Иванов оствари средба со претседателот на бугарското Собрание, Карајанчева

Претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на бугарското Собрание Цвета Карајанчева на денешната средба во Софија разменија информации за процесот на имплементација на Договорот за добрососедство.

Претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на бугарското Собрание Цвета Карајанчева на денешната средба во Софија разменија информации за процесот на имплементација на Договорот за добрососедство и беше поздравена динамиката на соработка и преземените и иницијативи и активности од страна на двете држави.

Македонскиот претседател изрази надеж дека двете земји ќе продолжат да соработуваат на промоција на заедничките интереси во регионот и дополнително ќе ја унапредат билатералната соработка.

На средбите беа разменети мислења за актуелните случувања во двете земји и за европските и евроатлантските перспективи на Република Македонија во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ и Самитот на НАТО.

Претседателот Иванов го поздрави успешното претседавање на Република Бугарија со Советот на ЕУ, истакнувајќи дека Република Македонија високо ја цени поддршката од Бугарија за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, додавајќи дека политиката на проширување на ЕУ, останува најефикасниот инструмент за гарантирање на мирот, стабилноста и просперитетот во Западен Балкан.

Иванов ја реафирмираше определбата на Република Македонија за најдобри можни односи и соработка со сите соседи и се заблагодари за поддршката од Бугарија во овој исклучително важен период за нашата земја. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер