Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“ - Канал 5

Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“

Во просториите на НУ Музеј Куманово денеска ќе биде поставена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ од авторот Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“

Изложбата, која ќе биде отворена до 19 октомври, се организира по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Претседателот на Президиумот на Првото заседание на АСНОМ, борец, деец и поборник за самостојност на Македонија, Методија Андонов – Ченто, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

Изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ вклучува 200 хронолошки подредени фотографии каде е застапен ликот на Ченто, членови на неговото семејство, негови соработници и има за цел да го следи неговиот бурен живот исполнет со голем број активности, но и фотографии кои „зборуваат” за „неговиот живот и после смртта“. Изложбата е овековечена и преку фотомонографијата со истоимен наслов збогатена со хронологија на настани и голем број активности на Ченто.

Престојната изложба е во знак на празникот 11 Октомври- Денот на македонското востание. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повици до институциите за итна разврска на случајот со претепаната девојка во Охрид-Спорни се квалификацијата на делото и мерките што се одредени за насилникот

Остра осуда и повици до институциите за итна разврска- се огласија политичките партии за случајот со претепаната девојка во Охрид.

Повици до институциите за итна разврска на случајот со претепаната девојка во Охрид-Спорни се квалификацијата на делото и мерките што се одредени за насилникот

И власта и опозицијата бараат детална истрага и одговорност за сите вмешани лица кои на било каков начин му помогнале на сторителот да го прикрие делото и да помине со поблаги мерки.

Од ВМРО-ДПМНЕ со која го поврзуваат семејството Корабоски, преку соопштение го осудија насилството врз 26 годишната Сара и порачаа дека никој не е над законот. Упатија критика до обвинителството зошто по апсењето го пуштиле сторителот на слобода.

-Ова е скандалозно однесување на Обвинителството, за која мора да има одговорност. Доколку постојат индиции дека кој било, дури и од Обвинителството, се обидува да го заташка случајот или на незаконски начин да влијае врз постапката, мора веднаш да биде изведен пред лицето на правдата., стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак велат дека блиските релации на семејството со владејачката партија му помогнале на насилникот да помине полесно. Повикаа на протест утре во 18 часот пред СВР Охрид.

-Пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици. Затоа бараме веднаш да се утврдат сите пропусти, влијанија и обиди за заштита на осомничениот насилник. Бараме одговорност од сите и нивно разрешување од позициите. Бараме итна и ефективна заштита на Сара,-Кети Штерјова – Форум на жени на СДСМ.

За да се стави крај на покажување на моќ пред системот треба да има поригорозни казни, оценува претседателката на ЛДП Моника Зајкова. Според неа треба да одговараат и оние кои се обиделе да му помогнат на сторителот да го прикрие случајот.

-Сметам дека обвинителството во ваков случај треба да ги земе сите околности и како правник би барала да се квалификува како обид за убиство а не само како нанесување на телесни повреди. Навистина се гледа дека девојката можеше да биде следната жртва на фемицид. / Чиво сака нека биде, дете на директор, на министер, на кого сака, одговорност пред законот,-Моника Зајкова – претседателка на ЛДП.

Се огласи и министерот за правда Јетон Шасивари, кој вели дека полицијата, обвинителството и судовите мора да постапуваат без притисоци, привилегии и двојни стандарди, а секое пропуштање, непостапување или незаконско влијание мора да биде предмет на соодветна проверка и одговорност. Додава дека со новиот Кривичен законик ќе се зајакне заштитата од семејно и родово базирано насилство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош

Кристијан Корабоски доби мерки на претпазливост, за 31 годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 годишна девојка и ја исфрлил полусвесна пред маркет од автомобил, охридското обвинителство не побара притвор.

Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош

Кристијан Корабоски доби мерки на претпазливост, за 31 годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 годишна девојка и нефоцијално полусвесна ја исфрлил пред маркет од автомобилот, охридското обвинителство не побара притвор, откако СВР Охрид му поднсе кривична пријава за нанесување „тешки телесни повреди“. Од кривичниот суд во Охрид велат дека се одредени побараните мерки, а зошто нема притвор за осомничениот насилник на прашањето не одговори ниту републичкиот обвинител Ненад Савески, кој посочи дека не сака да шпекулира околу квалификацијата на делото и дали истата треба да биде потешка, бидејќи се уште се прибираат докази. На Корабоски, кој треба еднаш неделно да се јавува во суд, одземен му е пасошот, изречена му е забрана да и се приближи на Ѓорѓиоска на 50 метри.

-Доколку би одговорил на вашето прашање, да утврдам јас правна квалификација, тоа би се свело на мое шпекулирање, бидејќи правната квалификација произлегува од сето она што ќе се собере на истражната постапка. Денес дури известен сум од надлежниот јавен обвинител дека веќе се во контакт со жртвата, тој исказ ни е многу суштествен, од него ќе ни произлезат многу докази, со голема доказна вредност,- - Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ.

„Собери ги сите познаници, да го прикроиеме нештово и да се ослободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“ – е разговорот кој го слушнала Сара во автомобилот помеѓу насилникот и неговиот татко, инспектор во УЈП, според обвинувањата на нејзината мајка која ги изнесе на социјалните мрежи. Таа обвинува и дека се правеле обиди за прикривање на случајот преку неговите родители, нагласувајќи дека негова мајка е Љубинка Корабоска, поранешна – претседателка на антикорупциска. Дополнително, според тврдењата, и неговата тетка се јавувала во болницата каде што е сместена за да влијае врз медицинскиот извештај и да се прикаже дека имала полесни повреди. Савески кажа дека се истражуваат и овие наводи.

Братот на Сара, Димитар, за Канал 5 вели дека хоророт за претепаната девојка, која има отоци на главата, модрици по цело тело и знаци на давење, е уште поголем оти насилникот е на слобода, па секој слушнат чекор во болницата мисли дека е негов. Воедно, стравуваат да не влијае на обвинителите и на докторите.

-Слушнавме дека е ослободен и уште дотолку се исплаши сестра ми. Цела ноќ никој не спиеше, сестра ми ми вика дека секој звук што го слуша, стравува дека некој ќе влезе, и ние подолг период останавме пред болницата и мораше да сме тука во близина. Сара кога се освестила малку, слушнала како прашува напаѓачот како да се спаси од делото, ни кажа дека го зела телефонот да бара помош и рекле да молчи оти ќе биде убиена. Го зела од дечкото телефонот, затоа што нејзиниот веќе бил уништен. Напаѓачов не е задржан ниту 18 часа. Сношти во 11 часот само,- - Димитар Ѓорѓиоски – брат на Сара Ѓорѓиоска.

Во меѓувреме во приведен е и таткото на Ѓорѓиоска, по пријавата на мајката на осомничениот дека по претепувањето телефонски им се заканувал на целото семејство, за што од СВР Охрид велат дека исто така ќе следува кривична пријава. Што се однесува до безбедноста на Сара, посочија дека полицијата ќе ја спроведе секоја мерка која ќе биде побарана од правосудните органи.

-По консултации со ЈО, СВР Охрид ќе преземе и други мерки доколку бидат побарани од ЈО, така да напоменувам дека посебен тим на полициски службеници е посветен на решавање на овој казнено правен настан и секако сигурноста и безбедноста ја гарантира СВР Охрид.

Според кривичната пријава, на 15ти во два часот по полноќ дошло до расправија меѓу партнерите во домот на Корабоски, а продолжила во автомобилот на осомничениот кој бил во алкохолизирана состојба, по што тој физички ја нападнал. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што Ѓорѓиоска изгубила свест и паднала. Неофицијално, ја оставил пред маркет во Охрид. Три часа подоцна, околу 5 часот, Корабоски бил приведен од полицијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просек

По повод Светскиот ден на предвремено родените деца, министерот за здравство, Сашо Клековски, го претстави напредокот во неонаталната здравствена заштита и приоритетите за наредниот период.

Клековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просек

По повод Светскиот ден на предвремено родените деца, министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со директорката на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев и раководителката на одделот за интензивна нега и терапија, д-р Елизабета Петковска, го претстави напредокот во неонаталната здравствена заштита и приоритетите за наредниот период.

Годинешното мото е „Мали бебиња, голем потенцијал. Инвестирајте во континуирана грижа за да ја заштитиме нивната иднина!".

Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и УНФПА, во март годинава оценија дека ова е најголемото подобрување во преживувањето на децата забележано во светот. Според податоците на УНИЦЕФ за 2024 година, неонаталната смртност изнесува 1,05, доенечката 2,26, а смртноста до пет години 2,8 на 1.000 живородени деца. За споредба, просекот на Европската Унија за доенечка смртност во 2024 година е 3,5 на 1.000 живородени. Независната анализа на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ), изработена е во рамки на проектот „Converge2EU“, го мери приближувањето на земјата кон Европската унија по одделни области.

-Имаше јасна цел, програма зад таа цел и поддршка што траеше подолго од еден мандат. Кога тие три работи ќе се најдат заедно, македонското здравство испорачува резултат од светски ранг. Тоа не е успех на едно одделение — тоа е модел што може да се пренесе, изјави министерот Клековски.

Во светот годишно предвреме се раѓаат околу 13,4 милиони бебиња, односно приближно едно од десет новороденчиња. Во земјава околу 9 до 10 отсто од бебињата се раѓаат пред завршени 37 гестациски недели, што е над европскиот просек.

-Намалената смртност, потенцира министерот Клековски, не значи и намалена зачестеност на предвременото раѓање — затоа фокусот се поместува кон превенцијата, навременото откривање на ризичните бремености и здравјето на жената пред и за време на бременоста.

-На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во периодот од 1 јануари до 31 октомври 2026 година се реализирани 3.266 породувања и се родени 3.216 живи новороденчиња, од кои 610 или 19 отсто предвреме. Повисокиот процент во однос на државниот просек произлегува од тоа што Клиниката е национален терциерен центар во кој се упатуваат ризичните бремености од целата држава, изјави директорката Алексиоска Папестиев .

Таа истакна дека приоритети за наредниот период се превенција и рано откривање на ризичните бремености; континуирано следење на растот и развојот по отпуштањето од болница, со достапни специјалистички прегледи и рана интервенција, поддршка на родителите преку навремени информации, психолошка поддршка и активно учество во грижата за своето дете.

Директорката д-р Алексиоска-Папестиев потецираше дека сето ова е резултат на систематска и тимска работа на целиот кадар на Клиниката, како и модернизацијата на условите, континуираната едукација на здравствените работници, со посебен фокус на обезбедените 13 нови инкубатори, три беби-затоплувачи, како и ултразвучен апарат со три сонди за евалуација на мозочињата, белите дробови и срцата на овие пациенти. Во тек е и обновување на одделението за доносени новородени.

Д-р Петковска, раководител на одделот за интензивна нега и терапија при Клиниката за гинекологија, истакна дека на одделот во рамки на развојната нега за предвремено родените и високоризичните новороденчиња, се спроведува кенгурирање, а согласно препораките на Светската здравствена организација за ексклузивно доење и рана исхрана со мајчино млеко, функционира и лактариум во кој мајките измолзуваат млеко за своите бебиња во текот на престојот.

Светскиот ден на предвреме родените деца, годинава, првпат се одбележува на 15 ноември. По повеќе од една деценија одбележување на 17 ноември, Светската здравствена организација го определи новиот датум со формалното вклучување на денот во календарот на СЗО, поддржано на Светското здравствено собрание во 2025 година, за да се избегне преклопување со Светскиот ден за елиминација на ракот на грлото на матката, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер