Изложба на неконзумирани книги

Галеријата Art In General во Њујорк постави изложба на книги кои никогаш не биле позајмени од библиотеката на Центарот за фикција, невладина организација во САД, која е посветена на промовирањето на белетристиката.

Уметничката Мерич Алгјун Рингборг (Meriç Algün Ringborg), која живее во Стокхолм, изложила повеќе од илјада „неконзумирани" наслови, за да го постави прашањето кои теми во одреден историски момент се во тренд или посакувани, а кои се одбегнувани или се маргинализираат.

Судбината на овие книги кажува нешто за историјата со самото тоа што никогаш не излегле од библиотеката.

И покрај тоа што додека стоеле на полиците на библиотеката, или во нејзините магацини, тие никогаш не предизвикале интерес, поставени во новиот контекст, на железни полици среде галеријата, тие одеднаш стануваат куриозитет - луѓето ги прелистуваат обидувајќи се да сфатат зошто никој не ги прочитал претходно.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер