Министерот Дурмиши го пречека министерот за труд на Катар – потпишан Меморандум за институционална соработка во областа на трудот
Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, каде завршија парите никој не знае
1Министерот Дурмиши го пречека министерот за труд на Катар – потпишан Меморандум за институционална соработка во областа на трудот
2Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, каде завршија парите никој не знае
КултураИзложба од „Вевчански видувања“ во Амбасадата во ПаризИзложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ вчера беше отворена во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Париз по повод Денот на народното востание на Македонија. На изложбата, под мото: „Пред и после бојата - слика многузборна“, беа претставени делата на 30 еминентни македонски сликари, како и на нивни колеги од Франција кои изминатите години имаат учествувано на ликовната колонија: Глигор Чемерски, Милош Коџоман, Мирослав Масин, Ниче Василев, Петар Попчев, Ставре Димитров–Стадим, Доне Милјановски, Таки Павловски, Павле Кузмановски, Емил Шулајковски и Станко Ѓорѓиев.... и француските учесници Клод Д’ервен, Ми-ан Хо, Сузел Билод, Весна Бајалска, Жакелин Делакрос и Сајед Дарвиш кои присуствуваа на свеченото отворање на изложбата. Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ се одржува од 25 јуни до 10 јули во живописното Вевчани. Од основањето во 2010 година учествувале повеќе од 200 ликовни уметници од Македонија и од странство. Сликите создадени на Колонијата во изминатите седум години беа претставени на поголем број изложби, меѓу кои и во Подгорица, Софија, Њујорк, Москва и низ градови во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Дурмиши го пречека министерот за труд на Катар – потпишан Меморандум за институционална соработка во областа на трудотВо рамки на средбата, министрите потпишаа Меморандум за соработка во областа на трудот меѓу Министерството за економија и труд на Република Македонија и Министерството за труд на Државата Катар.Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска во Клубот на пратениците оствари билатерална средба со министерот за труд на Државата Катар, Н.Е. д-р Али бин Самих Ал Марри, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, предводејќи висока владина делегација. Во рамки на средбата, министрите потпишаа Меморандум за соработка во областа на трудот меѓу Министерството за економија и труд на Република Македонија и Министерството за труд на Државата Катар, со кој се воспоставува институционална рамка за понатамошно продлабочување на билатералната соработка и размена на искуства во областа на трудот. Меморандумот предвидува соработка во повеќе области од заеднички интерес, меѓу кои размена на искуства, студиски посети и добри практики во сферата на работните односи, инспекцијата на трудот, безбедноста и здравјето при работа, како и размена на мислења и експертиза при унапредувањето на законодавството во областа на трудот. Документот предвидува и формирање Заеднички комитет кој ќе ја координира реализацијата на договорените активности и ќе работи на подготовка на идни програми за соработка. На билатералната средба министрите разговараа за можностите за натамошно унапредување на економската и институционалната соработка меѓу двете земји, развојот на пазарот на труд, размената на експертиза, како и за јакнење на партнерството во области од заемен интерес. „Потпишувањето на овој Меморандум претставува значаен чекор во продлабочувањето на односите меѓу Република Македонија и Државата Катар. Преку институционална соработка, размена на знаење и добри практики ќе придонесеме кон понатамошно унапредување на политиките на пазарот на труд, подобрување на условите за работа и зајакнување на капацитетите на нашите институции. Убеден сум дека ова партнерство ќе отвори нови можности за соработка и ќе донесе конкретни придобивки за двете земји“, изјави министерот Дурмиши. Посетата на катарската делегација и потпишувањето на Меморандумот претставуваат потврда на заедничката определба за натамошно зајакнување на билатералните односи и развој на партнерство засновано на взаемна доверба, соработка и размена на искуства во областа на трудот, во согласност со законодавството на двете држави.Тагови: Дурмиши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаКузманоска: Во следните години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, каде завршија парите никој не знаеКога СДС зборува за задолжувањето, мора да се потсетиме на еден многу важен факт.Во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ. Долговите што денес и во следните години треба да ги враќа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се создадени вчера. Само оваа година се враќаат околу 1,5 милијарди евра. Во 2027 година треба да се вратат уште 1,5 милијарди евра, во 2028 година околу 1,9 милијарди, во 2029 година околу 1,3 милијарди, а во 2030 година уште 1,4 милијарди евра. Тоа се близу 8 милијарди евра, долгови кои ги остави СДС, а не знаеме на што ги потрошија. Не може седум години да управувате со државата, да ја задолжувате и да преземате финансиски обврски, а потоа од опозиција да се однесувате дека долгот го направил некој друг. Почитувани граѓани, Кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во јуни 2024 година, јавниот долг беше над 60 проценти од БДП. Денес јавниот долг изнесува 58,8 проценти од БДП. Од една страна ги враќаме долговите што сме ги наследиле, а од друга страна јавниот долг како процент од БДП е понизок од нивото што го затекнавме. Паралелно, македонската економија денес бележи раст од 4,3 проценти. Кога СДС следниот пат ќе зборува за јавниот долг, нека одговори за што ја задолжија државата 4,5 милијарди евра за само 7 години? За јахта, стан во Дубаи или пак акции во индиска авиокомпанија? Не сме исти. Разликата е евидентна. Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Биљана Кузманоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаМанасков: Над 250 дечиња со попреченост Јаневска ги остави без образовни асистентиХаосот што Мицкоски и Јаневска го создадоа во образованието продолжува секоја учебна година.Над 3.000 првачиња помалку, 26 затворени училишта, 433 паралелки помалку. Нема сегмент во образованието каде што не е хаос. И децата со попреченост останаа без потребната поддршка од образовен асистент. Околу 250 деца од кои најголем број првачиња на 1-ви септември се без образовните асистенти што им се потребни. За нив и за нивните родители, првиот училишен ден не беше ден на радост, туку ден на страв, разочарување и неизвесност. Ова е само уште еден доказ за неспособноста на оваа власт да се грижи и да вложува во она што е најважно за иднината на една држава - образованието. И ова не е првпат. Трета година по ред, министерката Весна Јаневска дозволува учебната година да започне без навремено обезбедена образовна поддршка за децата со попреченост. Образовниот асистент е неопходна поддршка за децата со попреченост - поддршка што им овозможува да ја следат наставата, да учествуваат во училишниот процес и да ги остваруваат своите права рамноправно со другите деца. Кога таа поддршка ја нема последиците директно ги чувствуваат и децата и нивните семејства. Јаневска треба да одговори зошто ги остави децата со попреченост без образовни асистенти? Училиштата ги доставиле барањата за образовна асистенција за првачињата уште до 30 јуни, по завршувањето на уписите. Што направи Министерството за образование со тие барања? Зашто ако постапката за вработување трае повеќе од 20 дена, тогаш е јасно дека и со започнување на постапката сега, дел од овие деца реално би добиле образовен асистент дури по 20 септември. Што треба да прават овие деца до тогаш? Да не одат на училиште? Да чекаат власта да заврши со своите административни процедури? Министерке, децата не се само бројка во табела. Тие имаат право на образование, право на еднакви можности и право на поддршка согласно нивните индивидуални потреби. Инклузијата не смее да биде само збор во стратегии и документи. Таа мора да биде реалност во секоја училница. А денес реалноста е дека деца со попреченост се оставаат без поддршка уште на првиот ден од учебната година. СДСМ бара итно да се решат проблемот и ниту едно дете со попреченост да не остане без потребната образовна поддршка. Прес-конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образованиеТагови: Јованче Манасков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook