БалканИзбори во Истанбул - Може ли Ердоган повторно да изгуби? Гласачките места во Истанбул се отворени и милиони гласачи ќе изберат нов градоначалник во контроверзниот реизбор откако беа помништени од резултатите на изборите во март кога победи опозицијата.Екрем Имамоглу од секуларната Републиканска народна партија (ЦХП) на локалните избори го победи Бинали Јилдирим (63) од владејачката Партија на правадта и развојот (АКП), со 729 гласови .Врховниот изборен совет на 6 мај го поништи гласањето на барање на исламско-конзервативната АКП , од каде се повикаа на незаконитост и побараа повторно гласање. Имамоглу беше принуден да ја напушти функцијата по 18 дена во градоначалничката фотелја. Тој вети дека повторно ќе победи, а разочарани поддржувачи велат дека "сè ќе биде во ред", што стана ново мото за кампањата на ЦХП. Тој вети дека ќе ги обелодени деталите за "кражби" и "корупција" во претходната градска администрација под власта на АКП на Ердоган. Одлуката на Врховниот изборен совет, предизвика мирни протести во овој 16 милионски град. АКП на изборите во март доживеа изненадувачки загуби во клучната трка за градоначалник во главниот град Анкара и на Истанбул , каде 25 години беше на чело на градската управа. Овие избори се особено важни за Ердоган. Тој е роден во работничкиот кварт Касимпаша во Истанбул. Ова е градот каде што почна неговата политичка кариера како градоначалник. Тој повеќе пати изјави дека оној што го изгубил Истанбул - ја изгубил Турција. Аналитичарите велат дека, без оглед на исходот, Истанбул не избира само нов градоначалник, туку ја воспоставува идната насока на земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. -Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter