ИВЗ на 12 мај ги отвора џамиите

Џамиите од вторник ги отвораат вратите за верниците. Ваквата одлука ја донесе Ријасетот на Исламската верска заедница вчеравечер на вонреден состанок.

Пред помалку од два месеци реисот Сулејман Реџепи рече дека молитви во џамиите нема да има поради пандемијата, но сега од ИВЗ велат дека има подобрување на здравствената состојба во земјава и затоа им дозволуваат на верниците да ги исполнуваат колективните религиозни обичаи. За ова побараа разбирање од државните институции.

-ИВЗ уште од првите денови на пандемијата на КОВИД-19 се грижи да го заштити здравјето на граѓаните и ги прифати препораките и сугестиите на државните здравствени институции и базирано на исламските принципи, одлучи да ги суспендира колективните молитви во џамиите. ИВЗ беше единствената религиозна институција во земјава која јавно ги повика своите верници да ги следат препораките за заштита на јавното здравје.-ИВЗ

Пред еден месец реисот Сулејман Реџепинајави дека ќе се случи вакво сценарио доколку не добие од Владата финансиска помош за вработените во ИВЗ, и дека со повлекување на забраната за посета на џамиите - земјава може да стане Бангладеш. Но, од ИВЗ велат дека најновата одлука е донесена според проценките за состојбата со вирусот.

Министерот Венко Филипче денес разговарал со верските поглавари од кои побарал да ја почитуваат забраната за собири и ги вели дека секое прекршување независно од која институција доаѓа, треба да биде санкционирано.

Од Македонската православна црква,за Канал 5 велат дека засега не размислуваат за отворање на вратите на храмовите, бидејќи се уште постои опасноста од корона вирусот и препораките од стручните лица треба строго да се почитуваат.

v

Проблеми за земјоделците – лош е откупот на пролетната зелка

Катастрофална е состојбата со откупот на пролетните зелки годинава. 

Годинава е катастофална состојбата со откупот на пролетната зелката. Во струмичкиото регион каде и најмногу се сади оваа култура секоја втора нива стои со неоткупени зелки кои скапуваат.

Во време кога во светот борбата за храна е се поголема во земјава скапуваат и пропаѓаат илјадници тони на свежа храна во која е инвестиорано од земјоделците и со мака и труд е сработено за на крајот да гледаат како пропаѓа оваа храна.

Причината за слабиот откуп е тоа што секаде во регионите каде извезуваме, годинава заради топлата пролет се роди зелка во големи количини. Проблемите со откупот уште на почетокот може да се насетат кога за само неколку дена од 30 денари откупната цена падна на 15 па на 12 и на крајот најдолг период да се задржи на 8 денари за килограм со најави дека ќе оди и до 6 денари за килорам. Со тие пари земјоделците намаат сметка да ги платат аргатите за берба а камоли да ги извадат вложените пари заради што и се одлучуваат да ја остават да скапува по нивите.

Вакви проблеми со откупот имаше и пред две години па како и тогаш така и сега од министерството за земјдоелство најавија дека ќе доплатат одредена сума од интервентиот фонд за да им се помогне на земјоделците.

Но апелот од земјоделците е да се одбере правилен модел при доделувањето на помошта бидејќи ако се оди како преклани со надополна од неколку денари на откупената зелка тогаш нема да бидат опфатени околу 60 до 70% од земјоделците на кои зелката им остана по нивите. Пролетаната зелка во струмичкиот регион секоја година ја има се повеќе како излезно решение да не остануваат нивите празни бидејќи производителите имаат сериозни проблеми со конкурентноста и увозот по дампинг цени на домати и краставици од соседна Албанија.

Бауш: Новата влада прво мора да се фокусира на домашните реформи

Новата влада прво мора да се фокусира на домашните реформи.

Новата влада прво мора да се фокусира на домашните реформи, одржување на ниско ниво на инфлација, и да биде потранспарентна со трошењето на јавните средсва – оценува економскиот аналитичар Абил Бауш....

Со Бауш разговараше Сандра Спасовска.

Дел граѓаните имаат големи очекувања од новата претседателка Сиљановска - Давкова

Граѓаните, барем оние кои зборуваат пред камерата на Канал 5 кажаа дека имаат големи очекувања од новата претседателка.

Граѓаните, барем оние кои зборуваат пред камерата на Kанал 5 кажаа дека имаат големи очекувања од новата претседателка, а дали тие се оправдани или не покажело времето…

притисни ентер