Изгаснат е пожарот пред Собранието на Србија, приведен е маж поради пукање со огнено оружј - Канал 5

Изгаснат е пожарот пред Собранието на Србија, приведен е маж поради пукање со огнено оружј

Изгаснат е пожарот што претпладнево уништи шатор поставен од приврзаници на властите пред Собранието на Србија и според српски медиуми, засега е јасно само дека е приведено едно лице. 

Изгаснат е пожарот пред Собранието на Србија, приведен е маж поради пукање со огнено оружј

Околу зградата има голем број полицајци, меѓу кои и припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ).

Српски медиуми блиски до властите веќе го користат зборот „напад“ во извештаите за инцидентот иако се уште нема официјално соопштение од полицијата. Во дел од нивните извештаи веќе е и објавено името на човекот кој пукал.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска во 13 часот од Палатата Србија ќе има вонредно обраќање, потврдија од Претседателството. Според српски медиуми, тој ќе зборува по повод нападот во Пионирскиот парк, јавија српски медиуми.

Претходно, од Итната помош објавија дека еден маж е ранет во еден од шаторите пред да избувне пожарот откако во него било пукано од огнено оружје и тој е префрлен во Ургентниот центар на Белград.

Пожарникарите отвораат други шатори и проверуваат што има во нив.

Во Собранието во момент на инцидентот се одржува седница која не беше прекината.

Возилата на вработените во Собранието и на пратениците сè уште се паркирани на паркингот. Дел од возилата се оштетени, тврдат парламентарци.

Околу парламентот има голем број полицајци, вклучувајќи и членови на САЈ, и никому не му е дозволено да помине покрај зградата на Парламентот.

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар на прес-конференција изјави дека „имале исклучително тежок случај“.

„Разговарав со човек кој бил застрелан и бил направен обид тој да биде запален. Сега е во операциона сала, со куршум кој е во ногата. Пациентот вели дека никогаш не го видел човекот што го застрелал“, рече Лончар.

Министерот за здравство истакна дека пред Народното собрание било пукано повеќепати.

„Човекот пукал повеќепати и кога не бил задоволен од тоа колку испукал, сакал да ги запали и предизвикал пожар. Повредите на повредениот се многу сериозни, се надевам дека ќе преживее. Дали сме стигнале до точка каде што, само затоа што имаме луѓе кои размислуваат поинаку, можат да страдаат? Ова е последно предупредување за сите нас и не смее да се случи повторно, ќе западнеме во многу сериозни проблеми“, заклучи министерот за здравство Златибор Лончар во вонредно обраќање до медиумите во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баба Дронијак (96) не се откажува од забавите во домот и покрај заканите за исфрлање

Дури и на 96 години, Лилијан Дронијак не се одмара.

Баба Дронијак (96) не се откажува од забавите во домот и покрај заканите за исфрлање

Популарната инфлуенсерка, позната како „Баба Дронијак“ на Инстаграм и ТикТок, неодамна сподели детали за инцидент во нејзиниот дом за стари лица во САД, тврдејќи дека менаџментот се заканил дека ќе ја исели поради организирање „диви забави“.

Лилијан стекна милиони следбеници споделувајќи хумористични анегдоти од нејзиниот живот, вклучувајќи ја и нејзината љубов кон дружењето со пријателите.

@grandma_droniak i cant believe this. i have to party #partygirl #nursinghome #drama #grandma ♬ original sound - grandma_droniak

Предупредување за бучава и алкохол

Во видео што го објави, таа покажа писмо што го добила од менаџментот на домот, во кое се наведува дека може да биде иселена поради забави и пиење.

„Ме исфрлаат од домот за стари лица. Го добив ова писмо. Во него пишува дека ќе ме исфрлат ако не престанам да се забавувам“, рече Лилијан. Во писмото се детално опишани правилата на домот: „Ви пишуваме поради бројни поплаки за бучава од вашата соба. Забавите не се дозволени и не ви е дозволено да им служите алкохол на другите жители. Ова е безбедносен ризик. Иако ги охрабруваме жителите да се дружат и да уживаат во активностите во заедницата, не можеме да дозволиме диви забави. Безбедносните снимки покажуваат луѓе како ја напуштаат вашата соба во 1 часот наутро минатиот вторник.“

Во писмото, исто така, се предупредува дека „континуираните инциденти од ваков вид“ може да резултираат со ограничен пристап до заедничките простории и „да доведат до понатамошно преиспитување на вашиот статус на престој во заедницата.“

И покрај предупредувањето, Лилијан не се откажа. Таа им рече на своите следбеници: „Плаќам 12.000 долари месечно за да живеам тука. Претпоставувам дека можам да се забавувам ако сакам.“ Таа додаде: „Моите пријатели доаѓаат вечерва. Ќе пиеме неколку пијалоци и ќе озборуваме. Не е забава, но стануваме гласни.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николовски: Маратонот и достоинството се субјективна работа

„Бугарија си го фатила местото, без разлика дали е правилно или не е правилно. Јас сум сега на оваа маса викнат и без разлика какво мислење имам и без разлика што ќе ми кажат. Но, тој што не е на оваа маса, може да си зборува дома колку сака“

Николовски: Маратонот и достоинството се субјективна работа

Треба да седиш на масата, треба и ние на Бугарите да им ставиме некогаш вето за нешто. Ако ние останеме маратонски вечно, не знам колку трае маратонот дали додека е Мицкоски Премиер или додека сме ние живи, или додека е Богдан жив или додека е внук ми жив. Колку е тој маратон и колку тоа достоинство трае? Колкумина ќе останат во Македонија, колку патриоти ќе живеат во оваа земја? Тој маратон и достоинство се субјективна работа.

Ајде нека направат референдум, да видиме точно колку се за ЕУ, колку не, за да не се караме. Која е стратегијата, освен што одат во Брисел да ги убедат. Бугарското министерство сега вели дека се 250 илјади пасоши, а нека се и 100 илјади, дали ним достоинството им падна? Тие се „за“ бугарите ви устав или не? Си правиме дневна политика, браниме едни напаѓаме други. Сигналите се едно, тие може да имаат резултат, колку е моќта на тие Европјани да сменат знаејќи каква е надворешната политика на Бугарија изминатите 1000 години, вели Љубиша Николовски во „Само вистини со Видиновски“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешки трговски разговори меѓу ЕУ и Кина, Брисел постави рок за договор

Еврокомесарот за трговија Марош Шефчович се сретна со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао во Брисел, велејќи дека сака опипливи резултати од трговските разговори до октомври.

Тешки трговски разговори меѓу ЕУ и Кина, Брисел постави рок за договор

Разговорите беа „интензивни, фокусирани и конструктивни“, изјави Шефчович за новинарите во понеделник, додавајќи дека двете национални делегации ќе продолжат со разговорите во текот на вечерта.

„Сметаме дека до октомври нашите тимови имаат доволно време да постигнат опипливи резултати“, рече тој. Ванг го покани да го посети Пекинг во октомври.

Спротивни ставови

Шефчович инсистираше дека ЕУ сака разговорите да се фокусираат на растечкиот трговски јаз. „Кинескиот извоз во ЕУ продолжува да расте, додека нашиот пазарен удел во Кина продолжува да се намалува. Овој тренд не е одржлив и статус кво не е опција“, рече тој.

Шефчович рече дека двете страни формирале групи за да разговараат за трговскиот баланс, контролата на извозот, интелектуалната сопственост и реформата на СТО.

Кина ја уверува ЕУ дека контролата на извозот на ретки метали нема да ги наруши синџирите на снабдување на ЕУ, рече тој.

Лидерите на Европската унија побараа од Комисијата, задолжена за трговските односи на блокот, да ги оствари резултатите од дијалогот со Кина, бидејќи нејзиниот трговски суфицит со ЕУ достигна 360,6 милијарди евра во 2025 година, што претставува зголемување од 15 проценти во споредба со 2024 година. Суфицитот се зголеми за 10 проценти во првите четири месеци од оваа година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер