Италијанските прволигаши со нови проблеми , клупските доктори се закануваат со штрајк

Иако подготовките на италијанските прволигашки екипи за продолжување на Серија А ќе започнат во понеделник, сеуште не е познат точниот датум на првите натпревари, ниту се утврдени протоколите во случај на позитивни тестови.

Овој втор проблем им пречи на докторите на италијанските клубови, кои се плашат дека ќе бидат одговорни доколку избувне епидемија во нивниот клуб. Затоа подготвуваат писмо до италијанската федерација во кое бараат заштита и конкретни одговори.

Амедео Балдари, доктор на Сампдорија, каде што беа регистрирани четири нови случаи на коронавирус меѓу играчите минатата недела, бара од федерацијата да ги слушне пред да донесе контроверзни одлуки.

„Пред да стапиме во екстремни ситуации како штрајкови или масовни оставки, бараме да бидеме слушнати“, рече Балдари за „Кориере дела Сера“.

Лекарите бараат од федерацијата законски да ги заштити дека не превземат одговорност за новите случаи на коронавирус во клубовите. Тие се само советници во клубовите и не донесуваат директни одлуки кои можат да имаат опасни последици.

„Протоколите за обука мора да бидат прецизни, јасни и остварливи во спроведувањето. Во спротивно, ќе биде тешко да се преземе одговорност за новите заразени“, изјави докторот од еден од италијанските прволигашки тимови за агенцијата АНСА.

Лекарите инсистираат на тоа дека од нив не се бара да сторат ништо надвор од нивната експертиза и не сакаат да бидат одговорни ако протоколот е нејасен, наведувајќи ги како пример минималните мерки пропишани за дистанцирање во соблекувалните.

притисни ентер