Герасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме, поддршка и помош за младите во ризик од дрога
2Герасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме, поддршка и помош за младите во ризик од дрога
Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
1Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
ФормулаИзградбата на нова патека за Формула 1 продолжува во Саудиска АрабијаСаудиска Арабија објави напредок во изградбата на нова патека за Формула 1. Патеката е дизајнирана од поранешниот возач на Формула 1 Алекс Вурц, и е дел од спортско-забавен комплекс лоциран во близина на Ријад.Планот е патеката да биде завршена во 2027 година, а првата трка од Формула 1 е закажана да се одржи една година подоцна, во сезоната 2028. Гран при на Саудиска Арабија моментално се одржува привремено на патеката во Џеда, иако е многу веројатно дека трката нема да се одржи оваа сезона. Трката за Големата награда на Саудиска Арабија првично беше закажано да се одржи овој месец, но е одложена на неодредено време поради воениот конфликт на Блискиот Исток. Гран при на Саудиска Арабија може да се одржи на есен ако се подобри ситуацијата во регионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Овации за Лука Модриќ во Севиља Момент за паметење во Севиља, стоечки овации за легендата на светскиот фудбал, Хрватот, Лука Модриќ која синоќа на дербито Шпанија- Хрватска влезе во игра дури во 81-вата минута.Шпанската фудбалска публика дефинитовно добро го памети и почитува поранешниот ас на Реал Мадрид. Капитенот на Хрватска доби громогласни овации од шпанската публика, иако играше за противничкиот тим. Лука Модриќ го започна натпреварот против Шпанија од клупата за резерви, но неговото влегување во завршницата на мечот донесе еден од највпечатливите моменти на вечерта во Севиља. Славен Билиќ одлучи да го внесе капитенот во игра дури во 81-вата минута, на местото на Петар Сучиќ, а публиката го поздрави со громогласни овации. Речиси сите на трибините станаа за да го поздрават со аплауз хрватскиот играч за врска, кој најдобрите години од својата кариера ги помина во Шпанија, играјќи за Реал Мадрид. Иако сега беше на спротивната страна, домашните навивачи му покажаа голема почит. Ovación a don Luka Modric. Menuda leyenda 🙏🏻 https://t.co/KFMhUsGNgU — (fan) Yihi (@YihiRM) September 29, 2026 Отсуството на Модриќ од почетниот состав беше едно од изненадувањата што Билиќ ги подготви за натпреварот против актуелните европски и светски шампиони. Хрватска губеше со 3–1 кога тој влезе во игра, а натпреварот заврши со победа на Шпанија од 4–1.Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)Ајкула што залутала во пристаништето на Бусан, голем пристанишен град во југоисточна Јужна Кореја, стана вистинска атракција. Градските власти проценуваат дека околу 600.000 луѓе дошле да ја видат во текот на изминатите две недели.Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако ајкулата не успеала сама да го најде патот назад кон отвореното море, но обидот бил неуспешен. Крајбрежната стража и други служби ангажирале пловни објекти за да прскаат вода зад ајкулата во обид да ја насочат кон океанот, но животното пливало подалеку од водените млазови. Thousands of people have flocked to a waterfront park in the South Korean city of Busan to see a large shark that became trapped in a narrow canal. The 3.5-metre shark – nicknamed Bukang-i after Busan’s North Port – was first spotted in the waterway on 18 September. It has since… pic.twitter.com/kcskeeOr3g — Channel 4 News (@Channel4News) September 29, 2026 Ајкулата дури добила и прекар Како што пренесе весникот „Чосун дејли“, властите сега планираат задутре да употребат рибарска мрежа за да се обидат да ја изведат ајкулата од каналот. Во меѓувреме, ајкулата стана вистинска ѕвезда во Јужна Кореја и го доби прекарот „Буканги“. Trapped Shark Draws Over 600,000 Visitors in South Korea’s Busan | Asia One News A 3.5-metre shark trapped in a canal at Busan’s North Port has become an unexpected tourist attraction, drawing more than 600,000 visitors. Nicknamed “Bukang-i,” the shark was first spotted in the… pic.twitter.com/s0B0M4c0oZ — ASIA ONE NEWS (@AsiaOne_News) September 30, 2026 За време на четиридневниот празник Чусок минатиот викенд, околу 480.000 луѓе го посетиле крајбрежниот парк каде што се појавила ајкулата. Според соопштението од градот Бусан и медиумските извештаи, паркот вообичаено привлекува околу 2.000 посетители дневно за време на викендите. Вчера, Бусан исто така ја прогласи ајкулата за почесен амбасадор за односи со јавноста на градот. И други приказни поврзани со животни претходно привлекле големо внимание во Јужна Кореја. Извор: Индекс.хрТагови: ајкула Јужна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме, поддршка и помош за младите во ризик од дрогаОпштина Центар, во соработка со Здружението ХОПС, обезбедува бесплатна психосоцијална поддршка за младите во ризик од употреба на дроги и за нивните семејства.Во Дневниот центар за рехабилитација и реинтеграција на ХОПС, младите и нивните семејства добиваат стручна помош, советување и третман во безбедна средина, без осуда и стигматизација. Достапни се психолошка и психијатриска поддршка, помош од социјален работник, советување за пристап до здравствена заштита и остварување на социјалните права, како и информации за намалување на ризиците поврзани со употребата на дроги. „Им порачувам на младите дека не се сами и дека имаат каде да се обратат. Понекогаш првиот и најважен чекор е разговорот и довербата во човек кој знае како да помогне. Тоа е и целта на овој проект – да дадеме стручна поддршка навреме, но и да делуваме превентивно, затоа што зависноста може да остави сериозни последици врз животот на младите и нивните најблиски“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Од мај до август 2026 година, Дневниот центар го посетиле 71 корисник, при што се реализирани 274 посети и обезбедени 481 услуга. Фокусот е ставен врз младите и нивните семејства, со цел ризикот да се препознае навреме и да се спречи продлабочување на проблемот. Покрај директната поддршка, преку овој проект се реализираат и активности за информирање и активно вклучување на младите во креирањето информативни и едукативни содржини за злоупотреба на психоактивни супстанции и штетните последици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11