Излезе пред суд полицаецот , кој брутално го уби Афроамериканецот Флојд (ВИДЕО)

Дерек Чавин (44), прво обвинет за убиството на Џорџ Флојд, денес се појави за прв пат во судот во Хјустон.

Првото појавување во судот типично е од процедурален тип. Му се читало обвинението, утврден е износот на кауција и се одредил датумот за ново рочиште.

На Чавин му беше изречена нова кауција. Имено, судијата Џенис Рединг ја зголеми безусловната кауција од претходните милиони долари на 1,25 милиони долари. Другата, со условна кауција, е зголемена од 700.000 долари на 1 милион долари.

Условната кауција подразбира појавување на рочишта во иднина, не кршење на законот, забрана за работа во безбедносна компанија или како полицаец, предавање на оружјето и муницијата за кое имал дозвола, не заминување од Минесота и немање контакт со семејството на Џорџ Флојд. Исто така, условите вклучуваат откажување од екстрадиција доколку се случи тој да ја напушти сојузната држава Минесота и дека друга држава мора да го екстрадира поради кривична постапка.

Чавин не бил таму физички заради мерките за заштита од коронавирус, но тоа е направено преку видео-врска. Во лисици на рацете и во портокалова облека, Чавин се појави пред судијата Џенис Рединг, пренесува „Трибјун стар“.

Обвинителот Метју Френк истакна дека сериозноста на обвинението на Чавин, како и јачината на јавното мислење против него, го прави ризично за бегство.

Чавин и неговиот адвокат Ерик Нелсон не сведочеа во ова кратко сослушување од 15 минути. Тој е обвинет минатиот месец за убиство со предумисла, но и за убиство од немарност.

Во американскиот правен систем, некое лице може да се гони по неколку точки, од најтешката опција, убиство со предумисла во овој случај, до убиство од немарност, што е најлесно за овој случај. Ако судот и поротата не го осудат лицето по првото обвинение, сепак може да го обвинат по второто.

Останатите тројца полицајци вклучени во смртта на Флојд - Томас Лејн, Џ. Александар Куенг и Ту Тао - се обвинети за помагање и поттикнување во убиство од втор и трет степен.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер