѓаше со јајца. Ова доведе до прекин на седницата и влегување на телохранителите на Курти во салата. Претседателот Авни Дехари најави дека пратениците ќе бидат информирани подоцна кога ќе продолжи седницата. Deputetja e AAK-së hedh vezë në drejtim të Kurtit gjatë seancës së Kuvendit 🇽🇰 Deputetja e Aleancës për Ardhmërinë e Kosovës, Time Kadrijaj, hodhi vezë në drejtim të kryeministrit në detyrë, Albin Kurti, para mbylljes së seancës, pas çka ndërhyri edhe sigurimi i Kuvendit. 🏛️… pic.twitter.com/5ElfsG0YNK — Anadolu Shqip (@aa_albanian) August 8, 2026 Тагови: Курти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе судрија товарен и патнички воз во Хрватска машиновозач е тешко повреден (ВИДЕО)Се судрија патнички и товарен воз во близина на Крижевци, Хрватска.Во несреќата има неколку повредени, а машиновозачот на патничкиот воз е тешко повреден. Судирот се случил во 10:05 часот наутро меѓу товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на на Хрватски железници помеѓу станиците Свети Иван Жабно – Градец во близина на Крижевци. Полицијата и брзата помош се на местото на настанот, а според неофицијални информации на хрватските медиуми, товарниот воз поминал на црвено светло. Тагови: воз Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЗеленски во прва посета на Белград, Киев повторно мета на руски ракетен нападЗеленски, кој вчера пристигна во Белград, со највисоки државни почести беше пречекан од српскиот претседател Вучиќ.По официјалната церемонија стартуваше разговорот меѓу Вучиќ и Зеленски, соопшти службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија. Посетата на Зеленски на Белград, која е прва откако тој е на чело на Украина, и разговорите со српскиот претседател се во фокусот на јавноста поради блиските релации на Србија со Русија – владата предводена од СНС на Александар Вучиќ не се приклучи кон санкциите кои ЕУ и ги наметна на Москва по стартот на инвазијата врз Украина. Додека Зеленски е во Србија, утрово Киев повторно беше мета на жесток ракетен напад во кој загинале најмалку тројца луѓе загинаа, вклучувајќи дете. Властите кажаа дека се запалени станбени згради, автомобили и гаражи, а точниот број жртви се утврдува. Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook