3ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата, СДС, ДУИ и Таравари го штитат со молк
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
ЗабаваИзборот на дезените во позрели години е многу важенЖените на возраст од 50+ ги обожаваат.Освен што се моден дебакл, овие 5 дезени ќе направат да изгледате постаро Иако годините носат мудрост и искуство, многумина од нас сакаат да го задржат својот младешки изглед што е можно подолго. За жал, честопати несвесно правиме грешки при изборот на гардероба, кои прават да изгледаме постари одошто сме. Доколку сакате да го задржите вашиот младешки изглед, внимателно избирајте ја облеката со детали и избегнувајте ги овие дезени. Правилниот избор на дезени може значително да влијае врз целокупниот изглед и впечатокот што го оставате. Овие пет дезени прават да изгледате постаро. View this post on Instagram A post shared by Lyn Slater Ph.D AKA Accidental Icon (@iconaccidental) Претерано цветни детали Случајно расфрланите ситни цветови кои честопати ги има на фустаните и блузите, според стилистите не се погодни за лица постари од 25 г., бидејќи даваат впечаток на незрелост. Ако сакате цветни дезени, изберете од оние со средна големина, никако минијатурни. Големи цветови Стилистката Џени Хернандез Фонсека предупредува дека, слично на микроцветните дезени, и големите цветни дезени може да дадат постар изглед, особено оние со „винтиџ“ естетика. -Големите цветови може да создадат пренатрупан визуелен ефект, да изгледаат застарено. Овие примероци честопати проектираат поконзервативна или традиционална слика, а тоа може да направи да изгледате постаро, вели Фонсека. View this post on Instagram A post shared by Helen Van Winkle (@baddiewinkle) Геометриски форми Геометриските обрасци се обично големи и светли. Како што старееме, контрастот на бои што може да го носиме се намалува, што го отежнува носењето на овие похрабри примероци. Впечатливите форми и острите агли може да изгледаат „премногу остро“, а интензивните контрасти на бои дополнително го засилуваат овој ефект. Апстрактни детали Апстрактните детали честопати се светли бои и необични форми, кои навистина „бодат очи“. Стилистката Елизабет Косиќ советува да ги избегнувате бидејќи можат премногу да доминираат. - Ултрамодерната естетика може да направи една зрела личност да изгледа како да се труди премногу. Ако облечете долг фустан со ваков детаљ, лесно би можело да се случи тоа да биде единственото нешто што луѓето ќе го забележуваат кај вас. Овие мотиви честопати го преплавуваат и го „гушат“ оној што ги носи – објаснува таа. Барокни детали Барокните детали, популаризирани од брендовите како Гучи и Версаче, можат да бидат премногу накитени и неодоливи, особено кога се повторуваат по целата површина на облеката. Сепак, ваквите детали лесно можат да го преплават вашиот изглед. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Кармен свита и Болеро“ вечерва на „Охридско лето“ за љубителите на балетот„Охридско лето“ денеска на репероарот ја нуди балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел во изведба на Опера и театар „Мадленијанум“ – Србија.Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот и 30 минути. Балетот „Кармен свита“ претставува адаптација на познатата опера на Бизе, „Кармен“, раскажувајќи ја страсната приказна за неограничената и предизвикувачка Кармен, симбол на слободата и неизбежната судбина. Потпирајќи се на виртуозната музика, кореографот Александар Илиќ гради нова кореографска динамика во која силата и емоцијата се испреплетуваат во моќен сценски израз. „Болеро“, едно од најпрепознатливите музички дела на 20 век, во визијата на Илиќ станува хипнотички танцов спектакл. Постепеното интензивирање на ритамот и енергијата, која ја карактеризира композицијата на Равел, преточено е во кореографија со постојана напнатост, повторување и незапирлив раст на драматичноста. Насловната улога на Кармен ја изведува Гала Јовановиќ, солистка на Виенската државна опера, улогата на Дон Хозе ја игра Александар Полупанов, улогата на Ескамиљо ја игра Тома Крижнар, улогата на Цунига ја игра Никола Бјанко и улогата на Судбината ја игра Феодора Грујиќ. Во „Болеро“ главен солист е Огнен Вучиниќ заедно со Катарина Буќиќ, Јована Грујиќ, Владимир Чубрило, Катарина Илијашевиќ и ансамбл од играчи.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата, СДС, ДУИ и Таравари го штитат со молкВалбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност. Токму тоа е суштинската разлика меѓу политичарите кои преземаат одговорност и оние кои секогаш бараат изговори. Кога целиот град е погоден од ваков сериозен проблем, граѓаните не очекуваат оправдувања, туку отчетност. Ако градоначалникот не е одговорен за работата на луѓето што самиот ги поставил да раководат со јавните претпријатија, тогаш кој е? Дополнително загрижува молкот на СДС, ДУИ и Таравари. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, тие избраа да молчат. Очигледно, кога станува збор за нивни функционер, стандардите се менуваат, а принципите исчезнуваат. Никој не смее да биде заштитен од политичка или институционална одговорност. Ги повикуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, без селективност и без политички калкулации. Граѓаните на Гостивар заслужуваат одговорност, а не ароганција, заслужуваат градоначалник кој ќе стои зад своите одлуки. Оттука, сметаме дека моралната одговорност и политичките последици за Валбон Лимани се неизбежни доколку сака да покаже почит кон граѓаните на Гостивар. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаВтор ден од посетата на индиската претседателка- ќе ги посети Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје и ОхридПретседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје.Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во стариот град на Охрид. Вчера, на првиот ден од посетата на индиската претседателката заедно со владината и бизнис делегацијата, на средба во Вила Водно со Сиљановска Давкова, ги потврдија пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија. Ова е прва посета на индиски претседател на државава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33