Изгласан извештајот на Вајц - „современ“ не помина за македонскиот јазик и идентитет - Канал 5

Изгласан извештајот на Вајц - „современ“ не помина за македонскиот јазик и идентитет

Македонија ја доби првата битка.

Изгласан извештајот на Вајц - „современ“ не помина за македонскиот јазик и идентитет

Во комисијата за надворешни работи на ЕП утринава со 40 гласа ЗА, 19 против и 10 воздржани помина извештајот за напредокот на земјава, но борбата сега треба да продолжи на пленарната седница на ЕП каде во јули сите европратеници треба да гласаат за негово конечно усвојување.

Финалниот документ треба да биде објавен во наредните неколку дена, но во работната верзија која ја доби Канал 5 со т.н. „Компромисни амандмани“ во три амандмани и на пет места се нотира дека Унијата недвосмислено го признава и почитува македонскиот јазик и идентитет како дел од наследството на земјата, но и како дел од европските вредности.

Пред гласањето, германскиот европратеник Михаил Галер од името на ЕПП побара во амамданите да се доддаде „современ“ пред македонскиот јазик и идентитет, а откако обидот не му успеа најави дека истиот ќе го поднесе и на самата пленарна седница, за што, како што рече, постои консензус меѓу најголмеите пратенички групи.

-Во име на групата би сакал да предложам еден усен амандман кој ги покрива компромисите од еден до десет и едноставно би се вметнал зборот „модерен“ на четири места, за да стои „модерен македонски јазик и идентитет“. - Михаел Галер – Германски европратеник од ЦДУ/ЦСУ.

-Според правилото 187, барање за усен амандман не се става на гласање ако најмалку пет членови се противат, имаме шест членови кои се противат. - Дејвид Мекалистер – Претседавач со Комисијата за надворешни работи во ЕП.

-Само оваа информација. Би сакал да го информирам комитетот дека има разбирање меѓу Европската народна партија, Социјал-демократите, „Обнова“ и „зелените“ да поднесат идентичен амандман за пленарната седница,- - Михаел Галер – Германски европратеник од ЦДУ/ЦСУ.

Иако го предложи амандманот, Галер според листата на гласање во комисијата, гласал „ЗА“ извештајот, заедно со голем дел од членовите на ЕПП и Социјал-демократите. Од деветнаесетте гласа против пак, речиси сите се од бугарски и грчки европратеници. Токму тие најавија и дека ќе ќе бараат нивната позиција да биде вметната по извештајот.

-Господине претседател, сакам да изјавам дека на крајот на извештајот ќе ја вметнам позицијата на малцинството по извештајот,- - Ивајло Валчев – Бугарски европратеник од ИТН.

На гласањето му претходеше кратка дебата, а уште на самиот почеток, претседавачот со Комисијата Дејвид Мекалистер упати критики кон личните напади кон известувачот за земјава Томас Вајц.

-Сакам едно нешто да биде јасно. Не ги одобрувам личните напади на нашиот известувач во изминатите седмици со обвинувања за пристрасност и неправедно однесување. Да се разговара со членови на земја за која се подготвува извештај во ниту еден случај не е воопшто погрешно. Дури би рекол дека е стандардна пракса за известувачите да се впуштат во разговор со засегнатите страни од земјата на која работат да ги слушнат нивните гледишта.- - Дејвид Мекалистер – Претседавач со Комисијата за надворешни работи во ЕП.

Во извештајот инаку, уште на самиот почеток се наведува дека од Македонија се очекува усвојување на уставните измени со охрабрување на политичките партии за констуруктивен дијалог и постигнување на соодветен консензус. Се нагласува и дека потребна е засилена борба против криминалот и корупцијата и се нотира голема политичка поларизација. Известувачот за земјава Томас Вајц во писмена изјава по гласањето порача дека е горд на целата напорна работа која била вложена во изнаоѓање на компромиси и додаде дека по две децении преговори, мора да се одржи моментумот за унапредување на процесот на проширување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. 

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела.

Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто.

Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден.

Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател.

После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта.

Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен.

Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата.

Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош.

На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси.

Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција.

Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот.

Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата.

Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни.

Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители.

По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби.

Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата.

Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот.

Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.

Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери.

„Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп.

Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје.

„Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп.

Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година.

„Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. 

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV.

Неочекуван пресврт

Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето.

„Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“

Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат.

@chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼‍♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis

Разочарување на социјалните мрежи

Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи.

„Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата.

Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“.

@katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte

Се обидоа да ги обештетат

И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија.

„Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер