Изложба на делата од Лесновската ликовна колонија 2022 во Кочани - Канал 5

Изложба на делата од Лесновската ликовна колонија 2022 во Кочани

Ликовните дела од овогодишната меѓународна Лесновска ликовна колонија од денеска се изложени во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.

Изложба на делата од Лесновската ликовна колонија 2022 во Кочани

Пред љубителите на ликовната уметност се претставени вкупно 28 слики работени во акрил, масло и спреј на платно коишто ликовните творци ги изработија кон крајот на јуни и почетокот на јули.

-Годинава колонијата беше јубилејна и се одржа по триесетти пат. Имавме 14 учесници кои се инспирираа од околината на манастирот во Лесново и ја збогатија нашата ликовна збирка со нови дела. Престојот и работењето на ликовните творци помина без проблеми, а реализацијата на колонијата во организацискиот беше според очекувањата. По гостувањето во Кочани, планираме делата од овогодишната колонија да ги претставиме и во другите соседни градови, истакна Сандра Мијалковска, директорка на Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.

Делата од колонијата ќе бидат изложени во ЦК „Бели мугри“ во наредните две недели.

Одржувањето на Лесновската ликовна колонија годинава финансиски е помогнато со средства од Министерството за култура, со поддршка и порковителство од Општина Пробиштип, а организатаор и домаќин беше Домот на културата „Злетовски рудар“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа

Министерството за здравство ја почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ. 

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа

Истовремено, очекуваме надлежните институции професионално, темелно и неселективно да ги испитаат сите наводи.

Основното јавно обвинителство веќе постапува по случајот. Министерството и сите надлежни здравствени установи целосно ќе соработуваат и без одложување ќе ја достават секоја побарана информација, анализа и документација.

Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа, а јавноста беше информирана за состојбата. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки.

Оттука, сметаме дека обидите на СДСМ случајот да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите. Наместо политички квалификации и прес-конференции, потребно е да им се овозможи на надлежните институции непречено да ја завршат постапката.

Министерството ќе продолжи да работи транспарентно и одговорно. Наши приоритети остануваат функционалниот здравствен систем, заштитата на здравјето на граѓаните и целосното утврдување на фактите врз основа на докази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чакал касна жена во Романија; мештаните ја спасија

Чакал нападна 41-годишна жена утрово, на 10 август, пред нејзиниот дом во селото Олтенешти во источна Романија. 

Чакал касна жена во Романија; мештаните ја спасија

Животното ја касна жената за подлактицата и ѝ го изгреба стомакот, но таа се спаси благодарение на мештаните кои веднаш ѝ притекнаа на помош.

Нападот се случи пред домот на 41-годишната жена, која итно беше пренесена во окружната болница, пренесува Digi24.

Жртвата остана свесна и присебна; по инцидентот, жителите изразија загриженост и побараа од надлежните да интервенираат и да ги отстранат опасните животни од околината на селото, бидејќи стравуваат да излезат од своите домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик, Министерството за внатрешни ра

МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми

Соопштение МВР

Процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат кандидатите кои претходно успешно ја поминале административната селекција.

Во рамки на административната селекција, меѓу другото, се утврдува исполнувањето на условот кандидатот да има најмалку „добар“ општ успех во двете завршени години средно образование и да не му биле изрекувани педагошки мерки во училиштето во кое ги завршил прва и втора година.

Во конкретниот случај, кандидатот не е повикан на проверка на моторичките способности бидејќи не ја поминал административната селекција, односно не ги исполнил сите услови што се проверуваат во оваа фаза.

По завршувањето на целокупната постапка, кандидатите ќе бидат известени за исходот од селекцијата, а согласно предвидената постапка ќе им биде овозможен и увид во документацијата.

Министерството за внатрешни работи апелира да не се изнесуваат неточни и непотврдени информации пред официјалното завршување на процесот. Селекцијата се спроведува професионално, согласно критериумите од јавниот повик и со еднаков третман на сите кандидати, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер