Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
КултураИзложба „Скопје – градот на солидарноста“ следната година во КраковМеѓународниот центар за култура во Краков (МЦК) и Музејот на современата уметност во Скопје (МСУ) заеднички ја подготвуваат првата презентација во Полска на феноменот на обновата на Скопје по трагичниот земјотрес во 1963 година и на исклучителните – дури и од денешна перспектива – гестови на солидарност на многу држави, организации и добронамерни луѓе по огромните уништувања и страдањата кои ги претрпеле Македонците. Проектот на изложбата под наслов „Скопје – градот на солидарноста“ е изработен врз основа на идејата на Амбасадата на Република Полска во Скопје, која веќе неколку години ги помага истражувањата за учеството на Полјаците во тој процес. - Намера на МЦК и МСУ е прикажување не само на обемот на трагедијата на градот и неговите жители, туку пред сè на необичната обнова, која од градот направила најмодерна бруталистичка престолнина во светски рамки, наведуваат од МСУ. Според организаторите на изложбата, багодарение на новите проекти, чиј симбол е планот на централното градско подрачје на Кензо Танге, Скопје станало еден од архитектонски најинтересните градови во Европа. За полската публика важно ќе биде потсетувањето на ликовите и делата на полските архитекти и урбанисти, коишто учествувале во враќањето на Скопје во живот. Нивното искуство стекнато при реконструкцијата и обновата на целосно уништената за време на Втората светска војна Варшава, тогаш се покажало неизмерно корисно и исклучително важно. Изложбата, се посочува, ќе раскаже за Адолф Циборовски (1919-1987) – кој во име на Обединетите нации вршел надзор над процесот на реконструкција, за урбанистот Станислав Јанковски (1911-2002) – раководител на полскиот тим што го изработил планот за реконструкција, како и за Тигрите – тројцата проектанти на седиштето на МСУ – Вацлав Клишевски (1910-2000), Јежи Мокшињски (1909-1997) и Еугењуш Вјежбицки (1909-1991). Голема вредност на презентацијата ќе биде можноста по првпат да ѝ се прикаже на полската публика дел од колекцијата на полска уметност, којашто како дар се нашла во новиот музеј. - Дела на истакнатите уметници: Тадеуш Бжозовски, Јежи Кравчик, Алфред Леница, Бенон Либерски, Ева Марија Лункјевич-Рогојска, Јежи Новошелски, Тереса Понговска, Хенрик Стажевски, Анджеј Струмило, Рајмунд Зјемски и многу други биле подарени како израз на солидарност на полската уметничка заедница. Треба да се нагласи дека сличен гест направила и меѓународната уметничка заедница, па затоа „соседи“ на полската колекција во музејот ѝ се дела на најистакнатите ликови од светската уметност, какви што се: Пабло Пикасо, Александар Калдер, Ники де Сан Фал, Ханс Хартунг или Виктор Вазарели, се наведува за изложбата. Изложбата „Скопје – градот на солидарноста“ ќе биде изложена во престижната галерија на МЦК во самото срце на Краков – институција со долгогодишно искуство во доближување на најинтересните појави од културното наследство на широко сфатената Централна Европа. Истовремено тоа ќе биде прва презентација на Македонија во Полска – на нејзиното тешко искуство од 20. век и наследството поврзано со тоа. По повод подготовката на изложбата во Скопје деновиве престојува делегација на Меѓународниот центар за култура од Краков (МЦК). Во составот на делегацијата се: директорот на МЦК Агата Вонсовска-Павлик, заменик-директорот за програмски прашања Лукаш Галусек и Моника Ридигер – еден од кураторите на изложбата „Скопје – градот на солидарноста“, стои во соопштението од МСУ. Изложбата „Скопје – градот на солидарноста“ ќе биде презентирана во Краков од 2 јули до 20 октомври 2019 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24