Изборен молк – гласаат болните и немоќните, лицата во старските домови - Канал 5

Изборен молк – гласаат болните и немоќните, лицата во старските домови

Додека земјава е во изборен молк пред утрешниот изборен ден, првите ливчиња во гласачките кутии традиционално ги спуштија лицата во старските домови и болните и немоќни лица.

Изборен молк – гласаат болните и немоќните, лицата во старските домови

Со нивното гласање започна вториот круг на осмите по ред локални избори во земјава.

Во домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани изборниот ден започна рано изутрина. Членовите на избирачките одбори заедно со претставници на ДИК го донесоа избирачкиот материјал, по што гласањето започна навремено...Од избирачкиот одбор велат дека процесот се одвива во најдобар ред без никакви проблеми.

- Процесот започна навреме во 7 часот наутро се е во ред до сега и се надевам дека и понатаму ќе биде во најдобар ред до крајот. - Таска Китановска Велковка – претседател на избирачки одбор

Во вообичаено тивките ходници на домот за стари лица, денеска радзвижено, а гласачите трпеливо го чекаа својот ред.

- Зад камерата на Канал 5 од овде од новиот градоначалник побараа подобри услови пред се за младите. Тие порачуваат тој својата работа да ја работи чесно и транспарентно, меѓутоа велат да не ги заборави и старите и изнемоштени лица и да обезбеди подобри услови во старечките домови ширум земјата.

Покрај во старските домови, гласачките кутии пристигнаа и низ домовите на болните и изнемоштените лица.

Тие со претходна регистрација со соодветна медицинска документација, а потоа и одобрение од Државната изборна комисија добиваат можност нивниот глас да го дадат на домашна адреса.

Според податоците од Државната изборна комисија право на глас имаат вкупно 214 лица сместени во 13 центри за вон семејна грижа како и 4.826 болни и изнемоштени лица, од кои според комисијата најмногу се пријавени во Кичево или 823.

Резултатите од денешното гласање нема да се бројат и нема да бидат објавени веднаш, туку заедно со останатите резултати во недела.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“.

„Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата.

Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира

Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети.

„Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата.

„Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата.

Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје

Филхармонијата беше домаќин на музички спектакуларчен концерт насловен „Мозаико Медитерано“ на грчката лирска сопранистка Марија Костраки и ансамблот предводен од виолинистот Андонис Сусамоглу.

Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје

Настанот во организација на Амбасадата на Грција понуди уникатен спој на медитерански музички традиции, со посебен фокус на творбите на познатиот композитор Манос Хаѕидакис.

Пред полната голема сала и покрај големиот интерес, концертот помина во преубава атмосфера, воодушевувајќи ја публиката која уживаше во врвните изведби...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија .

Зеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија и дека понатамошните одговори, односно целите за напади со долг дострел, веќе се утврдени.

„Благодарен сум на секоја единица за нивната прецизност и на сите наши одбранбени и безбедносни сили на Украина за систематската природа на украинските напади со долг дострел. Операцијата против руската индустрија за рафинирање на нафта продолжува, како одговор на руските напади врз украинските енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Зеленски додаде дека електраните, енергетските мрежи, снабдувањето со топлина, снабдувањето со вода и цивилната логистика на територијата на Украина се под постојани напади од руски беспилотни летала и ракети „Шахид“, и дека Русија не ја менува природата на своите агресивни активности и дека ги напуштила чекорите за деескалација за кои зборуваа партнерите и дека планира понатамошни напади.

Тој рече дека искуството од хуманитарната операција во градот Олешки, кој е под руска контрола, во југоисточна Украина, каде што кон крајот на октомври беше воспоставено локално примирје за неколку дена за хуманитарни активности, покажува дека ако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја запре војната, може да дојде до смирување.

„Украина не треба да биде убедена дека е потребен мир што е можно поскоро. Ние го сакаме тоа. Русија треба да одлучи дека времето за војна е завршено. Нашите напади со долг дострел, нашите напади со среден дострел, како и целиот притисок од партнерите врз Русија поради оваа војна, тоа е она што создава мотивација за вистински преговори“, нагласи Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер