Изјава на јавниот обвинител Љупчо Коцевски - Канал 5

Изјава на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Изјава на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кој во Кочани ги координира активностите на тимот обвинители .

Изјава на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Изјава на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кој во Кочани ги координира активностите на тимот обвинители назначен да ги спроведува истражните дејствија за несреќата во дискотеката „Пулс“, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

Гризман, сепак, останува во Атлетико

Иако се шпекулираше дека летово ќе се пресели во американската МЛС лига, 34-годишниот француски крилен напаѓач Антоан Гризман ќе остане во Атлетико Мадрид, објавија денеска шпанските медиуми.

Гризман, сепак, останува во Атлетико

Актуелниот договор на Гризман истекува во јуни следната година, но се шпекулираше дека тој ќе замине во МЛС лигашот Лос Анџелес во летниот преоден рок.

Сепак, според шпанските медиуми, миленикот на тренерот Диего Симеоне треба да го продолжи договорот до јуни 2027 година, што значи дека ќе игра за Атлетико барем уште една сезона.

Францускиот фудбалер се согласил и на намалување на платата, а неговата нето заработка по оданочување изнесува осум милиони евра по сезона.

Гризман дојде во Атлетико во јули 2014 година од Реал Сосиедад во трансфер вреден 30 милиони евра. По пет сезони минати во мадридскиот клуб, во летото 2019 година беше купен од Барселона, која плати отштета од 120 милиони евра. Францускиот напаѓач не ги исполни очекувањата и по две години се врати во Атлетико, прво на позајмица, пред мадридскиот клуб да го откупи неговиот договор во јули 2023 година за 22 милиони евра. /МИА

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

 Во Молдавија ќе се одржат парламентарни избори на 28 септември, соопшти денеска локалниот парламент, додека гласањето ќе го одреди политичкиот пат на поранешната советска република, која се наоѓа меѓу европските аспирации и руското влијание

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

„Нашата задача е да ја зачуваме стабилноста и да се приклучиме на Европската унија во следните четири години“, рече проевропската претседателка на Молдавија Маја Санду, која ги прекина односите со Русија по војната во соседна Украина и ги отвори пристапните преговори со Брисел.

Таа зборуваше пред 101-члениот парламент во кој моментално доминира нејзината централно-десничарска партија Акција и солидарност, по убедливата победа на претходните парламентарни избори во јули 2021 година.

„Болно е да се признае, но ние сè уште имаме кревка држава“, рече Санду, предупредувајќи на можно враќање на „корумпираниот систем“ од минатото.

Молдавските власти соопштија дека имало купување гласови на претходните избори. Тогаш полицијата покрена истрага против повеќе од 140.000 граѓани на оваа сиромашна земја со околу 2,5 милиони жители./МИА

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се водат трговски преговори со неколку земји, вклучувајќи ги Мексико, Јапонија и Кина, и ги опиша како продуктивни.

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Како што јави Си-Ен-Ен, Трамп на мрежата „Трут сошла“ напиша дека разговарал со претседателот на Мексико и со највисоките трговски претставници на Јапонија, додека Кина, како што рече, е меѓу земјите што сакале средба со неговата администрација.

Како што наведе, кинески извори велат дека се отворени за преговори, но под услови на меѓусебно почитување и реципроцитет.

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони денеска отпатува за Вашингтон на разговори во Белата куќа.

притисни ентер