Издадена поштенска марка со ликот на Блаже Конески во 6000 примероци - Канал 5

Издадена поштенска марка со ликот на Блаже Конески во 6000 примероци

 Марка со ликот на великанот Блаже Конески од денеска е во оптек во 6.000 примероци, со што Пошта на РСМ се вклучи во одбележувањето на јубилејот – 100 години од неговото раѓање.

Издадена поштенска марка со ликот на Блаже Конески во 6000 примероци

Илустрирана е со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски. Во вредност од 72 денара може да се најде во Бирото за филателија во Пошта 2 во Скопје.

Претседателот Стево Пендаровски на промоцијата порача дека негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик не е само долг кон делото на академикот Конески, туку и долг кон самите себеси, долг кон сите наши предци, долг кон идните генерации.

-Заштитата и негувањето на македонскиот јазик е исто така и обврска не само кон оние чиј мајчин јазик е македонскиот, туку и кон сите оние кои го употребуваат како официјален во независна и самостојна Република Македонија, но и кон сите лингвисти, слависти и македонисти кои го проучувале и изучувале, кон сите преведувачи кои преведувале и преведуваат од или на македонски. На крајот на краиштата тоа е долг кон науката, кон вистината и кон правдата. Затоа во годината Конески, но и во секоја следна како општество, но и како поединци, обични граѓани или претставници на институции да работиме сплотено и одговорно во афирмација и промоција на неговото дело, рече Пендаровски, на промоцијата на која присуствуваа и министерката за култура Ирена Стефоска, генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија" Јани Макрадули и универзитетскиот професор и претседател на Советот за македонски јазик Људмил Спасов.

Директорот на Пошта на РМ верува дека на секој наш сограѓанин, а особено на филателистите ќе им биде предизвик да ја вметнат марката во сопствената колекција.

-За да ја прошириме во целиот свет да стане што повидлива сите да испратиме барем едно писмо, на некому што му недостига, некому што го чувствуваме близок и да ја ставиме поштенската марка со ликот на Конески, особено во ова тешко време, кога корона-пандемијата физички не одделува едни од други, порача Макрадули.

Промоцијата е дел од програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески" која се одвива под покровителство на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука. Стогодишнината од раѓањето на Конески е запишана и во календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам тешко го поднесе поразот на англиската репрезентација во полуфиналето на Светското првенство; Аргентина победи со 2–1 по драматичен пресврт.

Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето

Бекам го следеше натпреварот на стадионот во Атланта во друштво на сопругата Викторија Бекам и нивните деца Ромео, Круз и Харпер, како и девојката на Круз, Џеки Апостел. По последниот свиреж, на лицето му се гледаше длабоко разочарување, додека тој и Викторија, во неверување, си ги држеа главите со рацете.

Англија поведе во 55-тата минута со голот на Ентони Гордон, што предизвика воодушевување кај навивачите, но славјето беше краткотрајно. Аргентина направи целосен пресврт кон крајот на натпреварот и, со головите на Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез, си обезбеди место во финалето.

Особено емотивен момент се случи по завршувањето на натпреварот, кога синот на Дејвид, Круз, му пријде на својот татко и се обиде да го утеши со прегратка. За разлика од претходните натпревари, Викторија Бекам овој пат не ги криеше своите емоции. По водечкиот гол на Англија, таа му скокна во прегратка на сопругот и заедно со него го прослави погодокот.

Нејзината реакција привлече внимание и поради тоа што пред неколку дена таа беше предмет на бројни коментари на социјалните мрежи. Тогаш, многумина забележаа дека таа останала прилично воздржана за време на четвртфиналниот натпревар по голот на Џуд Белингем, а Дејвид Бекам подоцна се пошегува на нејзина сметка, велејќи дека таа „славела во себе“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Држи се за мене“ во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото“

За наградите одлучуваше жири во состав Емили Ришел, Елеонора Венинова, и претседателот на жирито, господинот Мирослав Митиќ. 

„Држи се за мене“ во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото“

Синоќа во Дојран беа прогласени победниците и со доделување на големата награда за најдобар филм на медитеранот, најдобариот режисер на медитеранот, најдобра актерка и најдобар актер на медитеранот, најдобар композитор на оригинална филмска музика на медитеранот, наградата за најдобар кинематографер, и наградата за најдобар краткометражен филм на медитеранот беше затворено петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“.

За наградите одлучуваше жири во состав Емили Ришел, Елеонора Венинова, и претседателот на жирито, господинот Мирослав Митиќ.

Наградата за најдобар филм ја доби кипарскиот „Држи се за мене“ во режија на Мирсини Аристиду, кој беше прикажан на отворањето на фестивалот.

-Наградата се доделува на филм што постигнува исклучителна рамнотежа меѓу раскажувањето, режијата, актерската игра, филмскиот јазик и емоционалното влијание. „Држи се за мене“ („Hold On To Me“) ја претвора интимната семејна приказна во универзално размислување за простувањето, одговорноста и трајната врска меѓу таткото и ќерката. Неговата емоционална искреност, наративна зрелост и уметничка кохерентност го прават најзаокруженото остварување во овогодишната официјална конкуренција, велат од жирито.

Режисерката се обрати со видео порака во која се заблагодари на наградата.

Меѓународното жири му ја доделува наградата за најдобра кинематографија на медитерански филм на Душан Кардалевски за филмот „Кома“.

-Преку внимателно компонирани кадри, суптилно визуелно раскажување и исклучително чувство за атмосфера, неговата кинематографија станува најсилниот уметнички израз на филмот.Оваа награда го вреднува визуелното раскажување што ѝ служи на емоцијата со елеганција, дисциплина и автентичност, рекоа членовите на жирито.

Кардалевски ја прими наградата и посочи дека таа и припаѓа на целата екипа и се заблагодари на Агенцијата за филм, на Фестивалот „Преку езерото“ и на сите чинители кои придонеле за снимањето на филмот.

Наградата за најдобра медитеранска филмска музика му беше доделена на Ѓорѓе Миљеновиќ, познат и како Скај Виклер за музиката во филмот „Кармадона“.

-Неговата музика не е само придружба на сликите, туку суштинска драматична сила што ја обликува атмосферата, психолошката тензија и емоционалниот идентитет на филмот, смета жирито, кое признава дека музичко дело го збогатува кинематографското искуство со оригиналност, чувствителност и уметничка моќ.

Миљенковиќ се обрати со видео порака во која се заблагодари за наградата и истакна дека му е особено драго што награда за музика доби во Македонија.

Наградата за најдобар медитерански краток филм ја доби „Антигона“, кој со извонредна уметничка зрелост, претвора една безвременска класична тема во современо филмско искуство. Преку прецизно раскажување, сигурна режија и емоционална јасност, тој ја демонстрира уникатната моќ на форматот на краткиот филм да истражува длабоки човечки прашања, спојувајќи ја едноставноста со длабочината. Жирито ја препознава „Антигона“ како извонреден пример за филмско раскажување, кој се одликува со уметничка визија, емоционална резонанца и трајно влијание.

Наградата за најдобра медитеранска филмска актерка и припадна на Пламена Гетова.

-Нејзината изведба е извонредна по своето достоинство, емоционална прецизност и длабока човечност.Наместо да портретира болест, таа портретира комплетно човечко суштество чија интелигенција, ранливост и мирна сила остануваат присутни во секој момент од филмот, велат од жирито.

Јаник Рение е награден за изведба што се одликува со извонредна сложеност и уметничка интелигенција.

-Движејќи се со леснотија меѓу сеќавањето, идентитетот и филмската митологија, тој создава лик чија емоционална вистинитост останува впечатлива во рамките на исклучително стилизиран филмски свет, истакнуваат од комисијата и подвлекоа дека неговата изведба демонстрира извонредна прецизност, воздржаност и уметничка сигурност.

Рение посочи дека е многу среќен за наградата и што е на фестивалот „Преку езерото“ кој му овозможи да допатува за прв пат во Македонија.

Наградата за најдобар режисер им припадна на Александар Радивојевиќ за „Кармадона“ и на Бруно Форцањи и Хелен Катет за „Одраз во мртов дијамант“.

-Меѓународното жири му доделува признание на Александар Радивојевиќ за бестрашна и несомнено оригинална режисерска визија. „Кармадона“ демонстрира извонредна уметничка храброст, комбинирајќи жанровско кино со филозофска рефлексија, создавајќи еден сосема свој посебен кинематографски јазик. Оваа награда го слави режисерот чија креативна амбиција ги проширува можностите на современото медитеранско кино. Меѓународното жири, исто така, им доделува признание на Хелен Катет и Бруно Форцани за извонредно достигнување во кинематографскиот режисер. Нивниот филм ја трансформира сликата, ритамот, звукот и меморијата во уникатно визуелно искуство каде што секој кадар одразува целосна уметничка контрола и единствена кинематографски визија, соопшти жирито и истакна дека оваа награда им оддава почит на филмските режисери чие мајсторство на кинематографскиот јазик претставува режија на највисоко уметничко ниво.

Honorable mention од Советот нафестивалот му беше доделена на иранскиот филм „Коцкарот“ за исклучително креативно достигнување вонредни продукциски околности, издржливост и посветеност на филмското совршенство, остварени во особено тешки продукциски услови за време на војната, додека Special mention членовите на жирито му доделија на краткиот филм „Чекајќи го возот“ (Словенија) – режија: Армин Чулик, поради неговата извонредна уметничка сензибилност, суптилното раскажување и склучителната емоционална автентичност.

-Преку својот воздржан филмски јазик и длабокото човечко набљудување, филмот покажува како едноставноста, искреноста и прецизноста можат да создадат траен емоционален впечаток, се вели во одлуката.

Меѓународното жири ѝ додели Honorable mantion на Марија Петрова, за нејзината изведба во која внесува извонредна емоционална искреност, природност и автентичност во филмот, создавајќи лик чие присуство ја збогатува секоја сцена и го зајакнува емоционалното срце на приказната.

Менторoт на работилницата за развој на дипломски и дебитантски краток филм, Дејан Милошевски и директорот на фестивалот на медитерански и балкански филм Јани Бојаџи, го соопшија овогодинешниот добитник на грант за развој и продукција на дебитантски краток филм. Станува збор за филмот на Горан Трифуновски, чие сценариот ќе добие можност да се снима.

Следуваше проекција на краток филм произлезен од работилницата за дипломски или дебитантски краток филм „Нови Бранови“, премиерата на „Аналогни души“ во режија на Марија Грчева синоќа публиката во Амфитеатарот во Дојран ја поздрави со голем аплауз, по што следуваше проекцијата на филмот „Кармадона“ на Александар Радивојевиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бунт на лет на „Рајанер“: Лет од три часа траел речиси 12

Летот на „Рајанер“ од Лондон до Тирана, кој требаше да трае околу три часа, се претвори во речиси дванаесетчасовна агонија обележана со лоши временски услови, принудни пренасочувања, недостиг на храна и пијалаци, како и конфликти меѓу патниците и ек

Бунт на лет на „Рајанер“: Лет од три часа траел речиси 12

Во еден момент, ситуацијата ескалирала дотаму што била повикана полиција во авионот откако тој слета во Грција.

Авионот на Летот RK8288 полета од аеродромот „Лондон Станстед“ на 3 јуни кон албанскиот главен град, но пилотот бил принуден да го измени планот на летот поради лошите временски услови.

Само неколку часа по полетувањето, патниците биле известени дека нема да слетаат во Тирана, туку во Бриндизи, Италија. По слетувањето во Италија, авионот останал на пистата речиси три часа, а патниците тврдат дека во тој период добиле многу малку информации за ситуацијата.

Подоцна, екипажот најавил продолжување на летот кон Тирана; сепак, само десет минути пред планираното слетување, било соопштено дека авионот повторно се пренасочува – овој пат кон Солун, Грција – поради невреме со грмотевици над Албанија, пренесува „Сан“ (The Sun).

Тогаш меѓу патниците завладеало големо незадоволство.

„Тоа беше моментот кога сите изгубија трпение и изби метеж“, изјави еден од патниците за британските медиуми.

Група мажи се собраал пред пилотската кабина и почнала да го повикува пилотот.

„Тој е кукавица. Пилотот треба да излезе и да се соочи со нас како маж“, викаа незадоволните патници.

Поради сето ова во Солун морала да интервенира и полицијата.

По слетувањето во Солун, околу 12 патници побараа да им се дозволи да излезат од авионот. „Не можете да нè задржите овде“, рекле тие. Според патниците, на крајот била повикана грчката полиција, која му препорачала на екипажот да им дозволи на патниците да излезат од авионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер