Изгоре познатиот музеј на моторцикли на Алпите, полн со исклучителни модели (ВИДЕО) - Канал 5

Изгоре познатиот музеј на моторцикли на Алпите, полн со исклучителни модели (ВИДЕО)

Бил централна точка за љубителите на моторите, но исто така познат и како музеј на најголема надморска височина во Европа.

Изгоре познатиот музеј на моторцикли на Алпите, полн со исклучителни модели (ВИДЕО)

Станува збор за музеј познат како Топ Маунт Кроспоинт, лоциран во Хохургл на австриските Алпи, кој е познат по својата исклучителна колекција на мотоцикли. Велиме „беше“ затоа што на 18 јануари зградата во пожар изгорела до темел, а со тоа и над 230 историски мотоцикли.

Музејот бил познат по бројните историски модели на Харли Дејвидсон, Дукати, Зундап и скоро 100 други брендови, а се смета дека е највредната колекција на мотоцикли во Австрија, но и во цела Европа. Покрај моторите, во музејот биле изложени и неколку атрактивни класични автомобили, како што се Alfa Romeo 8C 2300 Monza од 1932 година, Porsche 959 од 1987 година и Messerschmidt KR175 од 1954 година. Зградата е позната и по тоа што се наоѓа на 2175 метри надморска височина, највисока од сите музеи во Европа.

Музејот е отворен во 2016 година и се простира на повеќе од 3.000 квадратни метри. Тоа беше во сопственост на браќата Албан и Атила Шејбер кои внимателно ја одбраа оваа локација на Високиот алпски пат Тимелсјох, популарна меѓу мотоциклистите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разговараа Ердоган и Путин: Важно е да се обезбеди сигурна пловидба по Црното Море

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека напорите за обезбедување безбедна пловидба во Црното Море се важни, соопшти турското претседателство.

Разговараа Ердоган и Путин: Важно е да се обезбеди сигурна пловидба по Црното Море

Ердоган ја повтори понудата на Турција да помогне во посредувањето и олеснувањето на директните разговори меѓу Русија и Украина, објави Ројтерс.

Турција, членка на НАТО која одржува добри односи и со Москва и со Киев од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, постојано ги повикува двете страни да ги запрат нападите во Црното Море, соопшти агенцијата.

Анкара соопшти дека чека одговор на предлогот што им го доставила на Русија и Украина, а чија цел е запирање на нападите и обезбедување безбеден транспорт на жито од регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ подготвува ограничувања за кинеските хибридни возила

Европската Унија подготвува заштитни мерки за ограничување на увозот на кинески хибридни возила на европскиот пазар со цел да го намали трговскиот дефицит со Кина и да ја заштити својата автомобилска индустрија.

ЕУ подготвува ограничувања за кинеските хибридни возила

Европската комисија, која се занимава со трговски прашања во име на Европската Унија, би можела да воведе ограничувања по наглото зголемување на продажбата на хибридни возила, произведени во Кина во Европа, дознава Блумберг од анонимни извори запознаени со ситуацијата.

Заштитните мерки ѝ дозволуваат на ЕУ да го ограничи увозот на производи од одреден сектор доколку има нагло зголемување на увозот.

Комисијата би можела да го направи ова преку тарифни квоти, кои наметнуваат дополнителни даноци за увоз над одреден обем.

Предложеното ограничување би било временски ограничено, забележаа изворите.

Комисијата планира да ги користи хибридите како тест, кој, доколку биде успешен, би можел да се примени и во други сектори во кои Европската Унија има трговски дисбаланс.

Веста предизвика раст на акциите на европските производители на автомобили.

Акциите на Фолксваген денес пораснаа за 4,6 проценти, на Рено за 6,1 процент, а на Мерцедес-Бенц за 2 проценти.

Комесарот за трговија на ЕУ, Марош Шефчовиќ, ќе отпатува во Пекинг подоцна оваа недела, а негов клучен соговорник ќе биде кинескиот министер за трговија, Ванг Вентао.

Плановите на Европската Унија би можеле да се променат во зависност од исходот од тие разговори, велат извори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во секавична акција е уапсен маж, кој се обидел да продава ураниум-238, што се користи за нуклеарна бомба (ВИДЕО)

Грузиската служба за државна безбедност објави дека уапсила маж кој планирал да продаде ураниум-238 на странски државјанин за 700.000 долари.

Во секавична акција е уапсен маж, кој се обидел да продава ураниум-238, што се користи за нуклеарна бомба (ВИДЕО)

Грузиски државјанин е осомничен за неовластено ракување со нуклеарен материјал и му се заканува казна затвор до 10 години, се вели во соопштението на грузиската служба за државна безбедност, која објави и видео на кое припадници на обезбедувањето извлекуваат човек од бел автомобил, го соборуваат на земја и му ставаат лисици, пренесува Ројтерс.

Видеото покажува и како припадниците на службата проверуваат два мали контејнери во багажникот на автомобилот со рачен детектор за радијација. Во еден од нив, се чини, имаше светла пудра.

Ураниум-238 е најзастапениот изотоп на ураниум и иако е радиоактивен, не може сам да се користи за правење нуклеарна бомба.

Безбедноста на нуклеарниот материјал беше еден од најголемите предизвици по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, чиј дел беше и Грузија, наведува агенцијата.

Во изминатите децении во таа земја се забележани неколку сериозни случаи на нелегална трговија со нуклеарни материјали.

Во февруари, грузиските власти уапсија две лица кои се обидоа да купат ураниум во вредност од три милиони долари, како и залихи на радиоактивни изотопи кои беа пронајдени како дел од програмата за нуклеарно тестирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер