Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
ЗабаваИзбран најубавиот маж за 2019 , има IQ 181 (ВИДЕО)Британецот Џек Хаселвуд (27) ја понесе титулата најубав маж за 2019 на вчера одржаниот натпревар , на кој учествуваа претставници на уште 70 земји.Освен што е убав , Џек е и исклучително интелигентен со коефициент од 181 , а работи како инженер за авиосообраќај. "Во манекенството можете да запознаете многу луѓе и да стекнете многу пријатели. Тоа е убаво оддалечување од науката што е многу тешка", рече најубавиот маж на светот. View this post on Instagram Great Shoot with #stuwilliamson Please follow Mr World England on Mobstar. Like the pics to vote Download the app. https://mobstar.app.link/jddDercvVY #MrWorld #mobstarofficial #MrWorldEngland #philippines #contest #topman A post shared by Jack Heslewood (@mr.world.england.2019) on Aug 6, 2019 at 12:41am PDT Покрај студиите, Џек со години се занимава со манекенство заедно со своите две сестри, кои исто така се модели. Затоа, логично беше учеството во натпревар кој се одржува на секои две години. View this post on Instagram On Business Class to Manila with 1 short stop in Dubai. #Emirates #MrWorld #MrWorldEngland A post shared by Jack Heslewood (@mr.world.england.2019) on Aug 4, 2019 at 4:24pm PDT Од друга страна, тој од секогаш бил многу заинтересиран за технологијата. "Џек имаше електричен велосипед на возраст од пет години и беше многу заинтересиран за машини и технологија. Веќе во основно училиште, тој беше заинтересиран за науката, постојано дизајнираше скутери и измислуваше плочки за лебдење. Ние постојано се шегувавме дека тој ќе биде иноватор еден ден". рече неговата мајка Кери, фалејќи го својот син дека сака предизвици и авантурите и дека е љубезен, добро воспитан и забавен. Џек е првиот Британец што ја понел оваа титула. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски и Филипче со спротивни ставови за затворањето на предметот со модуларните болнициЗа Мицкоски скандлозна, за Филипче потврда дека како министер работел законски – двајцата лидери со дијаметрално спротивни ставови ја коментираа вчерашната одлука на Обвинителството за затворање на предметот за набавката на модуларните.За Мицкоски скандлозна, за Филипче потврда дека како министер работел законски – двајцата лидери со дијаметрално спротивни ставови ја коментираа вчерашната одлука на Обвинителството за затворање на предметот за набавката на модуларните ковид болници, откако утрвдиле дека нема злоупотреба на службената должност и нема штета на буџетот... Лидерто на СДСМ, побара и извинување од прмеиерот Мицкоски, за, како што рече, петгодишната кампања за ширење на ланижни вести за пожарот во Тетово.. -Јасно кажа, обвинителството нема злоупотреба на службената должност, нема штета на буџетот и тоа го отсликува целокупното мое работење секаде, дали на клиника во интерес на пациентите некорумпирано, така и во рамките на другите функции кои што сум ги имал, се во интерес на граѓаните без никаква штета по никого. Затоа сега барам организираната криминална група ВМРО да се извини. Не мене да ми се извини, да се извини криминалната група и Христијан Мицкоски да се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години си поигруваат со нивните чувства, со нивните емоции и со нивната жал,- изјави – Венко Филипче – Претседател на СДСМ. Но, премиерот Мицкоски смета дека одлуката на ОЈО ГОК отвора дополнителни прашања, особено затоа што предметот е затворен по пет години, а е поврзан со модуларните болници во време на ковид-кризата. Мицкоски вели дека не станува збор за политичка амнестија и дека предметот повторно може да се отвори доколку се појават нови докази. -Сакам јавноста да знае дека ова не е политичка амнестија на тој обвинител кон поранешните негови наредбодавци бидејќи секогаш може да се појават нови детали поврзани со овој процес и секогаш овој процес може повторно да стане актуелен и пред јавноста практично да се покрене од самиот почеток. Многупати сум ги коментирал тие одлуки во рамки на нашиот правосуден систем, за жал една од тие скандалозни одлуки е и оваа,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Предистрагата за набавката на 19 модуларни болници беше отворена во 2021 година, и по речеси пет години вчера беше затворена. За разлика од предметот за набавката на модуларните болници, во одделниот судски процес за пожарот во Тетово има осудителна пресуда. Апелацискиот суд во Гостивар во ноември 2025 година ги зголеми казните за поранешните директори Флорин Бесими и Артан Етеми – од по една и пол година на по три години затвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШест активни пожари низ државата,најсериозен пожарот кај Липковско кој повторно се разгоре На едно место се гасне и става под контрола, на друго место избива нова стихија – жешкото време и засилениот ветер остануваат најголем, непријател на пожарникарите. На едно место се гасне и локализира, на друго место избива нова стихија – жешкото време и засилениот ветер остануваат најголем непријател на пожарникарите. Главен предизвик во моментов е пожарот кој се разгоре во Липковско, во близина на С. Матејче со кој од утринава се води битка и од земја и од воздух. Таму попладнево се упатија три „пинцгауери“ и еден „БТР“ возила со полициска придружба.. А, од утрината активирани се и трите ер-трактори. Директорот на ДЗС – Ангелов вели дека огнот се шири кон населените места, но дека ја држат состојбата под контрола. -Веднаш го нападнавме со трите ер-трактори, во почетна фаза, трите ер-трактори во 9 налети истурија по 9 тона вода, значи 81 тон вода истурени на местото каде што настана овој пожар, се прошири, излезе од контрола, се движи во насока на манастирот над С. Матејче и во насока на С. Матејче, постои денес можност да ги загрози блиските села, но и таму ќе концентрираме доволно луѓе, доволно опрема за одбрана на селата, со тоа што овие села се полни со луѓе и нивната одбрана вообичаена е полесна затоа што немаме толку висока вегетација во самите села,- -Стојанче Ангелов – Директор на ЦЗС . И натаму гори во мариовскиот регион. Пожарникарите таму поминаа уште една тешка ноќ, освен со вода, на огнот му се спротивставуваа и со оган, односно контролиран контра-пожар. А, по неколкудневните деноноќни битки, утрината, додека чекаа да им се исушат униформата и чизмите на сонце, исцрпените пожарникари седнаа во манастирот Св. Ѓорѓи кај С. Дуње Мариовско на домашна супа која сами ја зготвиле. Прашан дали соодветно се справува државата со пожарите – премиерот Мицкоски посочи дека во изминативе две години воспоставен е соодветен систем, зголемена е механизацијата, активирани се сезонски пожарникари, а трите авиони се на располагање и не се сервисираат како во минатото во време на пожари. -Можам да заклучам дека, ако оваа година се спореди со она што се случуваше во Европа, ќе потенцирам, пожарите кои беа во Франција, Шпанија, во соседна Грција, Хрватска, Црна Гора, во соседна Србија ова што последно се случува, ценам како држава дека ние се справивме најдобро до сега,- - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Во измнативе денови активни се и хеликоптерите, па од МВР испратија апел до операторите на дронови да се воздржат, па наместо да ги управуваат леталата во близина на хеликоптерите и да ги снимаат, истите да ги приземјат за да не се загрози екипажот. -Особено нагласуваме дека присуството на дрон во зоната во која дејствува хеликоптер претставува сериозна опасност за безбедноста на летот. Судир на дрон со хеликоптер може да предизвика сериозно оштетување, губење на контролата над воздухопловот и директно загрозување на животот на екипажот, како и на лицата и имотот на земја,- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Пожарот кај Македонски Брод и по неколку дена продолжува да им создава главоболки на пожарникарите, а активен е и оној кај Студеничани. Активирано е жариштето во околината на Крушево, а изби ново и кај Кичево. Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРеакција на ОО СДСМ-Прилеп на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на ПрилепДенешната посета на Христијан Мицкоски на Прилеп имаше само една цел: продолжување на континуираното ширење лаги за „невидените“ успеси на „третата економска сила во Европа“.Ширење на приказната за илјадниците градежни проекти ширум Македонија, изградените стотици километри автопатишта, модерните брзи пруги по кои возовите “летаат“ 200 км на час, незаборавајќи притоа да го спомене и “талогот“ како главен кочничар на економскиот развој и европскиот пат на Македонија. Вршејќи увид во работите на кружниот тек Табана, кој патем речено требаше да биде готов пред 2 месеца, Мицкоски зборуваше и за невидените успеси на градоначалникот Дејан Проданоски, кои постојат само во неговата фантазија и никаде на друго место. Добро е што премиерот дојде во Прилеп, во градот на театарот без театарска куќа, во градот на спортот без спортски сали и со најголемиот спортски бренд во изумирање. Бидејќи само така можеше да се увери во мизеријата од 5-годишното раководење на ДПМНЕ со општина Прилеп. Мицкоски ја пропушти шансата да го посети опожареното Мариово и да види како преморените пожарникари, со несоодветна опрема и механизација, петти ден со натчовечки напори се справуваат со огнената стихија. Да им каже на пожарникарите дека нема да има набавка на нови воздухоплови за гаснење на пожарите, оти приоритет е купување нов авион за Владата. Мицкоски не ги посети ниту реализираните изборни ветувања на градоначалникот Проданоски: обиколниците „Исток“ и „Запад“, новата детска градинка во УЗ „Рид“, реновираната Универзална сала, излетничкиот центар од 30.000 квадратни метри кај село Волково, мултифункционалната сала со 2.000 седишта на местото од „Соколана“, трговскиот центар со забавен парк кај поранешен „Металец“, пешачките и велосипедските патеки на спортско-рекреативниот центар „Вештачко езеро“, адреналинскиот парк кај Старо Лагово... „Грижата“ на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски за економски развој на градот, за подобар стандард на прилепчани, навистина е видлива на секој чекор и во секој сегмент од општественото живеење на граѓаните на општина Прилеп! Центар за комуникации со јавност ОО СДСМ Прилеп Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook