Изложба на Киро Урдин во Музејот на Град Скопје

Со отворањето на изложбата, мултимедијален проект и инсталација „Франкофонија Планетариум“ на познатиот уметник Киро Урдин вечер во Музејот на Град Скопје почнуваат мартовските Денови на франкофонијата „Франкофонска пролет“.

Предвидено е изложбата да ја отворат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на Франција во Македонија Лоренс Оер.

Во Музејот на Град Скопје до 28 март посетителите ќе имаат можност да погледнат дел од сликарството на Киро Урдин. Поставени се 12 поголеми формати масло на платно, работени во последните пет години. Освен масло на платно, има акварели и фотографии во поголеми величини изложени на паноа кои се пресек на неговиот целокупен творечки пат. Ќе бидат изложени и книги за творештвото на Урдин, пред се монографии. Застапени се и дел од мислите, филозофските размисли и афоризми на Урдин за најразлични теми. Исто така на видео бим ќе биде прикажан и филмот „Планетариум“, кој досега освои награди во Финска и во Њујорк.


Овој перформанс е резултат на долгогодишната работа на уметникот Урдин низ најразлични земји ширум светот, кој по 20 години првпат се претставува во Македонија.

Организатори на проектот се Музејот на Град Скопје, Францускиот институт во Скопје и НВО „Добредојде“ Macedonia Welcome Centre, со поддршка на Охридска банка.

Пуштен е на слобода тинејџерот (14), кој силуваше и снимаше 11 годишно девојче во Австрија

Момчето (14) кое беше осудено за силување на 11-годишно девојче во Корушка, Австрија,  е прогласено за виновно пред судот во Клагенфурт и пуштено дома!

Момчето кое го признало делото е осудено на 14 месеци „делумна затворска казна“, а бидејќи поминал еден месец во притвор зад решетки, не мора да помине ниту ден повеќе и денеска е пуштен дома по пресудата.

Австриските медиуми јавуваат дека момчето сега е на условна казна и му е препишана интензивна психолошка терапија. Се работи за момче од Украина. Според Хојт, она што ја ублажило пресудата е интегритетот на момчето, неговото признание и фактот дека наполнил 14 години две недели пред злосторството.

Момчето кое побегнало од Украина е прогласено за виновно за силување, сексуална злоупотреба на малолетник и обид за уцена.

Момчето признало дека на 15 јануари го врзал и силувал девојчето кое претходно не го познавал. Сè се случило во шума во близина на градот.

Тој признал дека потоа му се заканил на девојчето никому да не кажува што се случило. Признал и дека сè снимал со својот телефон.

Откако девојчето ѝ се доверило на мајка си, целиот случај бил пријавен во полиција. Тогаш 14-годишникот бил приведен, но по пет недели бил пуштен на слобода.

Прелиминарното рочиште се одвивало „зад затворени врати“, со оглед на тоа дека жртвата е дете.

Русите ја нападнаа Одеса- гори „замокот на Хари Потер“ (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица се ранети во денешниот напад на руската армија врз Одеса, најголемото украинско пристаниште на Црното Море, соопшти Хенади Труканов, градоначалник на Одеса.

Во нападот е погодена зградата на Правниот факултет, на украинската јавност попозната како „замокот на Хари Потер“. На снимката објавена од Киев пост се гледа запалената зграда и пристигнувањето на пожарникарите на местото на нападот.

Неофицијалните информации велат дека станува збор за руски ракетен напад.

Мицкоски до Ахмети:Наместо да завршиш како идеолог,во политичка пензија ќе одиш како криминалец

„Победата е на дофат. И таа победа е создадена од сите надежи на луѓето кои не гласаа во првиот круг на изборите, и е последица на сите страдања и понижувања кои ги донесе оваа власт“.

„Победата е на дофат. И таа победа е создадена од сите надежи на луѓето кои не гласаа во првиот круг на изборите, и е последица на сите страдања и понижувања кои ги донесе оваа власт“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Ѓорче Петров.

Мицкоски додаде дека народот е определен дека сака промени, а убедливата разлика од над 180 илјади гласови е гаранција дека народот сака подобро, сака подобар живот, подобра економија, сака да си ја врати контролата над сопствената држава.

„И навистина гледам дека пораките од првиот круг од изборите власта не ги сфаќа. Ним народот им е виновен, наместо да погледнат во сопствениот двор“, рече тој.

„Тие од СДСМ не разбираат дека партијата, а потоа и цела власт во државата му ја подарија на Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и Талат Џафери. Овие луѓе пак од партијата ДУИ направија трговско друштво за криминал и тендери. Стотини души распоредени на позиции управуваат со цела Македонија, злоупотребувајќи ги страдањата и надежите на целиот народ, нивните судбини, нивните проблеми кои ги создаваат, нивната мака. ДУИ стана мафијашка структура, наместо како тие што сакаат да се претстават европска партија. Иако устите им се полни со Европа, нема ништо посмешно и потрагично во исто време кога Артан или Бујар зборат за европски фронт“, појасни Мицкоски.

Мицкоски укажа дека тешко на Македонија ако СДСМ и ДУИ се европската иднина како што лажно се преставуваат. Нема полоша услуга и за ЕУ кога ДУИ на Артан, Бујар и Талат збори за европски вредности. Сигурно од таму се молат овие луѓе да не зборат за принципи и европски вредности.

„А од СДСМ не знаат дека Али е човек кој седи на повеќе столици истовремено. Во исто време кога СДСМ ги теши за поразот, ми праќа мене емисари за договор. И кога ова јавно го кажувам, вели дека во политиката влегол како востаник и дека замислете што вели Али Ахмети дека тој направил коалиција таква каква што направил со помалите етнички заедници затоа што ВМРО-ДПМНЕ помалите етнички заедници ги гледал со презир. Од овде од Ѓорче сакам да му порачам неколку работи, прво точно е дека на маката и надежта на нашите сограѓани Албанци и измамата од 2001 почна како востаник кој што се претвори во блискоисточен шеик кој што сега со крадените пари ужива во своите хациенди во Зајас. Тоа е точно. Точно е дека голобради момчиња, дел од неговата фамилија во меѓувреме додека тој кажува дека бил голем востаник, купуваат трговски центри за десетици милиони евра во центарот на Скопје. Исто така е точно, додека тој себеси се опишува во својата лична епопеја и романтична приказна како востаник, членови на неговото семејство возат ролс ројс, мерцедеси, мајбах, ренџ ровер џипови, имаат возен парк од неколку милиони евра. Се е тоа точно, дека тој се обидува повторно да тргува со гласовите на Албанците во Македонија. И додека тој ги убедува Албанците во Македонија дека е востаник, си врват бизнисите, си врват тендерите, милионите, и еврата завршуваат во џебот и на конто во семејството. Вистина е тоа Али Ахмети, дека ти си востаник ама сега во овие 23 години постепено но сигурно се претвори во ништо повеќе од обичен криминалец. И наместо да завршиш како идеолог, во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец кој што ќе го паметат и Албанците, и Македонците, и Турците, и Ромите, и Србите, и Бошњаците, итн.“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски порача дека црвениот картон на СДСМ и ДУИ мора да се даде масовно на 8-ми мај со огромна излезност на изборите, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер