Изгаснат пожар на отворено на Попова Шапка

Тетовските пожарникари вчера гасеа голем пожар на отворен простор во неспоредна близина на  Попова Шапка. 

Станува збор за површина што е во правец кон пределот каде има поставено повеќе телекомуникациски репетитори.

-Пожарот беше изгаснат околу 14 часот и 30 минути. Ни беше потребно два часа да го ставиме под контрола. Тоа беше голема површина, а освен пет пожарникари со два против пожарни камиони работевме во координација и помош на Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, ЈП национални шуми, ЕЛЕМ како и граѓани. Спречивме пожарот да се прошири и да ја зафати цела Шара затоа што дуваше силен ветер, изјави Ука Алити, командант на тетовската противпожарна единица.

Пожар на отворено имало и во пределот на Вратница каде исто така интервенирале тетовските пожарникари./МИА

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер