Изложба на слики „Патинирани цитати” на Мирчо Матевски Рисимкин - Канал 5

Изложба на слики „Патинирани цитати” на Мирчо Матевски Рисимкин

Изложба на слики насловена „Патинирани цитати” на академскиот сликар Мирчо Матевски Рисимкин ќе биде отворена вечер во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.

Изложба на слики „Патинирани цитати” на Мирчо Матевски Рисимкин
На изложбата ќе бидат претставени 20 негови дела создадени во периодот 2009-2014 по неговото враќање од Австралија. Тематиката опфатена во овие дела се базира на нашето културно-историско наследство, пред се, византиското сликарско културно наследство, а тоа се фреските и иконите, но исто така и богатото народно творештво/писменост и традиција.

Делата се работени во маслена техника на платно. Изложбата ќе ја отвори нашиот професорот по естетика д-р Иван Џепаровски.

Мирчо Матевски Рисимкин е роден во Скопје во 1961 година. Завршил средно образование во уметничкото училиште „Лазар Личеновски”. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професорот Димитар Кондовски, а во 2012 година магистрирал на ФЛУ во класата на професорот Јован Шумковски. Член е на Друштво на ликовни уметници на Македонија од 1984 година. Од 1998 до 2009 година живеел и работел во Австралија. Вработен е во Меѓународното средно училиште НОВА во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарија ги обновува односите со Северна Кореја

Швајцарскиот министер за надворешни работи, Игнацио Касис, во Пјонгјанг се сретна со својата севернокорејска колешка, Чое Сон Хуи.

Швајцарија ги обновува односите со Северна Кореја

Главна тема на разговор беа безбедносните предизвици што влијаат врз Европа и Азија, а посетата на Касис беше организирана по повод официјалното повторно отворање на швајцарската дипломатска канцеларија во Северна Кореја, пренесува Ројтерс.

На платформата „X“, Касис објави дека со министерката Чое разговарал за нормализирање на политичките односи и за обновување на политичкиот дијалог меѓу двете земји. Тој додаде дека разговарале и за безбедносните прашања на Корејскиот Полуостров, како и за пошироките безбедносни предизвици во евроазискиот регион.

Канцеларијата во Пјонгјанг повторно е активна

Швајцарската канцеларија во Пјонгјанг започна со работа на 19 октомври. Таа е поврзана со швајцарската амбасада во Пекинг, која продолжува да ги води сите дипломатски и конзуларни работи со Северна Кореја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница заврши без нарушување на јавниот ред и мир и без регистрирани инциденти.

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

Во текот на целиот ден, МВР преземаше соодветни мерки и активности во рамки на своите надлежности, со цел обезбедување непречено и безбедно одвивање на изборниот процес, заштита на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на општина центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 26.10 до 01.11.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 120 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Изминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на општина центар

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

ЈП Паркинзи на Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер