ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
МакедонијаИванов: Денешниот свет се соочува со криза на системите и на значењата Денешниот свет се соочува со криза на системите и на значењата, наша задача е да го преосмислиме меѓународниот поредок.Во време кога старите идеи веќе не се доволни, да се слушнат новите гласови не е само прашање на интелектуална правда, туку и на опстанок. Нам ни е потребна генерација која умее да живее со сета сложеност и комплексност која ја имаме денес. Да мисли со емпатија и да дејствува со визија. Таква генерација ќе може да изгради нов поредок, не како повторување на старото, туку како автентичен одговор на нашето време. Ако не учиме од минатото, ќе го повторуваме, ако не ја изградиме иднината, ќе ја изгубиме, порача поранешниот претседател Ѓорге Иванов на денешната конференција „Дијалог за единство и мир: Сеќавање на минатото, обликување на иднината“. Конференцијата е организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Алумни асоцијацијата Иванов Школа за млади лидери (ISLAA), а се одржува во Скопје. Според Иванов, историјата не учи дека цивилизациите не бираат кога ќе ја изгубат моќта, туку кога ќе ја изгубат способноста да слушаат. Тој е на ставот дека светот бара реформа на институциите, од Обединетите Нации, Меѓународниот монетарен фонд, Светската трговска организација, затоа што тие мора да ја одразат реалноста на мултипоралниот свет. - Си го поставуваме прашањето, дали живееме во свет ослободен од војни, неправди и страв или пак историските грешки повторно ни се закануваат? Дали визијата на победниците од 1945 година веќе почнува да избледува? Очигледно е дека војните не исчезнаа. Тие само ја сменија својата форма. Станаа потивки, но постојани. Од Кореа до Виетнам од Југославија до Сирија, од Украина до Блискиот Исток, конфликтите продолжуваат. Денес сме сведоци на нови геополитички тензии, на судири што не потсетуваат на стари опасности, рече Иванов. Тој е на ставот дека за жал, не изградивме свет без војни и дека живееме во свет кој повеќе не е еднополарен, но кој се уште се прашува каков сака да биде. Во оваа противречност, како што рече, се наоѓа нашата задача, да го преосмислиме меѓународниот поредок, да создадеме рамка во која цивилизацијата секоја култура и секој народ ќе се чувствува слушнат, признаен и одговорен. - Токму ова е и улогата на Алијансата на цивилизациите. Денешниот свет се соочува со поликриза. Не само како криза на системите туку и на значењата. Тоа е сигнал дека старите парадигми се исцрпени, дека доминантниот светоглед не само што не нуди решенија, туку и сам создава нови проблеми. Се чувствува недоверба, замор па и отпор кон западната визија за светот. Но, во тој вакуум се појавуваат нови идеи, мислења и движења, додаде Иванов. Како што додаде, и од Западот и од незападниот свет, се појасно се слушаат гласови кои бараат порамноправен, поетички и поинклузивен свет. - Овие мислители не повикуваат на конфронтација, туку на дијалог. Дијалог не само како културна размена за елитите, туку како политичка нужност. Дијалог, кој признава дека светот веќе нема само еден центар. Дијалог, кој гради плурална коалиција на визии за човечкото достоинство. Зошто е ова важно? Затоа што постојниот модел на хегемонија, културна доминација и економска нерамнотежа е веќе во криза. Затоа што светот бара реформа на институциите, од Обединетите Нации, Меѓународниот монетарен фонд, Светската трговска организација, затоа што тие мора да ја одразат реалноста на мултипоралниот свет, рече Иванов. Според него, ако сакаме свет со повеќе гласови, мора да прифаќаме и туѓи вистини. Мора да ја напуштиме логиката на цивилизациската конкуренција и да прегренеме свет на логика за нашата заедничка судбина. Академик Катица Ќулавкова е на ставот дека кога се радикализираат идентитетските конфликти, всушност се актуелизира некој облик на културен хегемонизам и територијален неоколонијалинизам. -Нарцистичките наративи се злоупотребуваат за политички цели, со хегемонистичка главно и колонијална позадина. Тие се сериозна индиција за важни геостратешки и геополитички претензии. Ирационалните вербални ривалства завршуваат често со жестоки конфликти, со културоцид и етноцид, па и геноцид некаде, и во крајна линија со ревизија на постојната геополитичка мапа на даден регион, додаде Ќулавкова.Тагови: Обединетите нации Ѓорге Иванов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter